Connect with us
no baners

Банки

Бројни поволности од НЛБ Банка за кредитите за физички лица во следниве два месеци

Објавено

на

Почетокот на школската година носи радост и еуфорија кај учениците,  но истовремено е и период кога повеќето од нас размислуваат за некаква промена. Дали е тоа нов автомобил, реновирање на станот, купување нов стан, или пак патување на омилената дестинација, сите имаме различни желби, приоритети и очекувања.

Затоа НЛБ Банка креираше впечатлива понуда за сите потенцијалните баратели на кредити, олеснувајќи им го кредитниот процес и овозможувајќи поголема достапност на сите кредити.

Во период од 1 септември до 31 октомври сите кои ќе аплицираат во НЛБ Банка за станбен, потрошувачки, хипотекарен или автомобилски кредит добиваат единствена можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на недвижност за кредитите со обезбедување на недвижен имот. Постапката за одобрување е брза и едноставна.

Потрошувачките кредити во НЛБ Банка се одобруваат само со лична карта, без дополнителна документација, со една посета на експозитура или пак со само неколку клика во апликацијата за мобилно банкарство за целосно автоматизираниот мобилен кредит, во износ до 10.000 евра.

За станбените кредити, Банката нуди до 10 години фиксна каматна стапка, како и можност за бескаматен кредит за опремување на домаќинството, во соработка со Нептун Македонија. Воедно,  на клиентите на располагање им е и широката понуда на градежни компании – сораборници со кои се обезбедени поповолни услови за кредитирање.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600

Банки

НОВО – Испраќај пари директно и веднаш со Visa Direct и мБанка на Комерцијална банка

Објавено

на

Следејќи ги најсовремените трендови и софистицирани потреби на клиентите, Комерцијална банка со гордост ја претставува новата услуга Visa Direct за префрлање пари на лесен и брз начин на Visa дебитна картичка. Оваа дигитална услуга, со која парите се испраќаат директно и веднаш, сега станува достапна во Македонија преку глобалната платформа Visa и мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка.

Со Visa Direct им овозможуваме на корисниците на мБанка да ги движат парите брзо, лесно и сигурно – директно од платежна сметка во денари на Visa дебитна картичка.

Новата дигитална услуга веќе е достапна во мБанка на Комерцијална банка. Со Visa Debit од Комерцијална банка и со регистрирање за Visa Direct, клиентите добиваат можност за примање пари директно на нивната дебитна картичка. Секој корисник на мБанка со можност за вршење трансакции може да ја користи за испраќање пари на Visa дебитна картичка издадена од која било банка во земјата.

Парите пристигнуваат во рок од неколку секунди и веднаш се достапни за користење, каде и да се наоѓаат испраќачот или примачот.

Услугата е бесплатна за префрлање пари на Visa Debit издадена од Комерцијална банка, а во промотивниот период до 30 септември 2025 година и за трансфери кон Visa дебитни картички издадени од други банки во земјата.

Visa Direct значи можност за брзо и едноставно префрлање пари на роднина, пријател или соработник кога сакаш и каде сакаш. Со оваа иновативна услуга, Комерцијална банка како лидер во дигиталната трансформација на платежните системи во земјата обезбеди уште една поволност која го олеснува секојдневието на клиентите и им заштедува време и пари.  

Остануваме посветени на развој на решенија кои им овозможуваат на нашите клиенти привилегија да располагаат со своите средства 24/7 со уште поголема слобода и врвно корисничко искуство.

Регистрирај се во мБанка, испробај ја Visa Direct и движи ги парите брзо кога сакаш и каде сакаш.

Повеќе информации за услугата се достапни на следниот линк

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Објавено

на

Според податоците од  платежната статистика на Народната банка,  и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.

Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност.

Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.

И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1%), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6%).

Овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

До објавените податоци може да пристапите на следнава врска: Платежна статистика на Народната банка.

Продолжи со читање

Банки

Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

Објавено

на

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност. 

Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство. 

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените. 

Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Продолжи со читање

Популарно

no baners