Connect with us

Банки

АНТОНИО АРГИР СО УШТЕ ЕДНА ВИСОКО-РАКОВОДНА ФУНКЦИЈА ВО НЛБ ГРУПАЦИЈАТА – ќе биде и претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина

Објавено

на

Антонио Аргир, еден од најпознатите банкари во Македонија и поранешен претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, презема уште една високо-раководна функција во рамките на НЛБ Групацијата. Антонио е член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана, а дополнително е именуван и за Претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина.

Аргир ја објави својата нова дополнителна функција како Претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина преку социјалната мрежа LinkedIn. Оваа нова позиција е продолжение на неговата успешна кариера во НЛБ Групацијата.

„Среќен сум што можам да споделам дека започнав нова позиција како претседател на Бордот на директори во НЛБ Банка Приштина“, објави Антонио Аргир на социјалната мрежа Линкдин.

Аргир ја започна својата кариера во НЛБ Банка Скопје во 1999 година и значително напредуваше, достигнувајќи ја највисоката позиција претседател на Управниот одбор во 2016 година. Под негово раководство, банката забележа значителен раст во сите сегменти, особено во однос на профитабилноста и дигитализацијата на услугите. За време на неговото раководење, акциите на НЛБ Банка Скопје се зголемија за петкратно, што ја направи банката лидер во иновации и финансиска стабилност.

Неговата успешна работа беше забележана од раководството на НЛБ Групацијата, по што беше назначен за член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана.

Како што објави НЛБ Групацијата во јануари 2022 година, Антонио Аргир, поранешниот генерален директор на НЛБ Банка АД Скопје тогаш и официјално стана нов член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана. Банката тогаш ја извести Словенечката берза дека се одржал состанок на Надзорниот одбор, на кој беа назначени тројца нови членови на Управата, а меѓу нив и Антонио Аргир.

Аргир има петгодишен мандат во Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана, а паралелно со таа функција во моментов ќе ја извршува и функцијата претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина.

Банки

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ

Објавено

на

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон, САД. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката Емилија Нацевска. Во рамките на Годишните средби, гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Нацевска ќе одржат состаноци со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски институции.

Економските состојби и предизвиците од неколкуте кризи во изминатиот период, економските проекции, монетарната политика, заложбите за поддршка на зеленото финансирање и за справување со влијанието на климатските промени се дел од темите коишто ќе бидат обработени на предвидените работни средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со Жероен Клик, кој ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај, кој ќе ја преземе функцијата алтернативен извршен директор. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средби и со претставниците на одделите за статистика и за монетарните и капиталните пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на кои ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Делегацијата ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка, Шаочинг Ју, директорка на Светската банка за Западен Балкан и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки разговараат и соработуваат за повеќе суштински теми, како намалувањето на сиромаштијата, меѓународниот економски развој и финансии, развојот на човечкиот капитал и зајакнувањето на отпорноста и одржливоста.

Продолжи со читање

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 23 октомври 2024 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 23 октомври (среда) поради прослава на Денот на Македонската револуционерна борба.

На 24 октомври експозитурите и филијалите на Банката продолжуваат со редовно работно време.

Комерцијална банка ги известува своите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино, Прилеп и во Охрид.

Продолжи со читање

Банки

Шпаркасе Банка беше Premium спонзор на овогодинешниот Балкански економски форум (BEF)

Објавено

на

Балкан Економик Форум – БЕФ се одржа во Загреб на 18 октомври 2024 година.

Шпаркасе Банка беше горд Premium спонзор на овој настан.

Овогодинешниот форум собра лидери и иноватори од Балканот и Европа, кои разменуваа идеи и искуства за справување со регионалните економски предизвици и промовирање на одржлив раст.

Фокусирајќи се на стимулирање на зелениот раст и транзиција, Балкан Економик Форум – БЕФ вклучи четири панели: Циркуларна економија, Иновации и претприемништво, Отпорност на климатски промени и Чиста енергија.

На конференцијата учествуваа врвни експерти од 12 земји членки на Централноевропската иницијатива. Крајната цел на Здружението за регионален развој е да стане платформа за споделување идеи и предлози за решавање на најголемите економски предизвици на Балканот, поддржувајќи ги напорите на владите за одржлив економски раст, регионална соработка, мир и безбедност.

Продолжи со читање

Популарно