Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Службата за кредитни ризици за големи и средни претпријатија во рамки на Секторот за кредитни ризици го зајакнува својот тим на успешни професионалци.

Доколку сакате да бидете дел од тимот и имате амбиција за унапредување на активностите во сегментот на управување со кредитни ризици за корпоративни клиенти, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Финансиски аналитичар

Улога во тимот:

  • Квалитетно управување со кредитните ризици во Банката, како и почитување на минимални стандарди и методологија за бонитетна класификација и почитување на законски прописи од областа;
  • Прибирање и проверка на комплетна документација, анализа и проценка на финансиските извештаи и проекциите на готовински текови на правни лица;
  • Утврдување на бонитет на правни лица, давање на предлог мислење за пласмани како и коодлучување за пласмани заедно со релевантните сектори.
  • Следење на законската регулатива од областа на управувањето со кредитни ризици, Мерила и постапки за одобрување на пласмани во НЛБ Групација и Стандарди од областа на ризиците на ниво на НЛД ДД;

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование, Економски факултет;
  • Минимум 2 години работно искуство во сегментот на кредитни ризици;
  • Претходно искуство во сегментот на кредитирање на правни лица и/или познавање на сметководствени практики; стандарди ќе се смета за предност;
  • Познавање и толкување на основните финансиски извештаи на претпријатијата (биланс на успех, биланс на состојба), како и познавање на концептот на готовински тек и неговите клучни двигатели;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV), најдоцна до 19.02.2024 година на: NLBKariera@nlb.mk, со назнака за Финансиски аналитичар – Сектор за кредитни ризици.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Вицегувернерката Нацевска: Продолжуваат активностите на Народната банка за развивање на домашниот финансиски пазар

Објавено

на

„Ефикасното спроведување на монетарната политика, покрај од мерките на Народната банка, во голем дел зависи и од функционалноста и натамошниот развој на домашните финансиски пазари, меѓу кои девизниот пазар има клучна улога. Оттаму, Народната банка продолжува со активностите за натамошно унапредување и развивање на домашниот девизен пазар и во таа смисла, искажуваме поддршка за иницијативите и активниот придонес на домашните банки. Во тој процес, нашата институција ја одржува активната соработка со сите релевантни банкарски здруженија, со деловните банки и со сите останати чинители, заради натамошно унапредување и развивање на домашниот финансиски пазар“, порача вицегувернерката Емилија Нацевска во обраќањето на 29-тото годишно собрание на Здружението на финансиски пазари – АЦИ коешто се одржа во Струга.

Во обраќањето, вицегувернерката Нацевска нагласи дека Народната банка постојано работи на унапредување на ценовната транспарентност и натамошно продлабочување на домашниот девизен пазар. „За задржување на професионализмот и за усогласување со најдобрите меѓународни практики, се разгледуваат можностите за прифаќање на глобалниот кодекс за девизниот пазар (FX Global Code), како во Народната банка, така и од страна на банките. Оттаму се и очекувањата дека АЦИ Македонија и Министерството за финансии ќе продолжат со активната соработка за примена на договорот ИСДА на домашните пазари, како можност за подобро интегрирање и достапност на деловните банки до странските финансиски пазари, во склоп на проектот финансиран од ЕБОР за приспособување на домашната правна рамка за деривати и репо-договори со меѓународната практика“, порача Нацевска.

Поволните движења на девизниот пазар коишто беа забележани минатата година се резултат на нормализирањето на побарувачката на девизи од енергетскиот и од останатите водечки корпоративни сектори, а значителен придонес има и натамошното зголемување на понудата на девизи од физичките лица, што е силен сигнал за довербата во домашната валута. „Ваквите позитивни движења на девизниот пазар изминатата година придонесоа за релативно обемни интервенции на Народната банка за откуп на вишокот девизни средства од банкарскиот систем, коишто беа близу до рекордните нивоа пред пандемијата“, кажа вицегувернерката Нацевска. Поволните трендови на домашниот девизен пазар и на почетокот на тековната година влијаат поволно врз нивото на девизните резерви. Со тоа, според сите релевантни меѓународни одредници, показателите за адекватноста на девизните резерви се постојано во сигурната зона, гарантирајќи ја стабилноста на курсот на домашната валута.

Продолжи со читање

Банки

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Објавено

на

Препознавајќи ги предизвиците со кои се соочуваат жените во бизнисот, ПроКредит Банка воведе сеопфатен бизнис пакет создаден да го зацврсти и поддржи растот на малите и средни претпријатија коишто се управувани од жени или се во нивна сопственост.

Програмата Women in Business е креирана во соработка помеѓу ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а има за цел да им ги обезбеди на жените претприемачи потребните ресурси за да ги надминат предизвиците во бизнисот и да го реализираат својот целосен потенцијал.

Статистиките покажуваат дека жените во Македонија поретко се одлучуваат да започнат сопствен бизнис споредено со мажите, а најголем процент на бизнисите кои се основани од жени, се микро бизниси со големина до пет вработени. Тоа е доказ дека потенцијалот на жената како претприемач е недоволно препознаен и искористен во земјава. Од друга страна, истражувањата покажуваат дека жените како раководители се повеќе склони кон градење тим, структура и долгорочна стабилност за компанијата, квалитети кои се потребни во македонското претприемништво.

Од ПроКредит Банка нагласуваат дека жените претприемачи се соочуваат со низа предизвици, вклучувајќи ја родовата пристрасност, ограничениот пристап до финансии и недостатокот на приспособени производи и можности за вмрежување. За нив, пристапот до финансии е од суштинско значење за инвестирање во нивниот бизнис и постигнување на нивните деловни цели. За таа цел, ПроКредит банка креираше комплетна понуда, специјално дизајнирана да одговори на нивните потреби.

„Поддршката на жените во претприемништвото е клучнa за создавање одржлива и инклузивна економија. Охрабрувањето на повеќе жени да заземат претприемачки и лидерски позиции не е само прашање на промовирање на родовата еднаквост, туку и на женското претприемништво кое може дополнително да придонесе за развојот на економијата во нашата држава. Преку оваа иницијатива, жените претприемачи имаат можност да добијат олеснет пристап до кредити без потреба од хипотека, со флексибилни рокови на отплата и грејс периоди. Со тоа им обезбедуваме пристап до финансиски ресурси со услови специјално креирани да одговараат на нивните бизнис планови. Секоја жена сопственик на бизнис ќе има свој банкарски советник, кој со стручни насоки и поддршка ќе помогне и поттикне раст и развој на бизнисот“ – изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

Програмата Women in Business опфаќа и целосен пакет на банкарски услуги приспособени да ги задоволат потребите на жените претприемачи, од решенија за целосно дигитално банкарство до кредитни картички, како и пристап до работилници, менторство и настани за вмрежување, овозможувајќи поврзување со истомисленици и проширување на своите професионални мрежи.

Александра Вукосављевич, Директор на финансиски институции, Западен Балкан, ЕБОР, изјави: „Женското претприемништво игра клучна улога во создавање работни места и поттикнување на економскиот раст. Ние цврсто веруваме во тоа дека создавањето еднакви можности за жените во бизнисот не е само прашање на родова еднаквост, туку и економски приоритет. Затоа во земјите каде што работиме ги поддржуваме жените претприемачи да ги остварат своите цели и да бидат повеќе инволвирани во бизнис заедницата“.

Родовата еднаквост, инклузивноста и еднаквите можности се принципи во ПроКредит Банка поставени уште од нејзиното основање и остануваат основни темели на нивната корпоративна култура до ден денес. Потврда за тоа е 84% учеството на жени на раководителски позиции што е далеку повисоко во однос на просекот во банкарскиот сектор. Овој факт сам по себе зборува дека на жените не им е дадена само шанса да се вработат, туку и можност за развој, кариера, напредување и вреднување на нивниот труд. Преку промоција на овие вредности и надвор од институцијата, преку поттикнување инклузија и женско претприемништво во локалната економија, банката има за цел да придонесе кон креирање работни места и стимулирање на економскиот развој преку иновации, конкурентност и понапредни деловни практики.

Сите информации и услови за новиот бизнис пакет за жени претприемачи е достапен на следниот линк.

Продолжи со читање

Банки

Средба Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Објавено

на

Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4%, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30% во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, којашто се одржува во Порторож, Словенија.

Камер истакна дека претпазливите политики на Народната банка беа клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка.

Гувернерката посочи дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намали и се сведе на пониски едноцифрени стапки, додека јазот помеѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намали. Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор. 

Гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност до г. Камер за значајната поддршка којашто ММФ ѝ ја дава на Народната банка во справувањето со неодамнешните незапаметени шокови.

Продолжи со читање

Популарно