Банки
Борислав Трповски поднесе оставка од позицијата член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, ТТК Банка АД Скопје известува за следната ценовно чувствителна информација:
„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје известува дека на ден 14.2.2023 година г. Борислав Трповски поднесе писмена оставка од позицијата член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. Во оставката, г. Борислав Трповски има наведено дека таа ќе влезе во сила на денот на добивање претходна согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија за именување предложен член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје”, се вели во соопштението на ТТК Банка АД Скопје објавено на Македонска берза.
Во моментов, Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје го сочинуваат:
- Бобан Гоговски – Претседател на Надзорен одбор;
- Владо Камбовски – Заменик-претседател на Надзорен одбор;
- д-р Арсен Јаневски – Член на Надзорен одбор;
- Трим Ќемали – Член на Надзорен одбор;
- Драгица Јовановска – Член на Надзорен одбор;
- Златко Черепналкоски – Член на Надзорен одбор;
- Борислав Трповски – Член на Надзорен одбор;
Банки
Халкбанк АД Скопје со понуда за онлајн штедење и фиксни камати
Халкбанк АД Скопје промовира понуда за онлајн депозити, со можност за брзо и едноставно отворање преку електронско банкарство и фиксни каматни стапки за штедење во денари и евра.
Од банката информираат дека корисниците можат целосно онлајн да отворат депозит, без посета на филијала, преку услугите за електронско банкарство.
Понудата опфаќа неколку рокови на орочување и каматни стапки:
- 3,20 проценти во денари и 2,40 проценти во евра за депозит на 13 месеци
- 3,40 проценти во денари и 2,60 проценти во евра за депозит на 25 месеци
- 3,50 проценти во денари и 2,70 проценти во евра за депозит на 36 месеци
Од Халкбанк велат дека услугата е наменета за клиенти кои сакаат едноставно и дигитално управување со своите заштеди.
Банки
Стопанска банка го организира десеттото издание на „Вози право, вози здраво“ на 6 јуни во Скопје
„Вози право, вози здраво“ по десетти пат – настанот ќе се одржи на 6 јуни во Скопје
Традиционалната велосипедска манифестација „Вози право, вози здраво“ годинава ќе го има своето десетто издание, а организаторите најавуваат дружење, рекреација и можност за освојување вредни награди.
Настанот ќе се одржи на 6 јуни 2026 година со почеток во 17 часот, пред Порта Македонија.
Заинтересираните учесници можат да се регистрираат преку платформата на Стопанска банка АД Скопје, каде е објавен и формуларот за пријавување: Регистрација за „Вози право, вози здраво“
Од банката информираат дека и оваа година ќе донираат за развој на урбаниот велосипедизам, а најавена е изградба на детски велопарк во населбата Карпош 4 во Скопје.
Банки
„Без граници, без препреки“ – виртуелно музејско патување што ги обедини децата од светот во Музејот на Народната банка
Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот.
Музејското патување низ монетарното минато на нашата земја беше насловено „Без граници, без препреки“, во духот на овогодишната тема на Меѓународниот комитет на музеите „Музеите што го обединуваат поделениот свет“.
Кустосите од Музејот на Народната банка одржаа настан за учење и паметење за 80 македонски деца што се ученици во Австрија, Белгија, Норвешка, Хрватска, Австралија, Франција, Италија, Германија, Шведска, Холандија, Велика Британија, Данска, Канада и во земјава, коишто можеа интерактивно да се дружат и да дознаат необични факти за нумизматичкото културно наследство на нашата земја.
Возбудливото враќање во минатото заврши со кратко откривање на некои од тајните на изгледот на денешните македонски пари, а потоа и со прогласување на победниците од интерактивниот квиз.
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Анализипред 2 месециРеалната нето плата во Северна Македонија порасна за 4,9% во јануари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија



