Банки
Величковски: Поголема заштита на граѓаните со новата регулатива во платежната сфера
Доколку граѓанинот ја загуби или му е украдена платежната картичка, при што со неа се извршени трансакции коишто не ги авторизирал тој, законски се ограничува износот до кој граѓанинот може да ги покрие загубите и тој изнесува најмногу 1.200 денари. Ова го предвидува новиот Закон за платежни услуги и платни системи, во кој заштитата на потрошувачите е многу важно прашање, посочува директорот на Дирекцијата за платни системи во Народната банка, Игор Величковски, во гостување за „Блумберг Адрија“.
„Граѓанинот треба да ги преземе сите разумни мерки за да го заштити пинот на картичката. На пример, ако пинот и платежната картичка ги чувате на исто место во паричникот и тој ви е украден, тогаш настанатата штета или загуба од сите овие неавторизирани трансакции, целосно ја покрива граѓанинот. Исто така, треба да го извести давателот веднаш штом добие сознание дека му е изгубена или украдена платежната картичка“, вели Величковски, нагласувајќи ја потребата за одговорно однесување на граѓаните при ракување со платните инструменти.
Со новата правна рамка во платежната сфера, заради заштита на потрошувачите, детално се уредуваат и обврските на давателите на платежни услуги, поточно кои информации треба да им ги дадат на граѓаните пред склучување рамковен договор за користење платежни услуги и во тој контекст во рамковниот договор се опфаќаат и релевантните информации и услови за издавање и користење платежни картички.
„До крајот на септември оваа година, Народната банка на својата интернет-страница ќе овозможи споредување на надоместоците на најрепрезентативните услуги, односно за услугите коишто граѓаните најчесто ги користат преку платежните сметки, при што граѓаните на едно место ќе може да ги споредат надоместоците коишто ги наплаќа секој давател и да одлучат кој од нив им нуди најповолни услови за извршување на плаќањата“, вели Величковски.
Исто така, интересите на потрошувачите се штитат и со отворање на пазарот и раст на конкуренцијата. Имено, во моментов граѓаните и компаниите користат платежни услуги само од банките, а во иднина ќе може да вршат плаќања преку постојните штедилници, но и преку нови правни лица коишто ќе нудат платежни услуги, коишто би се појавиле на пазарот наредниот период.
„Новите даватели на платежни услуги ќе работат како платежни институции или како институции за електронски пари, за што ќе треба да добијат дозвола од Народната банка. Условите коишто треба да ги исполнат за да добијат дозвола веќе се уредени со новиот закон, а подетално се опишани со подзаконските акти коишто Народната банка ги донесе во текот на 2022 година и таа нова рамка е во примена од почетокот на оваа година. Новите даватели би им понудиле можност на граѓаните и компаниите да отвораат платежни сметки преку коишто ќе вршат плаќања за различни потреби, но потпирајќи се пред сѐ на дигиталните канали за полесно иницирање на плаќањата, како што се решенијата за мобилни плаќања, но и нивно побрзо извршување. Тоа би ја зајакнало конкуренцијата на пазарот на платежни услуги и ќе придонесе за зголемување на иновациите и решенијата за извршување плаќања и од страна на постојните играчи, како што се банките и штедилниците, но и простор за намалување на надоместоците, односно за поевтино извршување на плаќањата“, вели директорот на Дирекцијата за платни системи.
Банки
АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР СТАБИЛЕН, ЈЕНОТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – инвеститорите будно ги следат ФЕД и Банката на Јапонија!?
Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку под нивото на повеќето големи светски економии.
Американскиот долар остана стабилен, поддржан од податоците за инфлацијата кои ги зајакнуваат аргументите за можно олабавување на каматните стапки од Федералните резерви подоцна оваа година. Фјучерсите имплицираат намалување од околу 62 базични поени, со најверојатна следна промена во јуни.
Еврото се тргуваше на 1,1863 долари, фунтата на 1,36395 долари, а швајцарскиот франк благо ослабна на 0,7686 за американски долар. Австралискиот долар се зацврсти на 0,70865, додека новозеландскиот долар падна на 0,6033 пред очекуваниот состанок за монетарна политика на Резервната банка на Нов Зеланд.
Аналитичарите предупредуваат дека глобалните валутни движења остануваат чувствителни на фискални мерки, централнобанкарски политики и економските податоци во Кина, Јапонија и САД.
Банки
Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџипази реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје
Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази.
„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази, сметано од 03.02.2026 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.
Промените се официјално упишани во Централниот регистар на 6 февруари 2026 година. Тројцата ќе продолжат да ги извршуваат функциите на Извршен директор и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.
Халкбанк ја истакнува стабилноста и континуитетот во менаџментот како клучен предуслов за понатамошен развој и успешни финансиски резултати.
Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:
- Д-р Фатих Шахбаз – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
- Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Банки
ЕЦБ го отвора Фондот за ликвидност во евра на глобално ниво – нов чекор за јакнење на меѓународната улога на еврото
Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута.
Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, истакна дека во услови на зголемена глобална нестабилност, централната банка мора да биде подготвена и флексибилна. „Овој механизам е важен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена“, изјави Лагард на Минхенската безбедносна конференција.
Се очекува новиот модел да биде операционален од третиот квартал на 2026 година. Исклучок ќе бидат институциите поврзани со перење пари, финансирање тероризам или субјекти под меѓународни санкции.
Одлуката доаѓа во период на зголемена несигурност околу доларот и американските економски политики, што дополнително го зајакнува интересот за еврото како стабилна глобална валута.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециГолема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација





