Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит
Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција.
Исклучителното корисничко искуство ја опфаќа и човечката интеракција. Ние веруваме дека софтверите, напредните технички решенија и апликации кои ги имаме се одлични, но сепак ништо не може да ја замени искреноста на насмевката, пријатниот глас и вниманието на човечко битие.
Дали искреноста на насмевката, пријатниот глас и вниманието на нашите советници за клиенти ги исполнуваат или надминуваат очекувањата на нашите клиенти?
Нашите клиенти го имаат за ова главниот збор. Потребно ни е нивно мислење, оценка, коментари. Од наша страна секојдневно ги евидентираме сите интеракции на сите канали преку кои контактираме со нив. За оценување на интеракциите со нас и утврдување од што се задоволни или незадоволни клиентите потребни ни се повратни информации од нив, за што користиме напредна алатка на софтверот Алтерна, за управување со корисничкото искуство базирана на вештачка интелигенција.
Алатката која е поврзана со нашите софтвери и апликацијата Мој Иуте има инкорпорирана метриката на Net Promoter Score (NPS) односно Индекс за искуство на клиенти, кој е “златен стандард” за мерење на задоволство на клиенти и нивната лојалност кон компанијата. Клиентите се контактираат и индивидуално преку анкетите даваат оценки и коментари за искуството кое го имаат со нас за конкретна интеракција.
Од особено значење за целиот процес е и високата респонсивност од нашите клиенти што ни е показател дека имаме здрава и искрена релација.
Со помош на алатката, податоците од анкетите се собираат, се анализираат во различните фази на клиентско искуство на комуникациските точки и интеракции како што се повици, веб, експозитури, Мој Иуте апликацијата, како и на ниво на секој Советник за клиент и се пресметува NPS индексот.
NPS индексот е нумерички и се пресметува како генерален индекс, индекс за експозитура, за Советник за клиенти, канал на комуникација, по ден, недела, месец, квартал или година.

Нашиот генерален NPS индекс за 2022 е 83.9, додека просекот на финансискиот сектор е 44.


Искрено сме им благодарни на сите 21.000 клиенти кои не оценија и ни напишаа коментари за да не пофалат генерално, да го искоментираат процесот на одобрување на кредит, дадена информација, или пак да пофалат одреден Советник за клиент или експозитура, но секако и да ни дадат ниска оценка, критика или да се пожалат.
Перцепцијата на клиентите за Иуте Кредит како бренд оди подалеку од задоволството на клиентите. Преку алатката за NPS, која користи техники за машинско учење и обработка на природни јазици (NLP), преку вештачка интелегенција (AI) ги анализира квалитативните повратни информации од клиентите и ги мери чувствата и сентиментот на сите дадени коментари во разните интеракции. Natural Language Processing (NLP) – процесирање на природен јазик, е интердисциплинарна област која комбинира лингвистика, компјутерска наука, и вештачка интелегенција (AI).
Обработката на природниот јазик ги доловува чувствата зависно од контекстот и може да открие позитивност, неутралност, сарказам, негативност или иронија и истите да ги класифицира во позитивна, неутрална или негативна поларност.


Негативната поларност е дополнително усовршена и за истата системот алармира за превземање активност, која во нашиот случај значи контактирање на клиентите со повик од страна на Советниците за клиенти за да добиеме повеќе детали и да дадеме појаснување.
Ваквите квалитативни податоци од клиентите ни овозможуваат да го разбереме расположението на јавноста, како и брзо да ги идентификуваме претходно непознатите области на незадоволство и секако задоволство, кои секако значително влијаат врз деловните резултати.
Горди сме што во сите земји на присутност на Иуте Кредит сме единствени во финансискиот сектор (финансиски друштва и банки) со ваков напреден пристап кон клиентите.
Голема благодарност до нашите клиенти за искрените оценки и коментари, и секако на професионалниот тим на Одделот за корисничко искуство за постигнатиот висок индекс на NPS и посветеноста кон клиентите.
Бизнис
Исплатата на К-15 се одвива забрзано: Работодавачите досега исплатиле над 3,7 милијарди денари
На нешто повеќе од еден месец пред истекот на законски утврдената обврска за исплата на регрес за годишен одмор (К-15), податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека фирмите веќе исплатиле над 3,7 милијарди денари во бруто-износ, при што се уплатени и 372 милиони денари данок на личен доход.
Според анализата на УЈП, просечниот исплатен износ годинава изнесува 24.290 денари, што е значително над минимално пропишаната сума од 18.141 денари. Дел од работодавачите исплаќаат повисоки износи, што ја зголемува просечната вредност на регресот.
Досега, обврската ја исполниле 11.046 работодавачи, кои исплатиле К-15 на вкупно 137.840 работници, што претставува нешто повеќе од една четвртина од вкупниот број компании кои минатата година ја извршија исплатата , а тој број изнесувал над 40.000 работодавачи.
Регресот за годишен одмор се исплаќа во периодот од 1 јули до 31 декември, а неговата минимална сума изнесува 40% од просечната тримесечна нето-плата во државата.
Овие податоци укажуваат на стабилен динамички почеток на исплатите, со очекување интензитетот значително да се зголеми во последниот квартал, кога традиционално најголем број компании ја исполнуваат оваа законска обврска.
Анализи
Минималецот во Македонија далеку зад регионот – синдикатите бараат итни реформи
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопшти дека според нивните пресметки, минималната плата во земјата од март 2026 година ќе се зголеми само за околу 1.600 денари, во рамки на законското усогласување со растот на просечната плата на годишно ниво. Тоа значи дека минималецот би достигнал околу 26.000 денари, далеку под очекувањата на синдикатите, кои бараа итно зголемување на најмалку 600 евра.
Според ССМ, дури и со ова усогласување, Македонија ќе остане со убедливо најниска минимална плата во регионот. Од таму потсетуваат дека политички претставници претходно најавија зголемување од 2.000 денари, но расчекорот меѓу најавите и реалниот ефект повторно ја отвора дебатата за куповната моќ и достоинствените примања.
Во споредба со соседството, јазот станува уште поочигледен:
- Косово – минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази: 425 евра од јануари 2026, 500 евра од јули 2026.
- Албанија – од 1 јануари 2026 минималната плата ќе изнесува 500 евра; Владата ќе субвенционира дел од трошоците за осигурување на приватниот сектор во износ од 90 милиони евра.
- Србија – минималецот изнесува 500 евра од октомври 2025, а од јануари 2026 се зголемува на 550 евра.
- Република Српска – минималната плата од јануари 2026 ќе варира од 512 до 743 евра, во зависност од степенот на квалификација.
- Босна и Херцеговина – минималната плата за 2025 година изнесува 511 евра.
- Црна Гора – минималецот е 600 евра за работници со средно образование, односно 800 евра за работници со високо образование.
ССМ остро реагира дека владините политики, заедно со поддршката на дел од работодавачите и одредени синдикални организации, создаваат притисок за одржување на ниско ниво на платите.
„Жалосно е што некои синдикати, како КСС, се форсираат да бидат репрезентативни само за да не се дозволи реално зголемување на примањата“, наведуваат од ССМ.
Пазарните аналитичари посочуваат дека динамиката на растот на минималната плата ќе биде еден од клучните фактори за домашната побарувачка, продуктивноста и конкурентноста на економијата во наредниот период, особено во услови на забрзано усогласување на платите во регионот и растечка миграција на работната сила.
Банки
Кој наш сосед е меѓу земјите со најбрзорастечки економски раст во Европа!?
Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ја оцени Албанија како една од најбрзорастечките економии во Европа, истакнувајќи ја клучната улога на Банката на Албанија во обезбедување стабилност, доверба и одржлив раст.
„Со Централната банка на Албанија како силен партнер, посветена на здрави монетарни политики, регулаторна рамка и институционална транспарентност, Албанија се рангира меѓу најбрзорастечките економии во Европа, што е доказ за непоколеблив напредок и зголемена одржливост“, посочи Георгиева.
Таа додаде дека ММФ ќе продолжи да ја поддржува Албанија во процесот на интеграција во Европската унија и во одржување на макроекономската стабилност, како и во унапредување на финансиската инклузија и дигитализацијата на банкарскиот сектор.
Ова признание ја истакнува важноста на доброто управување со монетарната политика и стабилните институции за забрзување на економскиот раст и зајакнување на довербата на инвеститорите во регионот.
-
Продуктипред 2 месециЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Продуктипред 1 месецMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Продуктипред 1 месецХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Осигурувањепред 1 месецДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
-
Банкипред 2 месециСЕПА во Македонија: Брзи, поевтини и дигитални плаќања во Европа од 7 октомври
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Потрошувачките кредити повторно во фокус: пониски камати, промоции и полесно аплицирање
-
Криптовалутипред 2 месециОбразование за крипто иднината: Binance ги стартува Learning Lab работилниците на Балканот
-
Банкипред 1 месецСрпската банка што ја купува Стопанска банка а.д. Битола најави изградба на облакодер од 35 ката за свое ново седиште!?





