Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија.
Контролата е спроведена во 23 земји-членки, како и во Норвешка и Исланд, во соработка со националните организации за заштита на потрошувачите. Проверени се онлајн продавниците кои продаваат стоки за широка потрошувачка – од текстил до технологија.
Инаку, фокусот беше на три типа на измами кои ги принудуваат клиентите да носат одлуки кои не се во нивен најдобар интерес. Пред се, има лажни мерачи на време (тајмери), примамливи реклами кои водат до импулсивни купувања или претплати и скриени информации кои клиентот ги добива дури по завршувањето на трансакцијата.
Комесарот за правда Дидие Реиндерс изјави дека ЕУ веќе има начини да им помогне на потрошувачите и ги повика националните здруженија да се борат против измамите и таквите практики на онлајн пазарот. Беше најавено и дека Европската комисија ќе ја разгледа целата легислатива за потрошувачите со цел се да се прилагоди на дигиталната ера.
Од 399 контролирани сајтови, 42 користеле лажни тајмери со рокови за купување одредени производи, 54 страници ги насочувале потрошувачите кон одредени избори по дизајн или избор на јазик – од претплата до поскапи производи или опции за испорака. Откриено е дека 70 онлајн продавници кријат важни информации, како што се трошоците за испорака, составот на производот или достапноста на поевтини артикли, а 23 страници ги избегнале основните информации за да ги натераат потрошувачите да се претплатат на некоја услуга.
Од 102 контролирани апликации, 27, користеле барем една од наведените измами. Според Европската комисија, сега националните власти треба да поведат постапка против овие трговци.
Останато
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје

ПроКредит Банка АД Скопје ја информира јавноста за промени во составот на Надзорниот одбор на Банката, согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност, кои треба да бидат објавени на веб-страницата на Македонската берза.
Народната банка на Република Северна Македонија издаде решение за претходна согласност за реименување на г-ѓа Јованка Јолеска Поповска за член на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје, за нов мандат во времетраење од четири години.
Со оваа промена, Надзорниот одбор на Банката продолжува да функционира во следниот состав:
Јованка Јолеска Поповска, член
Дрис Нор, член
Кристиан Едгардо Дагроса, член и претседател
Каспар Линус Бауман, независен член
Елена Наумовска, независен член
Ериола Биболи, член
ПроКредит Банка останува посветена на принципите на добро корпоративно управување и транспарентност во своето работење.
Останато
Европскиот парламент даде зелено светло за прифаќање на еврото од страна на Бугарија

Европскиот парламент со убедливо мнозинство (531 глас „за“) го поддржа влезот на Бугарија во еврозоната, што ја приближува земјата до користење на еврото од 1 јануари 2026 година. 69 пратеници гласаа „против“, а 79 беа воздржани.
„Денешното гласање испраќа јасна порака – Бугарија е подготвена за еврозоната,“ изјави известувачот Ева Мајдел. Таа додаде дека се исполнети сите критериуми, и дека ова е значаен чекор кон целосна европска интеграција.
Сепак, пред еврото официјално да се воведе, потребна е и согласност од земјите членки на ЕУ, што се очекува да се случи до крајот на денот.
Во последните месеци во Бугарија се одржаа протести против усвојувањето на еврото. На 28 јуни, илјадници демонстранти се собраа во центарот на Софија, изразувајќи став дека треба да се задржи левот, став што го поддржуваат проруски и националистички партии.
Бугарија веќе 20 години е членка на ЕУ, но се соочува со политичка нестабилност и корупција, што придонесе за раст на евроскептицизмот. Противниците на еврото ширеле лажни информации дека усвојувањето на валутата ќе доведе до поголема сиромаштија. Сепак, економистите тврдат дека краткорочно нема да има големи промени, бидејќи левот е веќе фиксиран за еврото.
Останато
Фондацијата „Заедно за едно“ исплати финансиска помош за децата на загинатите во пожарот во Кочани и ќе набави опрема за терапија на повредените

Со цел да се помогне на семејствата и поединците кои беа погодени од трагичниот пожар во Кочани на 16 март 2025 година, Фондацијата „Заедно за едно“ основана од Македонската банкарска асоцијација, започнa низа активности за финансиска помош и медицинска поддршка на настраданите и нивните семејства.
Во првата фаза од поддршката, Фондацијата веќе исплати еднократна финансиска помош за децата кои во несреќата загубија родител. Средствата се префрлени директно на платежните сметки на децата или нивните законски застапници.
Покрај тоа, Фондацијата обезбеди средства за набавка на ракавици за пасивна рехабилитација, како и апарати за компресивна крио-терапија, кои претставуваат клучна компонента во процесот на опоравување на дел од повредените лица.
Фондацијата „Заедно за едно“ е формирана за да обезбеди суштинска и континуирана поддршка за оние на кои таа им е најпотребна. Затоа, наскоро ќе биде објавен Јавен повик за пријавување на повредените лица, со цел распределба на дополнителна финансиска помош за покривање трошоци поврзани со медицински третмани и рехабилитација.
„Ова не е трагедија која брзо ќе се надмине и затоа обезбедивме средства кои ќе бидат распределени во повеќе сегменти и во повеќе фази, со цел да помогнеме во закрепнување на повредените. Ќе помагаме континуирано и на долг рок. Да бидеме Заедно за едно – денес, утре и сè додека не заздрават сите“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, претседател на Македонската банкарска асоцијација.
Срествата во Фондацијата се обезбедени преку донации од банки, штедилници, други финансиски институции, како и од хумани компании и поединци, и се наменети за лицата и семејствата кои се засегнати од трагедијата.
Македонската банкарска асоцијација и Фондацијата „Заедно за едно“, остануваат доследни на својата заложба — да бидат поддршка на заедницата и на земјата секогаш кога е најпотребно.
- Банкипред 3 недели
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Останатопред 4 дена
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
- Продуктипред 1 месец
Почни го летото со премиум поволности и поголеми бонуси со Visa Gold и Visa Classic од Комерцијална банка
- Фондовипред 4 дена
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
- Продуктипред 4 недели
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација
- Продуктипред 1 месец
ProActive – сметка што води сметка за вас и за сѐ околу вас
- Продуктипред 1 месец
Финансиска поддршка на дофат: потрошувачки кредит за сè што не може да чека
- Интервјуапред 1 месец
Интервју | ЕЛЕНА ПЕТРОВА: УЈП мора да биде сервис кој граѓаните и фирмите ќе го доживуваат како партнер, а не како товар