Connect with us
no baners

Банки

Глигор Бишев нов член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката:

„По добивање на согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија и упис на именувањето во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, г-дин Глигор Бишев од 01.01.2023 година е нов член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје”, се вели во соопштението на Шпаркасе Банка АД Скопје објавено на веб страната на Банката.

Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје во моментов го сочинуваат:

  • Д-р Георг Бухер – Претседател на Надзорен одбор;
  • Валбурга Зајдл – Заменик претседател на Надзорен одбор;
  • Славиша Којиќ – член на Надзорен одбор;
  • Ханс Лудвиг Диксер – член на Надзорен одбор;
  • Глигор Бишев – член на Надзорен одбор;
  • Кристијан Поленак – независен член на Надзорен одбор;
  • Горан Петревски – независен член на Надзорен одбор.

Банки

Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Објавено

на

Според податоците од  платежната статистика на Народната банка,  и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.

Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност.

Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.

И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1%), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6%).

Овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

До објавените податоци може да пристапите на следнава врска: Платежна статистика на Народната банка.

Продолжи со читање

Банки

Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

Објавено

на

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност. 

Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство. 

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените. 

Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Продолжи со читање

Банки

Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

Гувернерот д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург. Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.

За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.

Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.

Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.

Продолжи со читање

Популарно

no baners