Connect with us

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Стратегијата на НЛБ Банка вклучува подобрување на дигиталното искуство на своите клиенти и континуирано се фокусира на осовременување на картичното работење, на апликациите за мобилно и електронско банкарство со нови функционалности и сервиси, како и развој и промоција на нови дигитални канали.

Доколку сте амбициозни, аналитични и имате желба за постигнување на дополнителни резултати, придонес кон унапредување и подигнување на нивото и квалитетот на дигиталните услуги кои им ги нуди НЛБ Банка на клиентите и подобрување на постојните и развој на нови иновативни дигитални сервиси, НЛБ Банка Ве поканува и мотивира да аплицирате на отворената работна позиција во Службата за управување и поддршка на самоуслужни продукти во Секторот за платни системи.

Улога во тимот:

  • Водење на нови проекти поврзани со воведување на нови сервиси, продукти и фукционалности во делот на картичното работење и дигиталните канали;
  • Развој, имплементирање на нови и поддршка на постојни продукти, функционалности и сервиси во сегментот на самоуслужни продукти на Банката;
  • Комуникација и координација со надворешните добавувачи за самоуслужните канали, картичен процесор, меѓународните картични системи како и следење на законската регулатива и меѓународните стандарди во меѓународните платни системи;
  • Учество во планирање и набавки на АТМ, ПОС, картично работење, како и спроведување на бизнис анализа на наведените сервиси;
  • Тестирање и координирање на имплементацијата на нови верзии на самоуслужни продукти, корекции и исправка на неправилности во работењето на сервисите/апликациите;
  • Пријавување и следење на барања за развој и усовршување на самоуслужни продукти/сервиси до надворешни добавувачи.

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование
  • 2 години работно искуство во делот на водење на проекти, бизнис анализа и/ или искуство со дигитални сервиси и канали за плаќање.
  • Предност би се сметало познавање или претходно искуство во сегментот на картично работење и сертификација за Project management);
  • Високо ниво на проактивност, самоиницијативност, спремност и интерес за постојана надградба со нови знаења од технички области и нови трендови во банкарското работење;
  • Одлични комуникациски, организациски и аналитички вештини;
  • Напредно познавање на компјутерски алатки;
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик;

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии (CV) и мотивациски писма можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 13 Јануари 2023 година.

Вработување

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Дирекција за деловна мрежа (Оддел за работа со население) и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Благајник во Филијала Битола
(1 извршител)

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!

Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Менаџер за проектно финансирање, Сектор за корпоративни клиенти / Служба за проектно финансирање.

Што ќе биде твојата улога?

  • Детектирање на потенцијалните проекти и иницирање контакти и комерцијално следење на предложените проекти и нивна реализација по одобрувањето, согласно предвидената проектна документација;
  • Активно следење и запознавање со спецификите на пазарот, регулативата, главните учесници на релевантниот пазарен сегмент;
  • Анализа на потребите на клиентите, советување и продажба на соодветни продукти и услуги, имајќи ја во предвид профитабилноста и специфичните потреби на клиентите;
  • Подготовка на стратегија за соработка со клучните клиенти, која вклучува начини да се зголеми обемот на производи и услуги кои клиентот ги користи, како и подобрување на профитабилноста. Презентација и усогласување на стратегиите со стандардите на Групацијата;
  • Евалуација на тековните и потенцијалните проекти преку предвидување на паричните текови, квантифицирање на приносите на инвеститорите и утврдување на ризиците на проектите;
  • Активна соработка во процесот на финансиско моделирање за финансирање на проекти и помагање во екстерните евалуации и студии за проектите;
  • Актувно учество и координација во склучувањето на договорите со клиентот, обезбедувањето и исполнетоста на условите на финасирање;
  • Активно следење на фазите на реализација на проектот (вклучително и посета), следење на напредокот и идентификување на потенцијалните ризици;
  • Активно учество во регионалната комуникација со другите банки од Steiermärkische Sparkasse Групата, соработка во однос на стратегиите за клиентите, како и усогласување на понудите за клиентите. Обезбедување подобар профит од тие процеси во рамки на Банката и пошироко во регионот.

Кои квалификации се потребни?

  • ВСС / Економски факултет или соодветно високо образование;
  • Најмалку 3 години работно искуство во банкарски сектор ќе се смета за предност;
  • Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
  • Одлично познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
  • Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и способност за работа под притисок.

Доколку веруваш дека токму ти си она што го бара Банката и имаш желба да се приклучиш кон тимот на Шпаркасе банка,  искористи ја оваа можност и да аплицирај на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на: kariera@sparkasse.mk заклучно со 15.08.2024 со назнака „Апликација за МЕНАЏЕР ЗА ПРОЕКТНО ФИНАНСИРАЊЕ“.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.

Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #верувајвоиднината #кариераБезБариера

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка во рамки на својата стратешка определба преку Секторот за финансиско управување го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Служба за стратешко планирање и финансиски контролинг.

Доколку имате желба и амбиција да се приклучите на НЛБ тимот за стратешко планирање и финансиски контролинг, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Аналитичар во
Сектор за финансиско управување

Улога во тимот:

  • Учество во подготовка на стратешки и деловен план на Банката;
  • Дефинирање на продажни оперативни планови;
  • Следење на исполнување на планот, анализа на причините за отстапки во планот и подготовка на извештаи;
  • Анализа и следење на профитабилноста на пазарните сегменти и продукти на Банката;
  • Анализа и следење продуктивноста на продажните канали на Банката.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно работно искуство во финансиски и сродни индустрии во сегментот на стратешко планирање и финансиски контролинг ќе се смета за предност;
  • Познавање од областа на управување со податоци во финансиски менаџмент;
  • Познавање на работа со бази на податоци, power query и Power BI алатка;
  • Познавање на методи на анализа на податоци;
  • Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Изразени организациски, комуникациски и тимски способности, ангажираност, иницијатива, темелен пристап кон работата и спремност за промени.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 12.08.2024 година на: NLBKariera@nlb.mk со назнака за Аналитичар во Сектор за финансиско управување.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Популарно