Банки
Одржана 51. сесија на Клубот на истражувачите: Презентација на трудовите коишто ја добија Годишната награда на Народната банка
Во Народната банка се одржа 51. сесија на Клубот на истражувачите, платформа на Народната банка за презентација и разгледување научноистражувачки трудови и поддршка на научноистражувачката дејност во земјава.
На оваа сесија учесниците имаа можност да ја проследат презентацијата на трудовите „Економски раст поттикнат од интеграцијата: Случајот на интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија“ од авторот Никита Ристовски и„Монетарната политика и каналите на цените на средствата во контекст на регионализацијата на берзите во земјите на поранешна Југославија“ од авторот Стефан Таневски. Авторите Никита Ристовски и Стефан Таневски се добитниците на првата и втората годишна награда за млади истражувачи на Народната банка за 2024 година, соодветно.
Сесијата ја отвори Билјана Давидовска-Стојанова, директорка на Дирекцијата за монетарна политика и истражување и членка на Одборот за оценување на трудовите при доделувањето на овогодишната награда за млади истражувачи. Таа истакна дека доделувањето годишна награда за млади истражувачи од страна на НБРСМ, заедно со Клубот на истражувачите како платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови, придонесуваат кон поттикнување на истражувачката активност и подигнување на квалитетот на макроекономските истражувања во земјата. Секој од трудовите се осврнува на актуелни теми, како што се потенцијалните придобивки од евроинтеграцијата и истражување на постоењето на канал на монетарна трансмисија преку секторските берзански индекси. Tрудoвите се одликуваат со оригиналност и обработуваат области коишто се исклучително релевантни, со што се придонесува за збогатување на научноистражувачката литература и се отвора простор за натамошни истражувања.
Трудот на Никита Ристовски ги испитува потенцијалните економски влијанија врз земјава, доколку станеше членка на Европската Унија во 2004 година. Според авторот, македонската економија би имала позитивен ефект од интеграцијата во ЕУ врз економскиот раст и продуктивноста на трудот и голема би била веројатноста земјава да има компаративна предност и да е специјализирана за трудоинтензивни индустрии.
Во трудот на Стефан Таневски емпириски се истражува постоењето на секторски канал на цените на средствата за пренос на монетарната политика во поблискиот регион. Авторот конструира секторски индекси за целиот регион, врз основа на идејата дека една регионална берза може да обезбеди поголема ефикасност за котираните компании во регионот. Општо земено, во трудот се документира присуство на каналот на цените на средствата во секторите финансии и телекомуникации, каде што има поголемо присуство на мултинационални корпоративни мрежи, што не е случај за производствениот и енергетскиот сектор, врз основа на што авторот заклучува дека локалните берзи сè уште се премногу фрагментирани и постои простор за поефикасна регионална берза.
По завршувањето на презентацијата, беше отворена дискусија помеѓу учесниците на сесијата.
Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за поднесување труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели. Зачленувањето во Клубот е од отворен карактер и може да се направи преку барање за членство на следнава електронска адреса: [email protected]. Следната сесија ќе се одржи во септември годинава.
Банки
НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија
НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.
Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.
„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.
Банки
НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите
НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.
Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.
Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.
Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.
Банки
Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност
Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.
Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.
Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.
Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.
Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





