Connect with us
no baners

Банки

3.000 првачиња во Македонија се израдува на пакетчиња и Бонтон за деца од Халкбанк

Објавено

на

Пакетче со основен прибор и Бонтон за деца добија 3.000 првачиња од седум општини од Македонија на првиот училиштен ден. Акцијата „Среќно прваче“ која стана традиција на Халкбанк АД Скопје и нивниот симбол на детското штедење, Халки, годинава израдува дечиња во Гевгелија, Прилеп, Охрид, Дебар, Битола, Центар и во Богданци. Илустрираниот Бонтон за добро однесување ќе им помогне на првачињата полесно да се прилагодат на новата средина, која отсега ќе биде нивни втор дом. „Децата и нивниот правилен развој се клучни за иднината на заедницата во која сите живееме“, велат од Халкбанк.

Веќе петта година во општина Центар се спроведува проектот „Среќно прваче“. “Секое прваче добива основен училиштен прибор и Бонтон наменет за деца”, вели Јагода Јанковска, од Одделението за образование при Општина Центар.

“Доброто однесување е столб за квалитетното образование. Соработката помеѓу општина Центар и Халбанк АД Скопје е пример како треба заеднички да се грижиме и соработуваме за доброто на децата и нивниот развој” – смета Јанковска.

“Неизмерно сме радосни што уште една генерација дечиња ќе имаат можност на овој 1 септември да ја збогати својата колекција на книги и сликовници со ова вредно издание „Бонтон за деца“, како и училиштен прибор на кој децата секогаш се радуваат”, вели Андон Сарамандов, градоначалник на Гевгелија.

“Денес, се чини повеќе од неопходно ни е да нашите дечиња да им помогнеме да ги совладаат правилата на убавото однесување, воспитување, а ваквите изданија се всушност и семејни изданија, оти сите нè потсетуваат на вредностите што понекогаш ги забораваме. Сметам дека само со ваков вид на соработка помеѓу општествено-одговорни компании и локална самоуправа, како што е проектот ,,Среќно прваче”, можеме да направиме подобри генерации млади во нашата држава.

Неизмерно сме радосни што уште една генерација дечиња ќе имаат можност на овој 1 септември да ја збогати својата колекција на книги и сликовници со ова вредно издание „Бонтон за деца“, како и училиштен прибор на кој децата секогаш се радуваат”, вели Андон Сарамандов, градоначалник на Гевгелија.

Денес, се чини повеќе од неопходно ни е да нашите дечиња да им помогнеме да ги совладаат правилата на убавото однесување, воспитување, а ваквите изданија се всушност и семејни изданија, оти сите нè потсетуваат на вредностите што понекогаш ги забораваме. Сметам дека само со ваков вид на соработка помеѓу општествено-одговорни компании и локална самоуправа, како што е проектот ,,Среќно прваче”, можеме да направиме подобри генерации млади во нашата држава.

Првоодделенци од Прилеп годинава станаа дел од проектот „Среќно прваче“.

“За првоодделенците, најсреќните дечиња на 1 септември, првата учебна година е многу важна. На денот кога влегуваат во нова епизода од нивното детство, ние возрасните имаме обврска да им помогнеме и да направиме се’ за почетокот на основното образование им биде што попријатно, возбудливо, радосно. А децата сакаат подароци. Чест ни е што и општина Прилеп е избрана меѓу седумте општини во Македонија, како дел од проектот ,,Среќно прваче”, во кои ќе стигне училиштен прибор и убавата книга „Бонтон за деца“, на што убеден сум дека и семејствата на нашите првачиња ќе се радуваат. Заедно навистина сите можеме да направиме големи работи. И благодариме на Халкбанк АД Скопје што нескромно се вложува во подоброто образование на нашите деца” – изјави прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Иницијативата „Среќно прваче“ прераснува во традиционален настан како една од многуте општествено-одговорни активности на Халкбанк АД Скопје. Секоја година на 1 септември се спроведува во повеќе општини во Македонија преку која децата се едуцираат на непосреден и креативен начин. 3.000 првачиња добиваат основен прибор за во школо и Бонтон кој содржи корисни совети како треба да се однесуваат на училиште, како да се однесуваат кон своите другари, да развиваат емпатија и да им помагаат на другите, да се грижат за инвентарот, за училишниот двор, за личната и заедничката хигиена. Преку богатите илустрации низ Бонтонот ги носи слончето Халки, симболот на детското штедење на Халкбанк.

Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка и една од петте најуспешни банки во Македонија. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството. Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката и културната свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики. „Среќно прваче“ е една од овие иницијативи.

Банки

Народната банка го објави Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2027 година

Објавено

на

Народната банка го објави Конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2027 година. Наградата се доделува со цел да се поттикне развојот на научната мисла и изработката на истражувачки трудови од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи, како и да се афирмираат млади и стручни кадри.

Право на учество на Конкурсот имаат државјаните на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка немаат право на учество.

Трудот со кој се конкурира треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 80.000 карактери со празни места (без фусноти, прилози, графикони, табели, апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување.

Авторите можат да конкурираат и со труд којшто веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2025 година. При поднесувањето на веќе објавен труд, потребно е да се наведе кога и каде е објавен.

Трудовите се доставуваат по електронски пат, во форматот „Word“, на електронската адреса: [email protected], со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“. Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.

Еден автор може да поднесе само еден труд. Трудовите може да бидат напишани на македонски, албански или англиски јазик.

Трудовите ќе се оценуваат според повеќе критериуми, меѓу кои се релевантноста на истражуваното подрачје за македонскиот контекст, квалитетот на освртот на литературата, јасноста на дефинирањето на проблемот и целите на истражувањето, соодветноста на анализата и применетите методи, како и квалитетот на заклучоците и препораките.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година.

Наградата е во парична форма. За првонаградениот труд се доделува награда во износ од 130.000 денари, а за второнаградениот труд наградата изнесува 65.000 денари.

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Народната банка.

Продолжи со читање

Банки

Девизните резерви достигнаа 5,21 милијарди евра на крајот од мај

Објавено

на

Девизните резерви на државата на крајот од мај 2026 година изнесувале 5,21 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Според структурата на резервите, најголем удел имаат вложувањата во хартии од вредност, кои сочинуваат 68,5 проценти од вкупните девизни резерви. Монетарното злато учествува со 16,6 проценти, додека валутите и депозитите имаат удел од 14,9 проценти.

Девизните резерви претставуваат важен показател за финансиската стабилност на земјата и нејзината способност да одговори на надворешни економски предизвици.

Продолжи со читање

Банки

Унапредувањето на институционалната соработка во фокусот на средбата меѓу гувернерот Славески и гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг

Објавено

на

Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега.

За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат централните банки во услови на засилена неизвесност во меѓународното окружување. Воедно, беа споделени искуства поврзани со спроведувањето на монетарната политика и зачувувањето на финансиската стабилност.

Во рамките на разговорите им беше посветено внимание на трговските и на финансиските односи меѓу двете земји, при што беа разгледани и можностите за нивно понатамошно унапредување преку продлабочување на институционалната соработка. Притоа, беше нагласена долгогодишната традиција на пријателски односи меѓу двете земји, како и подготвеноста на Народната банка за натамошно засилување на дијалогот и размената на искуства со Народната банка на Кина.

Исто така, соговорниците се осврнаа на можностите за соработка во областа на дигиталната трансформација на финансискиот сектор, унапредувањето на финансиската вклученост, како и јакнењето на институционалните капацитети преку размена на знаења, експертиза и добри практики.

Славески и Гонгшенгсе согласија дека постои потенцијал за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете централни банки.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange