Connect with us

Останато

Годишната инфлација во еврозоната во јануари падна на 2,8 проценти

Објавено

на

Според прелиминарните податоци на Евростат, во јануари годишната стапка на инфлација во Еврозоната се намалила на 2,8 отсто.

Цените на енергијата во еврозоната се намалија за 6,3 проценти на годишно ниво, додека цените на храната, алкохолот и тутунот пораснаа за 5,7 проценти, инфлацијата во услужниот сектор изнесуваше 4 проценти, а индустриските производи освен енергетските производи поскапеа за 2 проценти, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Според прелиминарната проценка на Евростат, Германија во јануари забележала годишна стапка на инфлација од 3,1 отсто, а втората по големина европска економија, Франција, забележала инфлација од 3,4 отсто.

Според очекувањата на Евростат, Шпанија регистрирала инфлација од 3,5 отсто, Италија 0,9 отсто, а Хрватска 4,8 отсто.

Инфлацијата во еврозоната во јануари е за 0,4 проценти помала отколку во декември.

Останато

Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница

Објавено

на

Предлог буџетот за 2025 година денеска ќе биде разгледан на седница на Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање Мицкоски оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти. Потенцираше дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изденачување со капиталните инвестиции.

„Капиталните инвестиции се некаде на ниво од 50-ина милијарди денари, од коишто 32 милијарди се од основниот буџет и некои 80-ина од заеми и програми коишто се веќе тековни или допрва ќе бидат земени. Буџетскиот дефицит мислам дека е околу 41-42 милијарди денари. Оваа година е добро тоа што немаме драматично зголемување на дефицитот, постепено капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит се изедначуваат. Тие се сега негде на ниво 300 со 400 милиони евра, очекувам до крајот на годината да бидат многу блиску, иако знаете наследивме трипати поголем буџетски дефицит споредено со капитални инвестиции, но за овие неколку месеци Министерството за финанси и Владата успеаја да го консолидираат и сега засега состојбата е некаде нешто над 18 милијарди денари капитални инвестиции, некаде околу 24,5 милијарди денари“, изјави премиерот Мицкоски.

Тој оцени дека се забрзува реализацијата на големите инфраструктурни проекти. Наведе дека до крајот на годината треба да се завршат патниот правец Чатач – Длабочица – Крива Паланка и експресниот пат Градско – Росоман – Клисура – Фариш.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вчера изјави дека Буџетот за 2025 година ќе биде развоен и дека нема да биде занемарена и социјалната компоненета.

„Социјалата не може да се исклучи комплетно. Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намалите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади“, изјави министерката Димитриеска Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ.

Проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа презентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4 проценти буџетски дефицит и 3,7 проценти проценти раст на БДП.

„Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари , што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка“, истакна министерката Димитриеска Кочоска.

Продолжи со читање

Останато

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2025 развоен, фокусот е на инвестициите, капитални расходи на ниво над 44 милијарди денари

Објавено

на

Буџетот за 2025 година ќе биде развоен, но нема да биде занемарена и социјалната компоненета. Капиталните расходи ќе бидат проектирани на ниво над 44 милијарди денари, а проекциите за буџетски дефицит и раст на БДП се поставени со Фискалната стратегија, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неа, станува збор за развоен буџет, затоа што иднината на држвата е во таа насока, односно  со поголем развој ќе има подобар живот за сите.

„Социјалата не може да се исклучи комплетно.

Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намалите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.

Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади“, ијави министерката Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ.

Таа додала дека дел од проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа прзентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4% буџетски дефицит и 3,7% проценти раст на БДП.

„Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари, што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка“, додаде министерката Димитриеска-Кочоска.

Димитриеска-Кочоска кажа дека се очекува поголема активност кај проектите од Коридорите 8 и 10, коишто ќе се реализираат во подолг период од првично планираното за 4 години, што, како што рекла, било поздравено и од страна на ММФ.

Таа посочила дека раст на платите ќе има во образованието и здравството, а во однос на минималната плата навела дека таа треба да биде врзана со продуктивноста.

Во однос на јавниот долг министерката за финансии посочила дека тој на крајот на годината ќе биде најверојатно на ниво од 64%, но оти тоа ќе зависи од реализацијата на крајот на годината, односно обврските кои ќе бидат доставени за исплата.

Продолжи со читање

Останато

Седмата регионалната конференција за е-трговија ќе го открие потенцијалот на е-трговијата 

Објавено

на

На само неколку недели до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 12 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со инспиративни говори, панел дискусии и студии на случај преку кои ќе се „отплеткуваат“ можностите што ги нуди е-трговијата. Учесниците ќе имаат уникатна можност да го слушнат искуството на интернационалните и домашните индустриски експерти кои го искористуваат потенцијалот во различни аспекти во областа на е-трговијата.

На конференцијата ќе се истражува како компаниите можат да ги адаптираат своите стратегии за да откријат нов бизнис потенцијал, преку подобрување на логистиката, оптимизирање на плаќањата, надградба на маркетинг стратегиите и проширување на пазарите.

Конференцијата со свое воведнo обраќањe ќе ја отвори претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков која ќе ги презентира клучните сознанија од Извештајот за е-трговија во Западен Балкан за 2024 година. Овој извештај ќе ги потенцира достигнувањата во регионот, нагласувајќи ги и успесите, но и областите кои сѐ уште треба да се развиваат, особено во меѓуграничната трговија.

Конференцијата потоа продолжува со првата сесија наречена „Потреба за брзина“ која е фокусирана на логистиката во е-трговијата, односно ќе го истражува значењето на брзата и сигурна испорака, со учество на експерти од индустријата како Бојан Доленц, кој работи Бизнис развој во компанијата ZEOS Fullfilment на германскиот гигант за е-трговија – Zalando, Младен Јездиќ, Раководител на синџирот на снабдување во Ананас Србија и други. Говорниците ќе разговараат за трендовите во доставата во е-трговија, но и за критичната улога во брзината и квалитетот на испораките за подобрување на корисничкото искуство.

Друг значаен дел од настанот ќе биде сесијата посветена на новите решенија за плаќање во е-трговијата. Со презентација од Бобан Љубиноски, продукт менаџер во Klarna, ќе се дискутира за тоа како бизнисите можат да се прилагодат на новите потреби на потрошувачите за побрзи и побезбедни процеси на наплата. Експерти од VisaCaSys и НЛБ Групацијата ќе зборуваат за иднината на дигиталните плаќања и иновациите кои го надминуваат традиционалното готовинско плаќање.

Во попладневниот дел, конференцијата ќе продолжи со сесијата посветена на меѓуграничната е-трговија, каде што ќе се презентира посебна студија на случај предводена од Игор Мишкиќ, Раководител за Западен Балкан во GymBeam и панел дискусија за можностите за продажба преку границите во регионот. Како што е-трговците во Западен Балкан се стремат да се пробиваат на глобалната сцена, надминувањето на бариерите како што се процесирањето на плаќањата и логистиката ќе биде клучно.

Агендата ќе се насочи и кон маркетинг стратегиите, вештачката интелегенција и податоците, со воведно излагање на Селесте Фејзо, AI Тренер за податоци во OpenAI, компанијата креатор на ChatGPT, која ќе зборува за моќта на вештачката интелигенција во креирањето на попаметни и поефективни маркетинг кампањи во е-трговијата. Дополнително, регионални експерти за маркетинг ќе ги анализираат најновите трендови, нагласувајќи ја потребата бизнисите да користат канали и надвор од рамките на социјалните медиуми со цел градење на уште подобри релации со клиентите и зголемување на продажби.

За потсетување, оваа година конференцијата по трет пат ги отвора вратите за регионалната публика. Очекувано е присуство на повеќе од 700 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании, менаџери и владини и невладини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Романија, Бугарија и Хрватска, што ја прави конференцијата уникатна и единствена во регионот во своето седмо издание, кое овозможува неверојатно вмрежување и можност за потенцијални соработки и партнерства низ регионот. 

Конференцијата е поддржана од Visa како платинум партнерот, организацискиот партнер GIZ, дигиталниот партнер А1 Македонија, како и златните партнери – Ананас, CaSys и НЛБ Банка, сребрените партнери – Халк Банка, Корпа, Филип Морис Интернационал, Комерцијална Банка, ИУТЕ, Сава Пензиско, Fashion Group и Cubes.rs. 

Конференцијата се очекува во секое време да ги исполни целосно капацитетите и да биде целосно распродадена што говори за огромниот интерес кој се појавува за неа. Минатата година конференцијата се одржа во своето најголемо регионално издание, со целосно нов концепт и нова локација, и истата беше домаќин на повеќе од 600 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји.  

Повеќе информации поврзани со агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата, вклучувајќи ги и картите кои се пуштени во продажба, се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: ecommerceconference.mk   

Продолжи со читање

Популарно