Анализи
ММФ предвидува раст од 3,2% за македонската економија во 2025 година
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот најнов извештај објавен во рамки на Пролетните средби во Вашингтон, предвидува економски раст на Северна Македонија од 3,2% за тековната 2025 година, како и за 2026 година.
Позитивната проекција е придружена со проценка дека инфлацијата ќе достигне 3,4% годинава, а веќе во 2026 година ќе се намали на 2,2%, што укажува на стабилизирање на ценовниот притисок во економијата.
Во регионален контекст, ММФ очекува слична или повисока стапка на раст во неколку соседни земји: Косово (4%), Албанија (3,8%), Србија (3,5%), Црна Гора (3,2%) и Босна и Херцеговина (2,8%).
Сепак, извештајот од ММФ сигнализира глобални ризици. Ревидираната глобална прогноза предвидува раст од 2,8% за 2025 година – што е пад за 0,5 процентни поени во однос на јануарската проценка. Факторите што влијаат на ваквото забавување се поврзани со повисоки давачки, зголемена неизвесност и геополитички тензии.
Во САД, најголемата светска економија, се очекува раст од 1,8%, намалено од претходните 2,7%. Слично, прогнозите за Велика Британија се намалени од 1,6% на 1,1%.
ММФ ги повикува владите ширум светот на претпазливост, реформи и зголемена поддршка за одржлив развој, особено во услови на забавен глобален економски раст и нестабилна меѓународна сцена.
Анализи
Цената на суровата нафта благо порасна, се отвора простор за продолжување на закрепнувањето
Цената на суровата нафта забележа благ раст во последното тргување, поддржана од позитивни технички сигнали кои укажуваат на можност за продолжување на закрепнувањето.
Индикаторите за релативна сила покажуваат нагорно вкрстување, откако претходно достигнаа длабоко ниво на прекумерна продажба. Според анализата, ваквото движење може да укажува на формирање позитивна дивергенција и на подобрување на изгледите за натамошен раст.
Дополнителна поддршка за цената обезбедува тргувањето над 50-дневниот експоненцијален подвижен просек, кој го зајакнува нагорниот моментум во рамки на краткорочниот корективен тренд.
Техничките показатели ја зголемуваат веројатноста за нови добивки и движење кон повисоки нивоа на отпор, под услов цената да остане над сегашните нивоа на поддршка.
Анализи
УЈП: Над 2.400 учесници опфатени со обуки и професионален развој за две години
Управата за јавни приходи соопшти дека во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година посебен фокус бил ставен на развојот на човечкиот капитал, унапредувањето на работната средина и градењето организациска култура заснована на квалитет, интегритет и одговорност.
Според УЈП, во изминатите две години 430 учесници биле вклучени во обуки, работилници, конференции и форуми организирани од меѓународни организации, додека 555 учествувале на едукативни настани организирани од домашни институции. Дополнително, 1.498 учесници биле опфатени со интерни едукативни настани организирани од Даночната академија.
Во делот на меѓународната соработка, УЈП посочува дека добива континуирана техничка помош од Меѓународниот монетарен фонд преку Програмата за развој на капацитети, како и поддршка од Министерството за финансии на САД.
Остварена е и соработка со УНДП во областите на трансферните цени и глобалниот минимален данок, а започнат е и нов тригодишен проект за институционална соработка со Даночната администрација на Шведска, поддржан од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка – СИДА.
Во насока на подобрување на условите за работа, биле реновирани простории во седум организациски единици, а во тек е реновирање на еден кат во Генералната дирекција. Од УЈП наведуваат дека бројот на реновирани единици во овие две години е еднаков на бројот реновирани во периодот од 2018 до првата половина на 2024 година.
Управата го истакнува и стекнувањето на сертификатот ISO 9001:2015, добиен за првпат, како потврда за исполнување меѓународни стандарди за квалитет, транспарентност и ефикасност.
Била потпишана и Декларација за даночна етика, додека 165 вработени поминале работилници за етика и интегритет, со цел зајакнување на професионалните стандарди и личната одговорност.
Од УЈП велат дека вложувањето во знаењето, професионалноста и интегритетот на вработените е основа за долгорочни и одржливи институционални промени.
Анализи
Цената на златото благо се повлече по силниот раст, но позитивниот тренд останува
Цената на златото забележа благо намалување во последното тргување, што аналитичарите го оценуваат како природно прибирање на профитот по претходниот раст.
Според техничката анализа, со ова движење златото се обидува да создаде нов позитивен импулс, кој би можел да придонесе за продолжување на растот во блиска иднина.
Истовремено, показателите за релативна сила покажуваат дека златото се наоѓа во зона на прекумерна купеност, а започнува да се појавува и негативно вкрстување што може привремено да го ограничи нагорниот моментум.
Сепак, техничката слика и натаму останува позитивна. Цената се задржува над 50-дневниот експоненцијален подвижен просек, кој претставува важна динамична поддршка и ја потврдува доминацијата на краткорочниот корективен нагорен тренд.
Доколку цената на златото остане над ова ниво на поддршка, аналитичарите сметаат дека ќе остане отворена можноста за нов раст во претстојниот период.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 1 месецКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување

