Банки
АЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
АЛТА Банка АД Битола информираше дека денеска, 27 мај 2026 година, ќе биде извршена исплатата на пензиите за месец мај.
Од Банката соопштија дека пензиите ќе бидат навремено достапни на трансакциските сметки на пензионерите, како и преку мрежата на банкомати и експозитури.
„Пензиите ќе бидат навремено достапни на Вашите трансакциски сметки и преку мрежата на банкомати и експозитури на Банката“, соопшти АЛТА Банка.
Банки
НЛБ Банка со акција за младите: Купи една, добиј втора кино карта бесплатно
NLB Banka Skopje информираше за нова промотивна понуда за младите корисници на NLB Next пакетот, со која секоја среда овозможува гратис билет за кино.
Од Банката велат дека со Mastercard Debit картичката за млади, корисниците при купување на еден билет добиваат втор билет бесплатно.
Промоцијата важи денеска, 27 мај, во киното Cineplexx.
Поволноста се однесува исклучиво на билети купени на билетарницата во Cineplexx со Mastercard debit картичка за млади, без разлика дали е физичка или дигитална картичка преку NLB Pay.
„Сите одат на дејт. Не сите плаќаат две карти“, порачаа од НЛБ Банка Скопје во објавата за кампањата.
Банки
Халкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
Од Банката соопштија дека од денеска, 27 мај 2026 година, средствата се достапни на сметките на пензионерите во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.
Доколку пензионерите претходно дале согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
„Пензиите за мај се веќе достапни“, соопшти Халкбанк АД Скопје.
Банки
Нова централна филијала за ново поглавје во работењето на Стопанска банка
Во нов, современ простор во срцето на Скопје, Стопанска банка АД – Скопје ја отвори својата нова централна филијала, сместена во новата управна зграда на Банката. Станува збор за простор создаден да им понуди поудобно и помодерно банкарско искуство на клиентите. Како Банка со најдолга традиција во Македонија, Стопанска банка со овој нов објект отвора ново поглавје во своето работење, комбинирајќи современ дизајн, функционалност и финансиски услуги прилагодени на денешните потреби на клиентите.

Централната филијала „Гранд“ е лоцирана на ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 6 во „Гранд бизнис центар“ и таа ќе ја замени досегашната главна филијала во Градскиот трговски центар (ГТЦ). Филијалата „Гранд“ е дизајнирана како современ, отворен и внимателно осмислен простор, во кој модерната естетика, функционалноста и удобноста се спојуваат во едно современобанкарско искуство. Со впечатлив ентериер, топла и пријатна атмосфера и концепт што поттикнува природна и непосредна комуникација меѓу клиентите и вработените, се создава амбиент во кој клиентите се чувствуваат добредојдено и удобно уште при првиот чекор.

Просторот е организиран така што овозможува персонализирано искуство за секој клиент, почнувајќи од посебни канцеларии за состаноци со деловните клиенти, до отворени и непосредни позиции за финансиски консултации и продажба со физички лица. Во филијалата се сместени благајни, како и внатрешен ATM простор каде клиентите можат да добијат поддршка и практична обука за користење на бесплатните АТМ услуги на Банката. Дополнително, веднаш до филијалата е поставена и нова 24/7 ATM зона со три cash-in банкомати, овозможувајќи им на клиентите брз и едноставен пристап до основните банкарски услуги во секое време.

Во новата корпоративна зграда е сместена и СТБ Брокер, специјализирана за брокерски и финансиски услуги, која располага со сопствен, засебен влез и модерни работни простории. На овој начин, клиентите на Стопанска банка на едно место добиваат комплетна финансиска услуга – од секојдневно банкарство до инвестициски и брокерски активности.
“Нашата цел беше да создадеме простор кој нема да биде само класична банкарска филијала, туку место каде што клиентите ќе се чувствуваат добредојдено, пријатно, ќе добијат персонализирана услуга и ќе можат полесно и побрзо да ги користат современите банкарски решенија. Новата централна филијала е одраз на тоа како ние во Стопанска банка го гледаме и практикуваме модерното банкарство – отворено, достапно и ориентирано кон потребите на клиентите и современите трендови” – изјави Татјана Калајџиева, сениор директор за продажба и мрежа на филијали.
Филијалата е официјално отворена на 26 мај и ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Марјан Ристески: Акцизата на горивата под лупа, можно ново замрзнување на цените
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)


