Банки
Вкупните депозити и кредити со двоцифрен годишен раст во февруари

Според најновите податоци на Народната банка, вкупните депозити во февруари 2025 година бележат годишен пораст од 11,1%, додека вкупните кредити се зголемени за 11,5% во однос на истиот период минатата година.
Во февруари 2025 година, паричната маса регистрира месечен пораст од 0,2%, под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити до две години, додека краткорочните депозити и готовите пари во оптек бележат намалување.
Депозити
Вкупните депозити, во февруари, се зголемени за 0,4% на месечно ниво, во целост како резултат на порастот на депозитите на секторот „домаќинства“, во услови на пад на депозитите на корпоративниот сектор. Споредено на годишно ниво, забележан е пораст од 11,1%, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон порастот на депозитите на секторот „домаќинства“.
Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари, остварија месечно намалување од 1,0% како резултат на падот на краткорочните депозити во странска валута, додека останатите компоненти забележаа пораст. Годишниот раст изнесува 7,4% и произлегува од повисоките депозитни пари, краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при забележан пад на краткорочните депозити во странска валута.
Вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, се зголемени за 0,8% во однос на претходниот месец, во поголем дел под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочни депозити во денари и во странска валута, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари и во странска валута. Депозитите на домаќинствата бележат годишно зголемување од 13,1% како резултат на повисоките депозитни пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, во услови на намалување на краткорочните депозити во странска валута и во денари.
Кредити
Во февруари, вкупните кредити бележат зголемување за 1,1% и 11,5% на месечно и на годишно ниво, соодветно. Промената кај двете основи е резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон порастот на кредитите на корпоративниот сектор.
Кредитите на корпоративниот сектор во февруари забележаа месечен и годишен пораст од 1,5% и 14,3%, соодветно. Притоа, месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута.
Кредитите на домаќинствата, во февруари, забележаа месечно и годишно зголемување од 0,7% и 8,9%, соодветно. Промената кај двете основи се должи на порастот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен пораст од 0,9% и 1,2%, соодветно, при годишен пораст од 8,5% и 13,3%, соодветно. Во февруари, автомобилските кредити се намалени за 0,8% на месечна основа, додека на годишна основа бележат зголемување од 6,5%. Овој месец, кредитите одобрени на кредитните картички остварија месечно и годишно намалување од 1,8% и 9,0%, соодветно.
“Во февруари, кај негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен пад од 0,9% и 1,5%, соодветно, како и годишно намалување од 5,0% и 9,5%, соодветно”, се наведува во соопштението од Народната банка.
Банки
Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.
На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки.
Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.
Банки
ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода

ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Вода во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.
Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи имперсонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф.
“Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови,модерни филијали и 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.”– истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.
ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди ипромотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци.
Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.
Банки
Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.
На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.
Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.
- Банкипред 5 дена
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Банкипред 2 месеци
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите
- Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со рекордна дивиденда – ќе подели 65 милиони евра на своите акционери!
- Банкипред 2 месеци
Како да препознаете и спречите phishing измами поврзани со банкарски услуги?
- Банкипред 2 месеци
Европските инвестициски банки со најдобри трговски резултати во последната деценија