Connect with us
no baners

Банки

Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг со нов визуелен идентитет

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје и Шпаркасе Лизинг ДОО Скопје го менуваат целокупниот визуелен идентитет во согласност со промените на ниво на Групацијата. Следејќи ги визијата, вредностите и верувањата на големото Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе семејство, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг визуелно се модернизираат, по теркот на светските банкарски трендови.

Од самите почетоци Банката континуирано го менува и го подобрува својот визуелен идентитет, покажувајќи ја својата флексибилност, можноста да се предвидат промените и на нив да се одговори соодветно и навремено. Од почетокот на оваа година, Банката започна со постепена имплементација, односно воведување сосема нов изглед на локалниот пазар.

Новиот визуелен идентитет вклучува оптимизирано лого и нови корпоративни бои.

Логото на Шпаркасе го задржува својот препознатлив и уникатен карактер, но ќе биде освежено во дизајнот. Во комбинација со новите корпоративни бои, изгледот на Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг станува помодерен и поатрактивен. Резултатот од овие промени е единствен корпоративен дизајн што овозможува унифицирано искуство на брендот низ сите канали. Планирано е постепено ребрендирање на сите канали во периодот што следува.

Со новиот целосно модернизиран корпоративен дизајн, приспособен на дигиталниот свет во кој живееме, брендот Шпаркасе станува уште попристапен и пофлексибилен за своите клиенти, целосно ориентиран кон иднината.

Банки

Комерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје соопшти дека исплатата на пензиите ќе започне од понеделник, 1 јуни.

Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со своите средства уште истиот ден, преку безготовинско плаќање во продавници и онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомати.

Од банката посочуваат дека клиентите кои претпочитаат исплата во филијала или експозитура, пензијата ќе можат да ја подигнат од 1 јуни и во секој нареден работен ден.

Комерцијална банка ги повика пензионерите да ги користат дигиталните и картичните услуги за побрз и побезбеден пристап до средствата.

Мапата со сите филијали и експозитури е достапна на официјалната веб-страница на банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк АД Скопје: Безгрижен одмор со банкарски сефови за вашите вредности

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги промовираше своите банкарски сефови како безбедно решение за чување вредни предмети, документи и хартии од вредност за време на летните одмори.

Од банката посочуваат дека клиентите можат да ги остават своите важни предмети во доверлива банкарска средина со контролиран пристап и приватност при секоја посета.

„Одморот е поубав кога заминувате со помалку грижи“, велат од банката, додавајќи дека повеќе информации за услугата се достапни во најблиските филијали на банката.

Банкарските сефови се наменети за чување лични документи, вредни предмети и хартии од вредност, со дополнителна сигурност и заштита во услови на контролирана банкарска инфраструктура.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка горд поддржувач на Охридско лето 2026 и на уметноста што остава вредност

Објавено

на

Фестивалот „Охридско лето“ и оваа година ќе го претвори Охрид во центар на културата и уметноста.

Од 12 јули до 2 август, 66. издание на фестивалот ќе понуди богата програма со повеќе од 40 концерти, театарски претстави, изложби и национални вечери, на кои ќе настапат реномирани домашни и светски уметници.

Настаните ќе се одржуваат на препознатливите фестивалски сцени – Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Света Софија“ и Центарот за култура „Глигор Прличев“, локации кои со години ја градат уникатната атмосфера на фестивалот.

Комерцијална банка со гордост стои зад оваа значајна културна приказна, која останува посветен партнер на проекти што придонесуваат за развојот на културата, уметноста и општествените вредности.

„Охридско лето“ повеќе од шест децении претставува симбол на културниот идентитет и традиција, а преку богатата програма продолжува да создава простор каде уметноста ги поврзува луѓето и генерациите.

Со својата поддршка, Комерцијална банка уште еднаш ја потврдува определбата да инвестира во вредности што оставаат трајна културна и општествена трага денес и за генерациите што доаѓаат.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange