Connect with us

Банки

Шпаркасе Банка дел од Climathon Скопје 2024

Објавено

на

Втора година по ред, стартапи, иноватори, ентузијасти, студенти и активисти се собраа да се натпреваруваат за најдобро решение за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Темата на овогодинешниот #Climathon беше – „Обликување на позелен град“!

Овој инспиративен дводневен хакатон е дизајниран да мотивира, едуцира и негува соработка. Беше одржан во пријателска и поддржувачка атмосфера, а учесниците имаа голема корист од тимската работа и стручните насоки во текот на целиот настан.

Целите на настанот вклучуваа подигнување на свеста за еколошките предизвици и поттикнување на иновации за локални решенија.

На победничкиот тим им беше доделена награда од 6.000 евра, обезбедени од Шпаркасе банка, како поддршка за реализација на нивното иновативно решение.

Организаторите и генералниот покровител на настанот им благодарат на сите учесници за нивниот труд и посветеност во создавањето на зелено Скопје!

Шпаркасе Банка верува и инвестира во зелена иднина!

Банки

Снежана Атанасова и Миле Арсовски се најдобрите банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2024 година

Објавено

на

На свеченото одбележување на Светскиот ден на штедење, кое традиционално го организира Македонската Банкарска Асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.

Снежана Атанасова и Миле Арсовски се најдобрите банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2024 година.

„Горди сме што оваа чест годинава ја понесоа нашите колеги Снежана Атанасова и Миле Арсовски. Честитки за нивните достигнувања и благодарност за нивниот труд и нивната посветеност кон професијата и кон клиентите. Се гордееме со нивниот успех и им посакуваме уште многу награди и успеси!“, велат од ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Банки

Подарок штедни книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка за бебињата родени на Денот на штедењето

Објавено

на

Денот на штедењето, Комерцијална банка го прослави и со традиционалната посета на родилишта и доделување подарок штедни книшки „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари за бебињата родени на 31 октомври.

Со оваа мисија Комерцијална банка, на своја огромна радост, дава придонес за подобра и посреќна иднина на децата и го поттикнува штедењето уште од најмала возраст. А, им помага и на родителите да го наметнат значењето на штедењето како важна животна вредност за нивните деца.

Штедните книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка не се само обичен подарок – тие се симбол на вербата дека секое дете заслужува сигурна иднина и поддршка во реализација на своите соништа. Отворањето штедна книшка за новороденчињата е еден мал чекор во градењето култура на штедење и одговорност кон финансиската сигурност.

Штедењето од најмала возраст е една од највредните лекции кои можеме да ги пренесеме на следните генерации. Затоа „Верверичката“ на Комерцијална банка заедно со родителите веќе две децении гради подобра иднина за нашите деца.

Продолжи со читање

Банки

Известување од ЦКБ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец октомври

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека средствата по основ на примања од социјални права за месец октомври ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 05.11.2024 година (вторник).

Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.11.2024.

Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:

  • – 05.11.2024  (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
  • – 06.11.2024 (среда) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Продолжи со читање

Популарно