Вработување
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Контакт-Центарот е современ телекомуникациски систем кој овозможува информации за производите и услугите кои ги нуди УНИБанка и целосна поддршка на клиентите.
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!
Биди и ти дел од тимот на УНИБанка!…
Референт во Контакт Центар во Дирекција Банкарство за население
Потребни квaлификации:
- Високо стручно образование
- Работно искуство од најмалку 1 година во финансиски институции
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за тимска работа
- Позитивни, одговорни и посветени
- Познавање MS Office пакетот
- Познавање на англиски јазик
- Флексибилност и можност за работење во смени
Одговорност и задачи:
- Дава информации за производите и услугите на Банката, на начин што е разбирлив и достапен за клиентите
- Професионалност и самоконтрола во проблематични ситуации
- Познавање на продуктите на Банката и придонесување за непречено одвивање на сите активности
- Давање информации по телефон или електронска пошта за тековни или потенцијални клиенти, во врска со:
- Информации за оние што сакаат да аплицираат за одреден производ/услуга
- Информации за промена во параметрите на производот/услугата што клиентите во моментот ја користат (промена на камата,рок или други услови)
- Презентирање на нов производ/услуга со кој Банката влегува на пазарот
- Понуди, промоции и вкрстена продажба со цел да понудат производ што клиентите во моментот не го користат
- Потсетници – за обврски во случај на заостанати долгови, истекување на дебитни/кредитни картички итн.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија (CV) на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 30.01.2023 година.
Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]
Вработување
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.
Банката има тековна потреба за вработување во Дирекција за деловна мрежа (Оддел за работа со население) и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Соработник за клиенти – население во Филијала Битола
(1 извршител)

Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Центар за организација бизнис процеси и проектна канцеларија на НЛБ Банка го зајакнува тимот на успешни професионалци и нуди можност за вработување, па во таа насока бара високо мотивирана, организирана и иницијативна личност која ќе ја преземе улогата на Проектен менаџер.
Доколку си проактивен, креативен имаш добро професионално искуство со работење на проекти и сакаш да бидеш дел од тимот на НЛБ Банка, кој секојдневно се соочува со предизвиците на подобрување на работните процеси преку имплементација на проекти, НЛБ Банка те мотивира да се пријавиш на отворената работна позиција:
Проектен менаџер
Улога во тимот:
- Водење на проектите согласно интерната проектна методологија;
- Изработка на проект план, план за комуникација, дефинирање и доделување на задачи, поставување на контролни точки, тестирање на испорачаните решенија;
- Планирање, менаџирање и следење на проектните активности со цел да се испорачаат на време и во рамките на буџетот, согласно на корисничките спецификации, потреби и квалитет;
- Организирање и мотивирање на проектниот тим;
- Следење на поставените рокови за завршување на активностите;
- Подготовка и анализа на извештаи;
- Редовно известување и информирање за работата, како и промоција на проектот и проектните цели во Банката.

Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование;
- Работно искуство од минимум 2 години во сегментот на управување со проекти;
- Посетени или сертифицирани обуки за проектен менаџмент ќе се сметаат за предност;
- Познавање на scrum методологија ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Аналитички способности и одлични комуникациски вештини, посветеност, лојалност и одговорност, тимско работење и кооперативност, eфективност и ефикасност;
- Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите и посветеност кон организациските цели и целите на проектот;
- Проактивен начин на решавање на предизвиците, донесување одлуки и решавање конфликти;
- Желба за работа во средина со високи барања.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до
05.02.2025 на [email protected] со назнака за Проектен менаџер.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Вработување
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.
Банката има тековна потреба за вработување во Сектор за информатичка технологија и позадински обработки (Дирекција за информатичка технологија) и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Соработник за сигурност на информативен систем – Скопје
(1 извршител)

- Банкипред 3 недели
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јануари започнува на 31 јануари
- Business Womanпред 2 месеци
Празничен оптимизам во пресрет на новите предизвици преку здрав раст, етичко и одговорно работење
- Банкипред 1 месец
Даниела Ѓоршевска нов член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Банкипред 3 недели
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ДОБИВКАТА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 40% – во 2024 година оствари добивка од рекордни 80,7 милиони евра!
- Банкипред 2 месеци
Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања
- Банкипред 3 недели
Добивката на ТТК Банка порасна за 2,9% и дојде до 1,76 милиони евра во 2024 година
- Банкипред 3 недели
Халкбанк АД Скопје: Јануарските пензии се веќе исплатени!
- Банкипред 2 месеци
Дигитална зона 24/7 и нов современ изглед доби Филијалата на Комерцијална банка во Струмица