Кариера
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата.
Визијата на Шпаркасе Банка е да биде најдобар избор за клиентите, да ја поддржува економијата и заедницата и да создава подобра иднина.
Банката своето работење го темели на вредности, а успешниот тим делува во духот на извонредност, доверба, агилност, страст и партнерство.
Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Самостоен соработник за АЛМ во Дирекција Финансии/Оддел за Контролинг и АЛМ/Служба за управување со средства и обврски АЛМ.
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици, имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно секојдневно да ги живеете корпоративни вредности!

Кариера
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје
Заради проширување на тимот, Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за позицијата:
Самостоен референт
Одделение за сметководство и известување
Локација: Дирекција – Скопје
Опис на работното место:
- Ги изработува извештаите за работењето на Банката годишно, тромесечно, месечно;
- Изготвува анализи за различни аспекти од работењето на Банката;
- Изготвува разни извештаи и индикатори за потребите на Управниот одбор на Банката;
- Учествува во изготвувањето на посебните и збирните извештаи на ниво на Банка, како и за потребите на ревизиите на ревизорските куќи и ревизиите на НБРМ;
- Ги следи и применува сите прописи и упатства од овој делокруг на работењето;
- Изготвува извештаи за финансиско известување кон НБРМ, како и консолидираните извештаи за акционерите на Банката;
- Изготвува извештаи за Комисија од Хартии од вредност;
- Подготвува и испраќа дневни, декадни, месечни, и годишни извештаи (екстерни и интерни);
- Учествува во изготвување на годишна сметка и нејзино доставување до соодветните институции (Централен регистар на РМ електронски);
- Учествува во изготвување и ажурирање на Политики и процедури за финансиско известување;
- Ги изготвува и ажурира сметководствените политики согласно измените и дополните на сметководствените стандарди;
- Ги врши сите работи во односите со УЈП, Државен завод за статистика, ПИОМ и ФЗО;
- Изработка и анализа на КНБИФО и бруто салдо биланс на ниво на Банка;
- Пресметува и книжи амортизација;
- Води евиденција на преземените средства по основа на наплата на побарувања, евиденција на златници;
- Соработува со државните институции и ги контролира извештаите за нив;
- Анализира месечни состојби на билансот на Банката;
- Ги води, контролира и усогласува евиденциите за обврските по ДДО (влезни фактури), побарувања од купувачите (излезни фактури), пресметки и плаќања по даноци;
- Го води материјалното книговодство – евиденцијата на основни средства, ситен инвентар, (инвентарна книга);
- Води евиденција за основните средства, ситниот инвентар и преземените материјални средства врз основа на побарувања;
- Врши контрола и усогласување на сметки од другите организациони единици врзани за пресметка на даноците;
- Ги врши врши сите работи окулу пресметките и исплатите на платите.

Квалификации:
- Работно искуство: Минимум 5 години;
- Образование: предност Економски фалкутет;
- Активно познавање на Англиски Јазик;
- Поседување на лиценца за овластен сметководител;
- Висок личен интегритет и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Силна етика;
- Адаптабилност во динамична работна средина;
- Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
- Напредно користење на MS Office.
Банката нуди:
- Динамична и пријатна работна средина;
- Можност за професионален и личен развој;
- Обука и континуирано стручно усовршување;
- Работење во мала, флексибилна и мотивирана организација.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Капитал Банка АД Скопје, испратете ја вашата биографија на: [email protected].
Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и ќе биде земено предвид во процесот на селекција. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои ги исполнуваат условите од огласот.
Рок за пријавување:
Огласот е активен 10 дена од датумот на објавување, односсно до 07.11.2025 година. Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по завршување на огласот, во зависност од бројот на пријави.
Апликацијата ќе биде третирана како доверлива. Со доставување на апликацијата, кандидатот дава согласност неговите лични податоци да се користат исклучиво за потребите на процесот на селекција, во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Повеќе информации можете да најдете во Политиката за приватност на веб-страницата на Банката.
Кариера
Еуролинк Осигурување вработува Референт во сметководство
Станете дел од мотивираниот и успешен тим на Еуролинк осигурување!
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
– Врши проверка и средување на предадена документација
– Врши месечна проверка на непредадена документација
– Врши дневно книжење на плаќање на премија преку изводи во премиско сметководство
– Врши книжење на нераспределена премија во премиско сметководство
– Врши книжење на компензации во премиско сметководство
– Врши книжење на наплата на премија преку платежни картички во премиско сметководство
– Врши сложување на картички со коминтенти
– Ги чува деловните книги и книговодствени документи
– Одговара на правилна примена на законски прописи и општи акти
ЗА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ ЕУРОЛИНК ОБЕЗБЕДУВА:
– Конкурентна плата по договор
– Стручни обуки за подобрување на вештини во работата
– Пријатна работна атмосфера во тим кој дава поддршка
– Договор за работа на определено време, 40 часа неделно
КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ:
Оваа позиција е наменета за лица со најмалку средно образование, како и за студенти кои студираат на Природно-математички факултет и Економски факултет и имаат желба за да изградат кариера во сметководство и известување.
Кандидатите треба да имаат активно познавање на англиски јазик (пишан и усен), пожелно искуство на слична работна позиција.
Доставете ваша биографија и мотивациско писмо најдоцна до 12.10.2025 на [email protected] или на адреса:
Еуролинк осигурување АД Скопје, до: Сектор за човечки ресурси, ул: „Пиринска“ бр. 23, Скопје
Телефон за контакт: 02/3289-311, 02/3289-315, 02/3289-334
Рок за избор на кандидати: 45 дена
Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.
Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.
По завршување на процесот истите ќе бидат уништетни или на барање на кандидатите вратени во форма во која се примени.
Кариера
НЛБ Банка вработува лице за контрола на усогласеност со прописите
НЛБ Банка отвори оглас за нова работна позиција – лице задолжено за контрола на усогласеност на работењето на Банката со важечките прописи. Позицијата е клучна за обезбедување на сигурно, транспарентно и регулаторно усогласено работење во динамичниот банкарски сектор.
Работните задачи вклучуваат следење и тестирање на ризиците од неусогласеност, подготовка и контрола на интерни акти, како и континуирано советување во делот на регулативата. Дополнително, новиот кадар ќе биде одговорен за навремено следење на сите нови и изменети прописи.

Кандидатите треба да имаат завршено Правен факултет, а искуство во областа на усогласеност ќе се смета за предност. Потребни се одлични комуникациски и аналитички вештини, проактивен пристап во работењето и способност за самостојно донесување одлуки. Работното место бара и одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office.
Од Банката истакнуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во современо и мотивирачко опкружување, со пристап до напредни обуки, менторство од искусни банкарски експерти и јасен кариерен развој. Дополнително, вработените во НЛБ уживаат конкурентен пакет на плата и бенефиции, приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, платено татковско отсуство и денови за посебни пригоди, вклучително и за роденден.
Покрај тоа, политиката на Банката вклучува наградување на високите перформанси, учество во корпоративни проекти, активности за благосостојба на вработените и одбележување на значајни лични и семејни настани.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк: Отворени работни позиции – НЛБ Банка
-
Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Продуктипред 1 месецMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој
-
Продуктипред 4 неделиХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење



