Connect with us

Банки

НЛБ Банка ги замени корпоративните подароци со донација на храна за лицата во висок социјален ризик

Објавено

на

Празниците се време за споделување и дарување, среќа и радост за секого. Сепак, не сите можат да ја почувствуваат празничната магија и да си обезбедат достојна празнична трпеза. Токму затоа, во духот на хуманоста и солидарноста, НЛБ Банка ги замени традиционалните корпоративни подароци со значајна донација во храна за оние на кои таа им е најпотребна.

И годинава, Банката во соработка со Црвениот Крст на град Скопје обезбеди пакети со основни прехранбени производи кои ќе им бидат донирани на лица во висок социјален ризик. Дистрибуцијата на хуманитарните пакети со храна ќе ја направат волонтерите на Црвениот крст, пришто директно ќе бидат опслужени 300 корисници и нивните семејства.

„Празниците се време кога, повеќе од кога било треба да сочувствуваме и да споделуваме. Ние сме дел од оваа заедница и силно веруваме во важноста од солидарност, хуманост и помагање. Среќни сме кога можеме да помогнеме и кога радоста на празниците можеме да ја поделиме со сите наши сограѓани. За нас, единствено, свет полн со добрина е свет полн со можности и затоа постојано создаваме можности за сите, оставајќи подобри траги за генерациите кои доаѓаат“, истакнуваат од НЛБ Банка.

Храната е основна човекова потреба, но и човеково право и таа треба да е дел од сечиј дом и секоја трпеза. Но и покрај тоа, сведоци сме на поразителни статистики за луѓе кои се наоѓаат во висок социјален ризик и немаат соодветен приход да ги задоволат своите основни потреби. Ова е особено забележително за време на празниците кога борбата за егзистенција преовладува над празничните желби и остава многу лица во неизвесност.

“Празниците се период кога сите сакаме да подариме насмевка и добар збор. Кога сето тоа ќе се поврзе со перманентна поддршка за ранливите категории тогаш зборуваме за компанија што ги препознава потребите на заедницата и помага таму каде што е најпотребно. НЛБ Банка секоја година мисли на најранливите категории на граѓани и веќе неколку години, крајот на годината го завршува со донација на пакети со храна, лекови наменети за бездомни, стари и изнемоштени лица, како и семејства во социјален ризик. Благодарност до вработените и менаџментот на Банката за нивната хуманост и општестевна одговорност”, изјавија од Црвениот Крст на Град Скопје.

НЛБ Банка во соработка со Црвениот крст во контунитет реализира бројни донации за ранливи категории на граѓани, потврдувајќи ги своите заложби за поправедно и поинклузивно општество за сите.

Банки

Тројна победа за Халкбанк АД Скопје на Socialize Festival 2025!

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја потврди својата водечка позиција во областа на дигиталната комуникација, освојувајќи три престижни признанија на годинашниот Socialize Festival – настан кој го слави креативниот дух и иновациите во дигиталниот маркетинг.

Дигитален дизајн на годината за мобилната апликација Halk EZ, во соработка со Effectiva;
Најдобро кратко маркетинг видео за кампањата Fidesmo Pay, со креативната поддршка на актерот Сашко Коцев;
Најкреативна кампања на социјални медиуми за Start-Up Package, реализирана во соработка со агенцијата McCann Skopje.

Со оваа тројна победа, Халкбанк уште еднаш ја демонстрира својата посветеност кон иновативни, кориснички ориентирани решенија и континуирана дигитална еволуција.

„Горди сме на нашите партнери и тимот кој стои зад овие успешни проекти. Продолжуваме да ги поместуваме границите на креативноста и дигиталната експертиза“, велат од Халкбанк.

Овие признанија се уште една потврда за стратегиската насоченост на Халкбанк кон дигитализацијата и современ и креативен пристап во комуникацијата со клиентите.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ размислува за ревизија на стратегијата за монетарна политика

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) разгледува потенцијална промена на својот пристап во спроведувањето на монетарната политика, со цел да овозможи побрза и пофлексибилна реакција на евентуални нарушувања во цените, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на неименувани официјални лица вклучени во подготовките.

Раководниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) за првпат формално ќе дискутира за можна ревизија на стратегијата на неформална средба закажана за 6 и 7 мај во португалскиот град Порто. Средбата доаѓа во контекст на променливи глобални економски услови и зголемена потреба од приспособливост на политиките во еврозоната.

На агендата ќе бидат и резултатите од две работни групи кои работат на проценка на актуелната стратегија за монетарна политика, како и анализа подготвена од Комитетот за монетарна политика. Во комитетот членуваат водечки економисти од ЕЦБ и претставници на централните банки на земјите-членки на еврозоната.

Овој потег би можел да означи значаен пресврт во начинот на кој ЕЦБ пристапува кон поставување и прилагодување на своите монетарни алатки, особено во светло на неодамнешните инфлаторни предизвици и растечкиот притисок за одржување на ценовната стабилност во еврообласта.

Продолжи со читање

Банки

Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ: Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

Објавено

на

„Народната банка спроведе навремени и соодветни монетарни и макропрудентни мерки, коишто овозможија стабилизирање на инфлацијата, одржување стабилен курс на денарот и зајакнување на финансиската стабилност. Сепак, со оглед на високата геополитичка неизвесност важно е да се продолжи со внимателни макроекономски политики, но и со натамошно јакнење на институциите. Во овој контекст од огромно значење е да се зачува независноста на централната банка.“ Ова беше истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка. На средбата присуствуваше и министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриевска.

Во услови на светски ценовни шокови и нестабилност, Народната банка одговори со обемен сет мерки, коишто вклучуваа интервенции на девизниот пазар, приспособување на каматните стапки, задолжителната резерва и макропрудентни ограничувања. „Со овие мерки не само што постигнавме значително намалување на инфлацијата на едноцифрено ниво, туку и обезбедивме стабилност на девизниот курс и стабилни и зајакнати биланси на банкарскиот сектор“, истакна Ангеловска-Бежоска.

На средбата, посебен акцент беше ставен на последните геополитички случувања, коишто создаваат нова неизвесност во светската економија и на светските финансиски пазари. Беше истакнато дека во вакви услови, за малите економии отворени кон светот е особено важно водењето сигурни политики, создавањето простор за реакција на потенцијалните шокови и постоењето на силни институции. Токму во овој контекст, акцентот беше ставен на натамошното унапредување на законската рамка за Народната банка во согласност со највисоките меѓународни стандарди. Сето ова придонесува за јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка и за зголемување на нејзината транспарентност и отчетност.

Продолжи со читање

Популарно