Connect with us
no baners

Продукти

Неверојатен денарски депозит со 4,5% каматна стапка по повод јубилејни 75 години на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

no baners

Една од банките со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка а.д. Битола оваа година прославува 75 години постоење. Оваа домашна банка, со својот широк спектар на банкарски производи 75 години е сигурен партнер на домаќинствата и поддршка на бизнисите во земјата.

Досегашното искуство на сите оние кои својата доверба ја довериле во оваа банка говори за фактот дека Стопанска банка а.д. Битола ја цени лојалноста на своите клиенти и наоѓа начини за да ја награди истата. По повод одбележувањето на овој голем јубилеј, Стопанска банка а.д. Битола за сите свои постоечки, но и за потенцијалните клиенти нуди неверојатна каматна стапка на денарски депозитен производ која е фиксна и на годишно ниво изнесува 4,5% за рок на орочување 45 месеци. Со оваа промотивна понуда Стопанска банка а.д. Битола има за цел да го стимулира штедењето и да го промовира истото како одлична финансиска пракса која во овој случај е со огромен бенефит за сите кои ќе одлучат да ги вложат своите пари во банката.

Минималниот задолжителен влог на овој производ кој е исклучително атрактивен е 6.000МКД, а каматата 4,5% која е фиксна, се исплаќа на годишно ниво – 12 месеци од датумот на влогот, или 12 месеци од претходно исплатената камата.

Овој промотивен производ на Стопанска банка а.д. Битола по повод одбележување на јубилејот 75 години постоење е единствена можност за сите оние кои сакаат да направат сигурен финансиски чекор во стабилна, домашна банка која покрај тоа што негува традиција, води грижа и за вредностите на своите клиенти и општеството.

Повеќе информации за промотивниот денарски депозит

no baners

Продукти

Централна кооперативна банка започна со посредување при продажба на инвестициско злато

Објавено

на

По добиена претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија, Централна кооперативна банка АД Скопје официјално отпочна со нова финансиска активност – посредување при продажба на инвестициско злато.

Банката посредува во име и за сметка на компанијата Инвест Метал ДООЕЛ Скопје, со што на своите клиенти им овозможува пристап до инвестициско злато преку сигурен и регулиран канал.

Од банката информираат дека клиентите можат да се запознаат со тековната продуктна понуда и со актуелните цени на инвестициското злато директно на веб-страницата на партнер-компанијата.

За подетални информации во врска со процесот на нарачување и купување на инвестициско злато, заинтересираните клиенти можат да се обратат во филијалите на Банката во Скопје Центар и Скопје Парк, каде што ќе добијат насоки и поддршка од банкарските службеници.

Со оваа нова услуга, Централна кооперативна банка го проширува своето портфолио и овозможува дополнителни можности за диверзификација на инвестициите на своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Халк Моби ПОС, ново дигитално решение за компаниите од Халкбанк

Објавено

на

Во денешното динамично и дигитално време, кога брзината, флексибилноста и едноставноста се клучни за успехот на секој бизнис, Халкбанк АД Скопје континуирано инвестира во иновативни решенија што ги следат потребите на современите трговци.

Во таа насока, Банката ја воведува новата услуга Халк Моби ПОС (Halk Mobi POS), која што претставува напредно решение што овозможува прифаќање плаќања со картички директно преку мобилен телефон или таблет.

Практично решение и секогаш со вас

Халк Моби ПОС го претвора вашиот паметен уред, телефон или таблет, во сигурна алатка за наплата во продавница, на терен, на настани или при испорака кај клиент.

Процесот на користење е брз и едноставен. Потребно е да ја инсталирате апликацијата Халк Моби ПОС на својот уред и по активирањето, тој станува терминал за бесконтактни плаќања.

Купувачот само ја доближува својата картичка нана телефонот/таблетот, а трансакцијата се обработува во реално време и се потврдува за неколку секунди.

Клучни предности за вашиот бизнис

Со користење на Халк Моби ПОС, добивате низа значајни придобивки. Се овозможува прифаќање плаќања каде и да сте, без ограничување на локација, при што не е потребна дополнителна опрема, односно нема потреба од посебен ПОС уред.

Трансакцијата е безбедна и брза, со високо ниво на заштита и моментална обработка. Се добива и преглед на сите трансакции во реално време, а со тоа и подобра контрола и транспарентност во работењето.

Ова иновативно решение е идеално за мали и средни бизниси, самостојни трговци и теренски продавачи кои сакаат брзо, безбедно и едноставно плаќање, каде и да се наоѓаат.

Едноставна постапка за аплицирање

За користење на Халк Моби ПОС, потребно е да се поднесе апликација во една од филијалите на Банката, по што барањето се процесира и услугата се активира во најкраток рок.

Со Халк Моби ПОС, Халкбанк АД Скопје продолжува да инвестира во дигитални решенија што им помагаат на бизнисите да растат, да бидат поконкурентни и поблиску до своите клиенти. Оваа услуга претставува сигурен партнер за секој трговец кој сака да понуди современо искуство за плаќање и да го унапреди своето работење.

За повеќе информации и активирање на услугата, посетете ја најблиската експозитура на Халкбанк или официјалната веб-страница на Банката.

Продолжи со читање

Продукти

ПроКредит Банка лансира нова мобилна апликација: Поблиску до клиентите, побрзо од кога било

Објавено

на

Со новата мобилна апликација, ПроКредит Банка воведува едно од најнапредните дигитални банкарски решенија на македонскиот пазар, поставувајќи нов стандард за брзина, функционалност и целосна контрола на своите финансии.

Брзо и лесно управување со сите сметки

Користењето на сметките во банка сега е полесно од кога било. Нема потреба од посета на филијала или чекање на шалтер.

Новата апликација овозможува единствена можност за управување преку еден профил, нудејќи целосен увид во сите сметки – лични, деловни и сметки на кои се овластени (партнери, деца, родители).

За сопствениците на компании, тоа значи преглед и управување со приватните и бизнис-сметките со само една најава, без префрлање помеѓу различни профили.

Преку новата апликација, плаќањата на сметки и префрлувањата на пари се извршуваат во неколку секунди, а целата историја на трансакции е достапна и лесна за пребарување.

Исто така, можете да отворите орочени и штедни сметки во денари и евра и целосно да управувате со нив од вашиот мобилен телефон.

Безбедност на највисоко ниво

Апликацијата поддржува најава преку ПИН, отпечаток од прст и Face ID, како и дополнителни безбедносни механизми, вклучително сокривање на салдото и заштита од правење пресликувања на екранот (screenshots), со што се обезбедува максимална заштита на личните податоци.

Без филијала – банкарство без редици и компромиси

Отворањето на сметка може да се направи целосно онлајн, без посета на филијала, без документација на шалтер и без чекање. Истото е овозможено преку интеграција на веб-решението попознато како OneID.

По успешната регистрација, корисникот веднаш може да добие дигитална дебитна картичка во рамки на мобилната апликација, која може веднаш да се користи за онлајн и мобилни плаќања. Нема повеќе потреба од чекање на пластична картичка за користење на банкарските услуги.  

Дополнително, корисникот може самостојно да управува со картичките, да ги блокира, деблокира и да управува со лимитите директно од апликацијата, во реално време.

Стратегија што води подалеку од апликацијата

„Со лансирањето на новата мобилна апликација не воведуваме само нова технологија, туку нов начин на интеракција со банката. Нашата цел е да изградиме дигитален екосистем што им дава на клиентите автономија, брзина и сигурност – без да ја изгубиме човечката поддршка кога е потребна,“ изјави Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор.

Новата мобилна апликација е достапна за преземање веднаш преку App Store и Google Play.

Со овој чекор, ПроКредит Банка јасно сигнализира дека иднината на банкарството во Македонија е дигитална, веднаш достапна и целосно ориентирана кон клиентот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange