Кариера
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје
Заради проширување на тимот, Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за следната работна позиција:
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Служба за позадинска обработка на банкарски активности (Back Office)
Квалификации и посебни услови:
- ВСС (економија, право или сродно)
- Минимум 2 години искуство во кредитна администрација/операции/кредитно работење (банка/штедилница).
- Познавање на кредитна документација, обезбедувања (залози, хипотеки, гаранции) и основи на книжење/доспевања.
- Одлична ориентација кон детали и работа под рокови; способност за следење чек-листи и контроли.
- Познавање на core-banking систем и MS Office (Excel/Word); пожелно искуство со /архива.
Детални работни задачи:
- Проверка на комплетност и исправност на кредитна документација по одобрување (одлуки, договори, анекси, изјави, полиси, согласности).
- Подготовка на кредитни договори и придружни документи согласно одобрени услови и шаблони, во координација со правна служба (кога е потребно).
- Организација и контрола на потписни процеси; проверка на овластувања и идентитети согласно процедури.
- Внесување/параметризација на кредити во core-banking систем: износи, рокови, камати, грејс, планови на отплата, провизии и колатерали.
- Контрола пред исплата: проверка на исполнети предуслови (conditions precedent), обезбедувања, уплати на провизии, полиси/осигурување.
- Иницирање и спроведување исплати на кредитни средства согласно одобрение и намена; координација со платен промет/сметководство.
- Евиденција и следење на обезбедувања: регистрација, важност, полиси, проценки, периодични обновувања; алармирање за истек.
- Администрација на промени во текот на животниот циклус: анекси, рефинансирање, репрограмирање, промена на каматни услови, предвремена отплата.
- Следење доспевања и пресметки: рати, камати, затезни камати (во рамки на улога); иницирање корекции при системски/оперативни грешки.
- Координација со Наплата/Ризици за доцнења: подготовка на извештаи, документација, блокади/мерки согласно процедури.
- Архивирање и управување со документација: физичка и/или електронска архива (DMS), одржување трага и контролни листи.
- Подготовка на редовни и ад-хок извештаи за кредитно портфолио (обем, статуси, обезбедувања, истекувања, исполнети услови) за раководство и други сектори.
- Поддршка при ревизии и инспекции: обезбедување кредитни досиеја, доказна документација и објаснувања.
- Учествување во подобрување на процеси и контроли во кредитна администрација (стандардизација, дигитализација, намалување грешки).

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Капитал Банка АД Скопје, испратете ја вашата биографија на: [email protected].
Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и ќе биде земено предвид во процесот на селекција. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои ги исполнуваат условите од огласот.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по завршување на огласот, во зависност од бројот на пријави.
Апликацијата ќе биде третирана како доверлива. Со доставување на апликацијата, кандидатот дава согласност неговите лични податоци да се користат исклучиво за потребите на процесот на селекција, во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Повеќе информации можете да најдете во Политиката за приватност на веб-страницата на Банката.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
