Банки
НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa
Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестижниот светски фудбалски настан, шансите да го остварите вашиот сон се тука.
Пазарувајте со Visa НЛБ картичките и учествувајте во наградната игра на НЛБ Банка и Visa – „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“. Само една трансакција од минимум 500 денари може да ве однесе на најголемата фудбалска сцена во светот.
До 20 март 2026 година, љубителите на фудбалот и клиентите на НЛБ Банка имаат единствена можност да учествуваат во наградната игра „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“. Двајца среќни добитници ќе добијат пакет аранжмани за патување за двајца на четвртфиналето во Мајами, а ќе бидат доделени и триесет други вредни награди, овозможени од Visa. Главното извлекување на наградите е на 23 март, 2026 година.
Никогаш поблиску до трибините на „FIFA World Cup“
Секоја безготовинска трансакција од минимум 500 денари со која била Visa НЛБ картичка е вашата шанса да учествувате во извлекувањето. Двојно поголема можност за добивка ви носи секоја безготовинска трансакција со која била Visa НЛБ картичка од минимум 500 денари, направена преку NLB Pay. Без разлика дали купувате во продавница или онлајн, секоја трансакција се брои и ги зголемува вашите шанси да навивате од трибините на „FIFA World Cup 26™“. Можност за учество имаат сите иматели на Visa дебитни и Visa кредитни картички (Visa Debit, Visa Classic, Visa Gold).
Направете го победничкиот потег
Побарајте ја вашата нова Visa НЛБ картичка и не заборавајте да ја дигитализирате за уште поголеми шанси за победа. Единствено во НЛБ Банка можете да ја имате вашата Visa дигитална картичка веднаш, подготвена за плаќање. А кога пазарувате, не само што уживате во леснотијата и безбедноста со Visa НЛБ картичките, туку сте и чекор поблиску до извонредни награди. Патот до незаборавните моменти на „FIFA World Cup 26™“ започнува со само една трансакција.
Анализи
Кредитите растат двојно побрзо од депозитите: Што покажуваат монетарните податоци за јули?
Кредитната активност во Македонија продолжи да расте во јули 2026 година, при истовремено зголемување на депозитите на домаќинствата. Според најновите податоци на Народната банка, вкупните кредити на месечно ниво се зголемиле за 0,8%, а на годишно ниво за 13,3%.
Паричната маса во јули забележала минимален месечен раст од 0,1%, додека на годишно ниво е зголемена за 8,3%.
Депозитите на домаќинствата растат, корпоративните се намалуваат
Вкупните депозити во јули се намалиле за 0,4% на месечно ниво, што целосно се должи на падот на депозитите на корпоративниот сектор. Од друга страна, депозитите на домаќинствата продолжиле да растат.
На годишно ниво, вкупните депозити се повисоки за 8,8%, пред сè поради зголемените заштеди на домаќинствата.
Депозитите на домаќинствата во јули пораснале за 1,6% месечно, а на годишно ниво бележат значителен раст од 11,1%.
Кај корпоративниот сектор, пак, депозитите се намалиле за 4,6% во однос на јуни, иако на годишна основа се повисоки за 2,9%.
Кредитирањето продолжува со силен раст
Кредитите на корпоративниот сектор во јули пораснале за 0,7% месечно, додека на годишно ниво растот достигнува 14,5%. Растот е предводен од кредитите во денари.
Кај домаќинствата, кредитите се зголемиле за 0,9% во однос на претходниот месец, а на годишно ниво се повисоки за 12,2%.
Особено силен годишен раст бележат станбените кредити, кои се зголемиле за 16,6%, додека потрошувачките кредити пораснале за 12,1%.
Автомобилските кредити во јули се намалиле за 0,3% на месечно ниво, но на годишна основа се повисоки за 5,6%.
Од друга страна, кредитите преку кредитни картички се намалиле за 4% на годишно ниво, додека негативните салда на тековните сметки бележат пад од 5,4%.
Податоците покажуваат продолжување на кредитниот циклус во македонската економија, со особено изразена активност кај корпоративното и станбеното кредитирање, додека домаќинствата истовремено продолжуваат да ги зголемуваат своите депозити.
Банки
НОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
Нови можности за сигурно и исплатливо вложување на заштедите нуди Комерцијална банка со новите орочени денарски и девизни депозити и детско штедење „Верверичка“ на 25 и на 40 месеци.
Покрај, стабилен принос, предвидливост и долгорочна финансиска сигурност, новите депозити нудат и фиксни каматни стапки.
Со новите орочени депозити, клиентите можат да изберат рок кој најдобро одговара на нивните финансиски планови, а притоа да уживаат во гарантиран принос во текот на целиот период на штедење. Дополнителна предност е што можат да изберат исплата каматата да се исплаќа месечно или по истекот на рокот на орочување, со што добиваат поголема флексибилност и прилагодување на личните потреби.
Минималниот износ за орочување е 100.000 денари за денарските депозити и 5.000 евра за девизните депозити.
„Веруваме дека доброто штедење треба да биде едноставно, сигурно и исплатливо. Новите орочени депозити на 25 и на 40 месеци се наш одговор на потребите на клиентите за долгорочно вложување со атрактивен и гарантиран принос и со целосна предвидливост и сигурност гарантирана од банка со над 70 годишно постоење“, вели Габриела Миленковиќ, директор на Секторот за работа со население во Комерцијална банка.
Новитетот е дел од континуираните заложби на Комерцијална банка за развој на современи финансиски решенија кои ги следат потребите на клиентите и им помагаат поефикасно да ги планираат личните и семејните финансии.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Банката.
Банки
Промена во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка, именуван нов член
ПроКредит Банка АД Скопје ја извести Македонската берза за промени во составот на својот Надзорен одбор, откако Народната банка дала претходна согласност за именување нов член.
Според известувањето, со решение на Народната банка од 24 јули 2026 година е дадена претходна согласност Кристоф Вилхелм Хајнрих Бек да биде именуван за член на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје со мандат од четири години.
Истовремено, од тековниот состав на Надзорниот одбор е избришан досегашниот член Ермола Биболи, поради поднесена оставка.
По промените, Надзорниот одбор на банката брои шест членови: Јованка Јолеска Поповска, Кристијан Едгардо Дагроса, Елена Наумовска како независен член, Нор Дрис, Маида Захировиќ Салом како независен член и Кристоф Вилхелм Хајнрих Бек.
Известувањето за промените е доставено до Македонската берза во согласност со обврските за објавување податоци поврзани со органите на управување и раководење на банката.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк





