Останато
Координација со Светска банка за дигитализацијата на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) продолжува со спроведување на дигиталната трансформација, во тесна соработка со Светска банка. Во рамките на оваа стратешка соработка, одржан е координативен состанок меѓу тимот на УЈП и експертите од Светска банка, со цел следење на напредокот и усогласување на идните чекори во процесот на дигитализација.
Дигиталната реформа на УЈП е дел од поширока иницијатива за модернизација на јавните институции и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните и деловната заедница. Реформата се спроведува со финансиска поддршка од Светска банка, преку заемски и грант-средства, кои се насочени кон реализација на конкретни, технолошки и организациски подобрувања.
На координативниот состанок беа разгледани неколку клучни прашања:
• Терминско усогласување на јавните набавки – со цел навремена и ефикасна реализација на проектните активности;
• Координација за експертска поддршка и обуки – што ќе овозможи зголемување на капацитетите на вработените и подобро управување со процесите;
• Прилагодување на приоритетите – во согласност со динамиката на реализација и потребите на корисниците.
Во рамки на дигитализацијата, во моментов се спроведуваат неколку клучни проекти:
• Развој на складиште на податоци (Data Warehouse) за подобрено управување и анализа на фискалните информации;
• Имплементација на алатки за деловна интелигенција (Business Intelligence), кои ќе овозможат попрецизни извештаи и поддршка при одлучување;
• Модернизација на даночните услуги и Контакт центарот, што директно ќе придонесе кон подобро корисничко искуство.
Соработката со Светска банка се одвива со високо ниво на професионалност и взаемна посветеност, а очекувањата се дека овие проекти значително ќе ја зголемат ефикасноста, транспарентноста и довербата во УЈП. Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон создавање на дигитално одговорна, модерна и граѓански ориентирана администрација.
Останато
Флекс Кредит ги награди најуспешните вработени

Флекс Кредит доделија речиси 50 ваучери за патување на вработените кои постигнале најдобри резултати за првата половина од 2025 година.
Вработени од филијалите, кредитниот оддел и административна поддршка беа наградени со ваучер како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати.
Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш гопотврдува значењето што го дава на препознавањеи вреднување на трудот и ангажманот на своитевработени.
Ваучерите за патување имаат за цел да обезбедатдополнителна мотивација, но и да поттикнат баланспомеѓу работата и личниот живот на вработените. Ваквиот пристап е дел од пошироката стратегија накомпанијата за создавање позитивна и поддржувачка работна средина, каде што се ценииндивидуалниот и тимскиот придонес.
Флекс Кредит, со над 400 вработени, е еден однајголемите работодавачи во својата дејност воМакедонија. Континуирано инвестира во развој начовечки ресурси преку различни програми занаградување, унапредување и обуки, со што создавауслови за професионален и личен раст на секојвработен.
Останато
Шеста година по ред „Среќно прваче“ -Халкбанк им подари Буквар за финансиска писменост на првачињата

Со Буквар за финансиска писменост и училиштен прибор, Халкбанк им посака топло добредојде на првачињата од општините Кисела Вода, Прилеп и Берово. Активноста е дел од иницијативата „Среќно прваче“, која банката ја спроведува шеста година по ред, со цел да ја поддржи едукацијата на децата уште од најмала возраст. Годинава, првачињата на училишните клупи ги пречека пакетче со ликот на слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халки и носител на голем број активности за општествена одговорност на банката.
Букварот за финансиска писменост содржи триесетина основни финансиски поими кои се илустрирани и опишани на јазик разбирлив за возраста на првачињата. Преку него тие можат да ги научат основите на финансиската писменост и да стекнат корисни навики за штедење.
„Среќно прваче е една од нашите најдраги активности бидејќи е посветена на првачињата, кои денес, на 1-ви септември, почнуваат нова епизода во својот живот. Нашата цел е преку специјално дизајнираните пакетчиња да им испратиме порака дека учењето нови работи може да биде забавно и на тој начин да се почувствуваат прифатени во новата училишна средина. Букварот на Халки е уникатно издание кое на првачињата ќе им овозможи да научат и нешто ново и интересно за финансиската одговорност“, вели вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Иницијативата „Среќно прваче“ секоја година се спроведува во различни општини од повеќе региони во Македонија. Годинава, од скопските општини, е вклучена Кисела Вода, каде активноста ќе се реализира во сите осум основни училишта.
„Грижата за децата е еден од стожерите во работата на Општина Кисела Вода и токму затоа со задоволство се вклучивме во иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк, која веќе традиционално претставува симбол на внимание и посветеност кон најмладите. Образованието не е само она што се стекнува во училишните клупи, туку и градењето корисни навики кај децата преку примери на општествена одговорност и креирање подобри услови за нивен непречен раст и развој. Само заедно, со учество на сите општествени фактори, можеме да изградиме подобра заедница за нашите млади, за нашата иднина“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода.
Дополнително, Халкбанк ќе им посака среќен почеток и на сите првачиња во општините Прилеп и Берово.
„Горд сум што Општина Прилеп се приклучува на овааопштествено – одговорна иницијатива „Среќно прваче“ на Халкбанк. Со подарување пакетчиња за првачињата, заедно се грижиме да им обезбедиме радосен и достоинствен почеток на новата учебна година. Особена вредност има што покрај основниот училишен прибор, децата го добиваат и „Букварот на Халки“, кој ги запознава со важните теми на финансиската писменост уште од најмала возраст“, изјави градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.
„Искрена благодарност до Халкбанк за донираниот училишен прибор за нашите најмали – првачињата. Оваа донација е прекрасен гест и силна поддршка за нивниот прв чекор во образованието. Заедно со вакви партнери градиме посветла иднина за децата и вложуваме во највредното –знаењето“, рече градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Покрај „Среќно прваче“, Халкбанк преку слончето Халки спроведува голем број активности за поддршка на децата и младите, кои главно се насочени кон градење позитивни навики за инклузија, заштита на животната средина, развој на креативноста, одговорно родителство.
Останато
Гувернерот Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%

Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%.
„Сè уште имаме повисоки инфлациски очекувања во државава, коишто ја поттикнуваат инфлацијата. Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика. Сепак, со постојано преземање монетарни мерки и со одговорна фискална политика ќе се обезбеди стабилност и пониска инфлација“, појаснува гувернерот Трајко Славески во интервју за „Радио Слободна Европа“.
Народната банка ја задржа истата референтна каматна стапка од почетокот на годината и презеде мерки за задолжителната резерва, заради стимулирање на штедењето и за одржување на финансиската стабилност. Гувернерот истакна дека само со внимателно комбинирање на монетарни и фискални политики, фокусирани на долгорочни капитални инвестиции, може да дојде до трајно пониски нивоа на инфлација.
Славески нагласува дека на Владата не ѝ одговара висока инфлација, напротив – стабилната и ниска инфлација е во интерес на сите, како на граѓаните, така и на приватниот сектор и на државните политики.
-
Продуктипред 2 месеци
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 2 месеци
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 2 месеци
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 2 месеци
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 2 месеци
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Продуктипред 1 месец
Од денес Apple Pay достапен во Македонија преку НЛБ Банка