Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка започна со исплата на јануарските пензии

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за јануари од денес (понеделник – 30.01.2023 година). Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од понеделник 30.01.2023 година и може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

  • Понеделник, 30.01.2023 година, исплата на пензии до 11.000 денари,
  • Вторник, 31.01.2023 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
  • Среда, 01.02.2023 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
  • Четврток, 02.02.2023 година, исплата на пензии над 18.000 денари.

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, од Комерцијална банка апелираат при посетата на филијалите и експозитурите на Банката строго да се почитува наведениот распоред, да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Објавено

на

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Објавено

на

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Објавено

на

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно