Бизнис
Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година
Иуте Естонија, водечка финтек групација во Европа, под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултатите од првите три месециработење во 2024 година, со нето добивка од 2.2 милиони евра и вкупни приходи од 26.4 милиони евра, бележејќипораст од 3.5% во споредба со истиот период од минатата година.
Компанијата освен што бележи уште едно исклучително тромесечие, остана доследна на својата мисија, визија и определба за ставање фокус исклучиво на квалитет и подобрено корисничко искуство. На овој начин, со оваа динамика и стратешка поставеност, годишните таргети за приход од 120 милиони евра и нето добивка од 15 милиони евра се сосема остварливи.
“Нашите напори да инвестираме повеќе во квалитет наспроти квантитет вродија со плод, приоритет и понатаму останува креирање на поголема вредност за нашите клиенти. Со други зборови, и покрај тоа што нашата цел останува надминување на бројката од 300 милиони евра кредитно портфолио, патот кој треба да го изодиме дотаму е исклучиво со унапредување на квалитетот на истото. Затоаособено нé радува позитивниот тренд во првиот квартал во делот на наплатата, кој надмина 90%. Во насока на етичко и одговорно кредитирање, се стремиме да привлечеме што повеќе клиенти кои се кредито-способни, а за да го постигнеме ова на ниво коешто го посакуваме, ќе работиме дополнително на едукација на клиентите, на дигиталната писменост, пред се на нивната доверба и навлегување во сржта на нивните потреби. Колку поголема реална вредност ќе креираме за нив, толку поуспешна ќе биде приказната на Иуте. Изминатава година имавме значителен технолошки напредок и со новите интегрирани модели за корисничко искуство базирани на машинско учење и наука базирана на податоци, очекуваме уште повеќе да се доближиме до потребите на клиентите, преку етичко одговорно кредитирање и намалување на кредитниот ризик.”, вели Тармо Силд, Извршен Директор на групацијата Иуте во Талин.
Клучот на успехот на групацијата лежи и во континуираниот напредок кон креирање на целосен и подобар еко-систем на сите пазари каде што се нудатуслугите, пришто приходите од платежните и осигурителните операции веќе бележат значитечен раст и испорачуваат одлични резултати.
Извршниот Директор на Иуте Македонија Биљана Мишиќ,вели дека перформансот на Иуте Македонија е над таргетираните очекувања.
“Благодарение на имплементацијата на моделите на машинско учење и напредните аналитики, исплатите во првиот квартал од годината пораснаа за 40% споредено со истиот период минатата година. Воедно, квалитетот на портфолиото во континуитет се подобрува, при што наплатата до 30 дена во првиот квартал достигна 93% на исплатените кредити. Од големо значење за квалитетот на портфолиото има и ново-воведениот сервис на МКБ за автоматска проверка на приходите на клиентите, што воедно допринесува за одговорно кредитирање и непрезадолжување на клиентите. Инвестициите во технологијата и проширувањето на сегментот на услуги остануваат наш најголем приоритет.” , вели Мишиќ.
Таа посочи дека измените на Законот за финансискидруштва од страна на Министерството за финансии, како и новиот Правилник за работење на финансиските друштва ќе придонесат дополнително кон поголема заштита наклиентите, како и подобрување на репутацијата на финтек индустријата.
Подолу следи сумирање на групациските достигнувања:
Стратегиски резултати на групациско ниво
• 271 илјада активни корисници (31.12.2023: 274 илјади), со приход по клиент во износ од 379 евра (3М/2023: 360евра)
• Вкупниот број на корисници порасна на 1 милион (31.12.2023: 992 илјади)
• Консолидираниот биланс на групата се зголеми за 3.7%изнесувајќи 389.8 милиони евра, а капиталот се зголеми за 5.5%, изнесувајќи 67.7 милиони заклучно со31.03.2024
• MyIute апликацијата достигна бројка од 900 илјади симнувања заклучно со 31.03.2024 (31.12.2023: 813 илјади симнувања)
• Прва исплата на дивиденда на ЕнергБанк во износ од 3.3 милиони евра (јануари 2024)
Оперативни резултати на групациско ниво
• Исплатата на кредити порасна за 29.7%, достигнувајќи 82.1 милион евра (3М/2023: 63.3 милиони евра)
• Бројот на одобрени кредити се намали на 75 илјади (3М/2023: 84 илјади)
• Бруто портфолиото на кредити порасна за 4.9изнесувајќи 264.3 милиони евра (31.12.2023: 252милиони евра), од коишто принципалниот износ на кредити порасна за 19.6%, изнесувајќи 244 милиони евра (31.12.2023: 204 милиони евра)
• Нето портфолиото на кредити порасна за 5.5% изнесувајќи 245 милиони евра (31.12.2023: 232.1 милиони евра),
• Вкупната мрежа на бескартични банкомати достигна бројка од 78
Финансиски резултати на групациско ниво
• Приходите од камати и провизии се намалија за 2.6%, изнесувајќи 22.4 милиони евра (3М/2023: 22.9 милиони евра), небанкарско портфолио, како резултат на понискиот приход од државни обврзници во ЕнергБанк
• Нето приходите од камати и провизии се намалија за10.5%, изнесувајќи 15 милиони евра (3M/2023: 16.8милиони евра), небанкарско портфолио, како резултар на повисоките трошоци и пад на каматните стапки
• Вкупниот приход порасна за 3.5%, изнесувајќи 26.4милиони евра (3М/2023: 25.5милиони евра).
• ЕБИТДА, приспособена за курсни разлики и приходи од Енергбанк, се намали за 10.1%, изнесувајќи 10.6милиони евра (3М/2023: 11.8 милиони евра), прилагодена на еднократните трошоци поврзани со аквизиција на ЕнргБанк и во износ од 0.9 милиони евра
• Нето добивка во износ од 2.2 милиони евра, споредбено со 2.8 милиони евра во истиот период од минатата година
Во изминатите осум години, Иуте Македонија како дел одгрупацијата Иуте Естонија одигра огромна улога во редефинирање на финансиското опкружување во финтек секторот во Македонија, наметнувајќи сосема нови стандарди во делот на дигитализацијата и корисничкото искуство. Со ребрендирање од Иуте Кредит во Иуте, компанијата веќе работи на проширување во многу нови финансиски сегменти на работење, со што покрајкредитирањето ќе се понудат платежни услуги и осигурување.
На тој начин, како финтек и лидер во дигиталната трансформација, Иуте се подготвува да стане целосен финансиски партнер на граѓаните, преку одговорно, безбедно и сосема поразличнo дигитално корисничко искуство.
Бизнис
ОКТА го намалува дизелот за два денари по литар, но дали ќе поевтини и на бензинските пумпи?
Компанијата ОКТА воведува привремен попуст од два денара по литар дизел гориво за трговците на големо и мало, кој ќе важи од 20 октомври до 2 ноември 2026 година.
Станува збор за мерка со која компанијата има цел да го поддржи домашниот пазар на горива и да го ублажи влијанието на нестабилните цени на меѓународните пазари.
Сепак, намалувањето на цената по која ОКТА го испорачува дизелот не значи дека горивото автоматски ќе поевтини за два денара и на бензинските пумпи. Конечните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат трговците, во согласност со нивните комерцијални политики и состојбите на пазарот.
Од ОКТА информираат дека оваа мерка е продолжение на активностите за поддршка на домашниот пазар што компанијата ги спроведува од март годинава. Со најновиот попуст, вкупната вредност на поддршката од март 2026 година се очекува да достигне околу осум милиони евра.
Целта на мерките е да се придонесе за поголема стабилност и конкурентност на пазарот на горива во земјава, во услови на неизвесност на глобалните енергетски пазари.
Дали возачите ќе почувствуваат олеснување при полнењето гориво, ќе зависи од одлуките на бензинските пумпи, односно од тоа дали и во колкав износ ќе го пренесат добиениот попуст врз крајните потрошувачи.
Бизнис
ССКМ организира тркалезна маса за поголемо учество на бизнис-заедницата во реформските процеси
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) ќе организира Национална тркалезна маса на тема „Посилен глас на бизнисот за реформите“, со цел да се поттикне поголема вклученост на компаниите во креирањето економски политики и спроведувањето на реформите во земјава.
Настанот, кој ќе се одржи во Скопје, ќе биде посветен на улогата на приватниот сектор во реформските процеси, како и на можностите за зајакнување на соработката и дијалогот меѓу деловната заедница и надлежните институции.
Во фокусот на дискусијата ќе бидат начините на кои компаниите можат поактивно да учествуваат во донесувањето одлуки што директно влијаат врз нивното работење, деловната клима и економскиот развој.
Преку размена на мислења, искуства и конкретни предлози, тркалезната маса има за цел да придонесе кон подобро усогласување на реформските политики со реалните потреби и предизвици со кои се соочува стопанството.
Посебно внимание ќе биде посветено на потребата од поефикасна комуникација меѓу бизнис-секторот и институциите, со цел ставовите и иницијативите на компаниите да добијат поголема тежина при подготовката и спроведувањето на реформските мерки.
Националната тркалезна маса ќе претставува платформа за конструктивен дијалог и формулирање предлози насочени кон создавање поповолно деловно опкружување и поттикнување на конкурентноста на македонската економија.
Бизнис
Македонските аеродроми со 3,33 милиони патници за девет месеци: Раст од 29% на годишно ниво
Воздушниот сообраќај во Македонија продолжува да бележи силна позитивна динамика, покажуваат податоците на операторот ТАВ Македонија за периодот јануари – септември 2026 година.
Во првите девет месеци од годинава, аеродромите во Скопје и Охрид опслужиле вкупно 3.331.685 патници, што претставува зголемување од 29% во споредба со истиот период минатата година.
Истовремено, бројот на летови достигнал 22.147, што е за 10% повеќе на годишно ниво.
Најголемиот дел од патничкиот сообраќај се реализирал преку Меѓународниот аеродром Скопје, кој опслужил 3.065.692 патници, со годишен раст од 29,07%.
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, забележал 265.993 патници, што претставува зголемување од 26,76%.
Разликата меѓу растот на бројот на патници и растот на бројот на летови покажува дека просечниот број патници по реализиран лет се зголемил, иако за целосна процена на искористеноста на капацитетите се потребни податоци за бројот на расположливи седишта.
Растот на воздушниот сообраќај има значење за повеќе сегменти од домашната економија, вклучувајќи го туризмот, угостителството, транспортот, трговијата и услугите.
За компаниите, поголемата поврзаност со странските пазари може да придонесе за полесно реализирање деловни патувања и подобра меѓународна достапност.
Сепак, бројот на аеродромски патници не треба директно да се поистоветува со бројот на странски туристи, бидејќи статистиката ги опфаќа и домашните патници, деловните патувања и другите категории патнички сообраќај.
Редакција Банкарство
-
Банкипред 2 месеци10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 2 месециМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Банкипред 2 месециКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка денеска ги исплаќа августовските пензии
-
Банкипред 2 месециХалкбанк започна со исплата на августовските пензии
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Самоил Крстевски | Сопственик на маркетинг агенција Media Lab Solution
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка нема да работи на 28 август поради празникот Голема Богородица





