Connect with us
no baners

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

Согласно долгогодишната практика која ја негува Економскиот факултет – Скопје, Деканот, проф. д-р Предраг Трпески, во присуство на Проректорката за настава на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска доделија ваучери во износ на едногодишна партиципација/школарина на студентите кои оствариле просек 10.00 од почетокот на нивното студирање:

Едон Реџепи, студент на департман Финансии,

Радан Станковиќ, студент на департман Меѓународна трговија,

Игор Стојков, студент на департман Менаџмент и претприемништво.

На студентите со највисок просек во студирањето кои дипломирале во учебната 2022/2023 година, им беа доделени посебни признанија за успех, оваа година имаме двајца студенти на генерација:

Габриела Козараова, департман Маркетинг, просек 9,88 и

Кристина Стоилковска, департман Е-бизнис, просек 9,88.

Втор најдобар успех во генерацијата остварил Александар Николовски, департман Финансиски менаџмент, просек 9.84 и Пале Ѓорѓиева, департман Е-бизнис, просек 9,75.

И оваа година во рамките на промоцијата како дел од прославата на годишнината од основањето на Економскиот факултет, се доделува награда за најдобар дипломски труд.

Комисијата за избор на најдобар дипломски труд (во состав: проф. д-р Калина Треневска, проф. д-р Александра Јанеска Илиев и проф. д-р Борче Треновски) за најдобар дипломски труд одбранет во учебната 2022/2023 го избра трудот на кандидатот Илија Васиљески, под наслов „Енергетската eфикасност и енергетската интензивност-економска процена на избрани земји од Европа“, под менторство на проф. д-р Пеце Недановски.

Деканот, проф.д-р Предраг Трпески, покрај ваучерите и посебните признанија за успех им ги врачи дипломите и на останатите студенти дипломирани во учебната 2022/2023 година.

Фото: Економски факултет-Скопје

no baners
no baners

Останато

Народна банка: Цените на становите во Скопје пораснаа 10,3%, но растот забавува

Објавено

на

Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат, но со побавно темпо. Според најновите податоци на Народната банка, во третиот квартал од 2026 година годишниот раст на цените на становите изнесувал 10,3%.

Во споредба со претходниот квартал, кога годишниот раст изнесувал 13,4%, забележливо е натамошно забавување на растот на цените.

На квартална основа, односно во однос на вториот квартал од годинава, цените на недвижностите се зголемиле за 1,3%.

Од Народната банка посочуваат дека Индексот на цени на станови се однесува исклучиво на територијата на градот Скопје. Индексот се пресметува врз основа на огласените цени за продажба на станови, а не врз основа на цените по кои трансакциите навистина биле реализирани.

Податоците покажуваат дека и покрај забавувањето, цените на становите во главниот град и натаму се на значително повисоко ниво во споредба со истиот период минатата година.

Продолжи со читање

Останато

Златото во пад: Надолниот тренд сè уште доминира

Објавено

на

Цената на златото забележа пад во најновото тргување, продолжувајќи да се движи под притисок на краткорочниот надолен тренд.

Негативниот притисок е засилен од фактот што златото се тргува под 50-дневниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), што во изминатиот период ги ограничуваше обидите за закрепнување на цената.

Истовремено, краткорочниот тренд и натаму останува негативен, а цената се движи во близина на поддржувачката тренд-линија.

Сепак, техничките индикатори покажуваат и одредени позитивни сигнали. Индикаторите на релативна сила достигнале препродадени нивоа, што може да придонесе за поголеми осцилации или краткорочно стабилизирање на цената во наредниот период.

Засега, движењето на златото останува под влијание на надолниот тренд, додека пазарот следи дали техничките сигнали ќе бидат доволни за посериозен обид за закрепнување.

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во еврозоната на највисоко ниво во последните три години

Објавено

на

Инфлацијата во еврозоната значително забрза во септември и достигна 3,8%, што е највисоко ниво во последните три години, покажуваат прелиминарните податоци на европската статистичка служба.

Годишната стапка на инфлација, мерена според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во септември изнесувала 3,8%, што е највисока стапка од септември 2023 година.

Во август инфлацијата изнесувала 3,2%, според ревидираните податоци.

Енергијата повторно главен двигател на растот на цените

Најсилен раст на цените и во септември е забележан кај енергијата.

Во споредба со истиот месец минатата година, цените на енергијата пораснале за дури 18,8%, додека во август годишниот раст изнесувал 14,3%.

Забрзал и растот на цените на свежата храна. Во септември тие биле повисоки за 4% на годишно ниво, наспроти раст од 2,7% еден месец претходно.

Услугите во септември биле поскапи за 3,2% во споредба со истиот период минатата година, со нешто посилен раст отколку на крајот на летото.

Основната инфлација се искачи на 2,2%

Кога од пресметката ќе се исклучат енергијата и свежата храна, потрошувачките цени во еврозоната во септември биле повисоки за 2,2% во споредба со истиот месец лани.

Во август основната инфлација изнесувала 2,1%.

Податоците покажуваат дека ценовните притисоци не се ограничени само на енергетскиот сектор, иако токму енергијата и натаму има најголемо влијание врз вкупната инфлација.

Цените пораснале и на месечно ниво

Во споредба со август, потрошувачките цени во еврозоната во септември се зголемиле за 0,6%.

Во август месечниот раст изнесувал 0,4%.

И на месечно ниво, енергијата бележи најсилно поскапување. Цените во септември се зголемиле за 3,9% во споредба со претходниот месец, по растот од 2,9% во август.

Новото забрзување на инфлацијата повторно го зголемува вниманието кон идните одлуки на Европската централна банка, особено во услови кога растот на цените повторно се оддалечува од целта за инфлација од околу 2%.

Движењето на инфлацијата во наредните месеци ќе биде еден од клучните фактори што ќе влијаат врз монетарната политика на ЕЦБ и идната насока на каматните стапки во еврозоната.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange