Connect with us

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. 

Во образложението на одлуката за реизбор се истакнува дека резултатите од работата на извршните директори и членови на Управниот одбор на КаСис изминативе години се евидентни. Компанијата ги зголеми приходите и профитот од кој дел се реинвестираше во опрема и софтвер со врвна технологија за унапредување на услугите во чекор со светските трендови. КаСис во континуитет е стабилен и доверлив партнер на банките и е-трговците во доменот на процесирање трансакции со платежни картички, управување со АТМ и ПОС мрежа, е-трговија, персонализација на дебитни и кредитни платежни картички и неплатежни картички, сервиси на дежурен центар. Сите услуги се на највисоко ниво на безбедност потврдено со сертифицираност од страна на MasterCard / Visa / Diners International (DCI).

Во изминатиот мандат како тим успеавме да ја зацврстиме лидерската позицијата на КаСис во индустријата преку извонредниот квалитет на услугите, максималната сигурност и технолошки софистицирани и напредни решенија усогласени со потребите на клиентите. Тоа го постигнавме благодарение на професионалноста и посветеноста на сите вработени, кои го вложуваат целокупниот личен и деловен капацитет во задоволството на клиентите. Новиот четиригодишен мандат е ветување за уште поголеми залагања и резултати кои ќе ја позиционираат компанијата подеднакво доминантно и на регионалниот пазар.“ – стои во изјавата на Управниот одбор. 

Анализи

Инфлацијата падна од 5,7% на 2,3% во јули – но зошто граѓаните не чувствуваат олеснување?

Објавено

на

Инфлацијата во Македонија во јули се намали на 2,3%, што претставува значително забавување во однос на претходните месеци – во јуни изнесуваше 3,4%, а во април високи 5,7%.

Сепак, пониската инфлација не значи дека производите поевтинеле. Таа покажува дека цените сега растат со побавно темпо, додека поскапувањата од претходните години и натаму се вградени во цените на храната, домувањето и останатите основни трошоци.

Според Државниот завод за статистика, трошоците на животот во јули биле 2,3% повисоки во однос на истиот месец лани, додека на месечно ниво се зголемиле за 0,1%.

Иако денешните стапки се значително пониски од инфлацискиот удар во 2022 година, за граѓаните останува поинаква слика. Семејните буџети и натаму се под притисок, бидејќи платите и куповната моќ треба да растат доволно брзо за да го надоместат претходниот раст на цените.

Токму затоа, намалувањето на инфлацијата е позитивен сигнал за економијата, но не значи автоматско поевтинување на животот. Реалното олеснување за домаќинствата ќе се почувствува тогаш кога приходите ќе овозможат повторно да се купува повеќе со истиот месечен буџет.

Со други зборови: инфлацијата паѓа, но сметките и трошоците не се враќаат на старото ниво.

Продолжи со читање

Останато

НЛБ предупредува на лажни СМС пораки: Не отворајте сомнителни линкови

Објавено

на

НЛБ ги предупредува граѓаните на појава на лажни СМС пораки во кои се злоупотребуваат името и брендот на банката, со цел од корисниците да се приберат лични и банкарски податоци.

Во пораките, примателите се повикуваат да отворат линк и да внесат или потврдат лични податоци, информации од платежни картички или податоци поврзани со електронското и мобилното банкарство.

Од НЛБ апелираат корисниците да не кликаат на непознати и сомнителни линкови и да не внесуваат доверливи информации преку нив.

„НЛБ никогаш нема да побара од вас лозинка, ПИН или други доверливи податоци преку СМС линк“, посочуваат од банката.

Граѓаните се советуваат внимателно да ја проверат секоја порака и нејзиниот извор пред да споделат какви било податоци.

Ваквите пораки се форма на т.н. „smishing“ измама, односно обид преку СМС и лажен линк да се дојде до чувствителни податоци кои подоцна можат да бидат злоупотребени.

Од НЛБ порачуваат корисниците да бидат внимателни и навремено да ги заштитат своите лични податоци и финансиски средства.

Продолжи со читање

Останато

КБ Прво пензиско друштво со промени во Надзорниот одбор

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја извести Македонската берза за промени во составот на Надзорниот одбор на Друштвото.

Согласно одлуките донесени од Собранието на акционери, за членови на Надзорниот одбор повторно се избрани Аленка Жнидаршич Крањц, Јанез Крањц и Анита Бислимовска, додека Кирил Јовановски е избран за нов независен член на Надзорниот одбор.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС донела решенија со кои се одобрува изборот и реизборот на членовите, а нивниот мандат започнал на 4 август 2026 година.

Истовремено, на независниот член на Надзорниот одбор Душица Стевчевска-Србиноска ѝ престанал мандатот заклучно со 3 август 2026 година.

Согласно Решението на Централниот регистар од 6 август 2026 година, Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво сега го сочинуваат:

  1. Аленка Жнидаршич Крањц – член
  2. Маја Стевкова Штериева – член
  3. Јанез Крањц – член
  4. Анита Бислимовска – член
  5. Рок Папич – независен член
  6. Кирил Јовановски – независен член

Информацијата е објавена преку Македонската берза, согласно обврските за известување утврдени со Законот за хартии од вредност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange