Connect with us

Останато

ЕИБ: Фирмите од Централна, Источна и Југоисточна Европа сакаат да инвестираат и покрај влошените услови

Објавено

на

Фирмите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и покрај влошените услови за финансирање во втората четвртина од минатата година, планирале да ги зголемат инвестициите, покажува истражувањето што го спроведе Европската инвестициска банка (ЕИБ) за влијанието на кризата врз корпоративните инвестиции.

Според резултатите од истражувањето, компаниите од овие земји оцениле дека условите за финансирање драстично се влошиле и очекувале условите во нивните сектори да продолжат да се влошуваат, но генерално планирале повеќе да инвестираат во 2022 година во однос на 2021 година.

Истражувањето покажа дека нешто повеќе од една третина од фирмите развиле или вовеле нови производи, процеси или услуги. Употребата на напредни дигитални технологии се проширила односно 67 проценти од компаниите пријавиле дека користат барем една напредна дигитална технологија, а како одговор на притисокот да се приспособат, поголем дел од фирмите изјавиле дека имаат намера да им дадат приоритет на иновациите во следните три години.

Половина од фирмите изјавиле дека климатските промени влијаат на нивниот бизнис, но само една третина се заштитуваат себеси. Најмногу волја за подобрувањето на својата отпорност покажале фирмите во Романија (49 проценти) и Естонија (40 проценти), а најмалку оние во Унгарија (21 процент). Повеќето фирми преземале активности за намалување на нивните емисии на стакленички гасови, особено во Романија (93 проценти) и Полска (90 проценти), но не толку многу во Бугарија (70 проценти).

„За разлика од Европската унија во целина, фирмите во ЦИЈИЕ се повеќе склони да ја перцепираат транзицијата кон построги климатски стандарди како ризик, а не како можност. Инфраструктурниот сектор особено ја гледа транзицијата кон економија со нето-нула емисии во следните пет години како ризик (41 проценти). На ниво на компании истото важи и за фирмите во Литванија (43 проценти); компаниите во Романија, спротивно на ова, најмногу ја гледаат зелената економија како можност”, соопшти Европската инвестициска банка која денеска ги објави резултатите од истражувањето.

Останато

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Институтот на сметководители и овластени сметководители

Објавено

на

Меморандумот предвидува реализација на голем број активности, почнувајќи од континуирана размена на информации, податоци и искуства, преку организирање заеднички обуки и учество во научни и апликативни проекти и студиски посети, па сѐ до соработка и координација во процесот на изготвување на предлог-документи за развој на сметководствената и ревизорската професија. 

„Државниот завод за ревизија постојано се залага за унапредување на професионалните стандарди во областа на ревизијата и управувањето со јавните средства. Потпишувањето на овој меморандум претставува значаен чекор во зајакнувањето на партнерството со ИСОС, со цел да се постигнат уште поголеми резултати во заедничкиот интерес – транспарентност, отчетност и квалитет во финансиското известување“, изјави Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски.

Посебен акцент во соработката двете институции ќе стават на размената на знаења и искуства во имплементацијата на Меѓународните стандарди за финансиско известување и Меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни субјекти, како и на подобрување на ефикасноста и ефективноста во работењето на своите членови и вработени. 

Искажувајќи задоволство од потпишаниот Меморандум, претседателката на ИСОС Весна Прентоска, истакна: „Оваа соработка ќе ни овозможи да ги обединиме силите и знаењата во промовирање на меѓународните стандарди за финансиско известување, како и во поддршка на континуираниот професионален развој на нашите членови. Сигурна сум дека заедничките иницијативи ќе донесат долгорочни придобивки за професијата, но и за државата, националната економија и општеството во целина“.

Првите луѓе на ДЗР и ИСОС заеднички оценија дека ова партнерство претставува значаен чекор кон подобрување на професионалните практики и креирање додадена вредност во работењето на двете институции.

Продолжи со читање

Останато

АЕТМ: Последна можност за гласање – Поддржете ја вашата омилена е-продавница!

Објавено

на

Јавното гласање за „E-commerce Awards 2024“ влегува во својата завршна фаза – денес е последен ден да дадете поддршка на вашата омилена е-продавница. Ова е можност да им оддадете признание на е-трговците кои се издвојуваат со својата посветеност, иновации и врвна услуга во македонската е-трговија.

Оваа година, „E-commerce Awards 2024“ ги наградува најдобрите македонски е- продавници во 23 категории, поделени во три главни секции. Со повеќе од 200 номинирани е-трговци, гласот на потрошувачите игра клучна улога во изборот на најдобрите.

Гласањето е отворено за сите граѓани и се одвива на официјалната веб-страница www.ecommerceawards.mk. Процесот е едноставен и бесплатен – потребно е само да ја внесете вашата валидна е-мејл адреса за потврда на гласот. Рокот за гласање истекува вечерва во 23:59 часот.

Како се избираат победниците?

По завршувањето на јавниот дел од гласањето, следува оценување од страна на стручното жири на овогодинешниот избор. Во конечниот резултат, гласовите од публиката носат 60%, додека пак гласовите на жири-комисијата носат 40%. Категоријата „Најпопуларна е-продавница“ е единствената категорија каде што победникот се избира исклучиво врз основа на гласовите од јавноста, што ја прави оваа награда вистински одраз на довербата и задоволството на онлајн купувачите.

Што добиваат победниците?

На свечениот настан за доделување на наградите кој ќе се оддржи во март 2025 година, победниците со најмногу поени ќе добијат престижни статуетки како признание за нивната извонредност во е-трговијата и виртуелни беџови со освоената награда кои ќе можат да ги постават на своите е-продавници, и со кои ќе можат да влијаат за зголемување на довербата кај постојните и потенцијалните онлајн купувачи.

Зошто е важен овој избор?

„E-commerce Awards 2024“ не е само избор – тоа е иницијатива што има за цел да го поттикне развојот на македонската е-трговија и да ги истакне најдобрите практики, да ја зголеми конкурентноста и да ги мотивира е-трговците за подобрување на нивните услуги, но и да им даде глас на потрошувачите, кои преку своите гласови можат да влијаат врз тоа кои е-продавници ќе добијат признание за својата работа.

Оваа година, наградите за е-трговија се организираат со поддршка на PRIME партнерите – ИУТЕ и Mybox, како и други реномирани партнери од приватниот сектор, кои заедно придонесуваат за развојот на е-трговијата во Македонија.

Повеќе детали за изборот може да погледнете на официјалната веб страница: https://ecommerceawards.mk/.

Продолжи со читање

Криптовалути

Binance ќе ја организира првата средба со корисници во Сараево

Објавено

на

Binance, водечката светска криптовалутна берза, го најавува првиот Binance Community Meetup – средба со корисници во Босна, Сараево. Овој настан ќе биде уникатна можност за членовите на крипто заедницата да се сретнат со претставници на Binance, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства, и во регионот и на глобално ниво.

Првиот Binance Meetup во Босна е закажан за 12 февруари, од 17:00 до 21:00 часот во Хотел Хилс, Бутмирска цеста 18, Илиџа, Сараево. Следниот настан е најавен за Скопје.

„Нашите корисници и заедницата се во суштината на нашите вредности. Редовно организираме заеднички состаноци ширум светот и со задоволство најавуваме дека следниот месец ќе го одржиме првиот состанок во Скопје. Следете нè за повеќе информации“, изјави Сандро Слукан, одговорен за маркетинг за Балканот во Binance.

Присуството за средбата во Сараево е бесплатно, но поради ограничените места, потребна е предрегистрација достапна на линкот.

За време на средбата, присутните не само што ќе можат да добијат преглед за последните продукти и иницијативи на Бајнанс, туку ќе имаат можност да учествуваат во доделување награди, ќе добијат ексклузивни промотивни производи и ќе имаат можност за средби и контакти со останатите членови од крипто заедницата.

Binance продолжува да го поттикнува растот на глобалната крипто заедница преку обезбедување пристап до релевантни информации, иновативни производи и можности за вмрежување во крипто индустријата.

Агенда на средбата:

17:00 – 18:00 часот, Пристигнување и регистрација
18:00 – 18:15 – Сандро Слукан – Binance, Отворена сесија
18:15 – 18:45 – Алексеј Макаров – Преглед на производи и пазар: најновите трендови во крипто индустријата, производите на Binance и нивните придобивки за корисниците.
18:45 – 18:55 – Мушуко Чарквиани Презентација на Програмата за партнерства на Binance и како корисниците можат да заработат преку здружување.
18:55 – 19:05, Angels & KOLs дискусија за финансирање во рана фаза за стартапи и клучните лидери за формирање мислење, Стив и Џек ќе ги споделат своите искуства
работејќи со Binance и ќе разговараат за улогата на заедницата и клучните лидери на мислење во крипто индустријата.
19:05 – 19:15, Kahoot квиз со Мушуко Чарквиани, присутните ќе го тестираат своето
знаење за Binance и криптовалутите со можност да добијат награди.
19:15 – 19:30 часот, Сесија за прашања: Алексеј и Сандро ќе одговараат на прашања на
публиката за производите на Binance и за трендовите во индустријата.
19:30 – 21:00 часот, Вмрежување. Завршниот дел од настанот ќе им овозможи на
гостите да се поврзат во секојдневен амбиент и да разменат контакти.

Продолжи со читање

Популарно