Банки
Донаторска акција за поддршка на образовните потреби на деца од рурални средини
На иницијатива на Синдикалната организација на Народната банка, во соработка со нивните колеги од СФОМ и синдикалните организации на деловните банки, беше организирана донаторска акција за подобрување на условите за изведување на образовниот процес за децата од селото Дреновци. Вработените во Народната банка масовно се вклучија и одговорија на повикот за донација, којшто беше поттикнат од новинарска сторија за тешките услови во кои живеат и учат децата во ова мало прилепско село.
Училишниот прибор и опрема коишто беа собрани за време на донаторската акција им беа предадени на учениците и наставниците од селото Дреновци, при нивната посета на Народната банка, во чии рамки тие го посетија и Музејот на Народната банка, каде што имаа можност да ги видат најстарите монети коишто се дел од нашето вредно културно наследство.
Учениците и нивните наставници се сретнаа и со вработените од централната банка кои работат во доменот на финансиската едукација, кои накратко им пренесоа дел од знаењата за функционирањето на финансискиот и банкарскиот систем на нашата земја.
За време на посетата во Народната банка, групата ученици и наставници се сретнаа и со раководството на Банката. Во разговор со гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, беа запознаени со работењето на централната банка, при што беа истакнати заложбите на вработените и на институцијата за градење образование коешто отвора можности за развој на секое дете и поединец, како придонес кон поголем економски раст и развој на земјата. Токму финансиската едукација е еден од стратегиските приоритети на Народната банка, при што посебно внимание ѝ се посветува на едукацијата на младите, како носечки столб на иднината на општеството.
Банки
НЛБ Банка донираше 200 компјутери за основните училишта во земјава
На почетокот на второто полугодие, НЛБ Банка донираше 200 компјутери на основни училишта ширум Македонија, како дел од иницијативата за поддршка на дигитализацијата на образованието. Со оваа донација, Банката има за цел да го олесни пристапот на учениците до современите технологии, кои се неопходни за нивниот образовен и личен развој.
„Компјутерите ќе им помогнат на учениците да се подготват за иднината, нудејќи им алатки кои ќе го збогатат нивниот процес на учење“, истакнуваат од НЛБ Банка.
Една од клучните вредности на овој проект е промоцијата на одржливоста и повторната употреба на опремата. Компјутерите, кои претходно ѝ служеа на Банката, се надградени и дополнети со нови монитори, тастатури и глувчиња. Со тоа, не само што се продолжува животниот век на уредите, туку и се намалува електронскиот отпад, што е значаен придонес кон заштитата на животната средина.
„Со оваа иницијатива покажуваме дека со внимателно планирање и инвестиции во образованието можеме да постигнеме многу – и за децата и за животната средина“, додаваат од Банката.
Донацијата претставува дел од пошироките активности на НЛБ Банка за поддршка на образованата инфраструктура и поттикнување на дигиталната инклузија. Со вложување во вакви проекти, Банката демонстрира посветеност кон подобрување на општеството и создавање подобри услови за идните генерации.
„Веруваме дека образованието и технологијата се клучни двигатели на позитивни промени. Наша цел е да ја поддржиме дигиталната трансформација и да ги инспирираме учениците да ги искористат можностите кои ги нуди современиот свет“, истакнаа од НЛБ Банка.
НЛБ Банка останува посветена на иницијативи кои промовираат одржливи решенија и позитивно влијание врз заедницата.
Банки
Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards
Халкбанк АД Скопје е добитник на две награди од Global Banking & Finance Awards за 2024 година, кои ја потврдуваат нејзината посветеност на иновативноста, квалитетот и општествената одговорност.
Признанието „Најдобра банка за население во Македонија 2024“ е потврда за водечката позиција на Халкбанк во обезбедувањето современи и високо квалитетни услуги кои ги задоволуваат потребите на клиентите и кореспондираат со најновите банкарски трендови, овозможувајќи им брз, сигурен и лесен пристап до финансиски производи и услуги што го олеснува нивното секојдневие.
Во исто време, наградата „Најдобра банка за општествена одговорност во Македонија 2024“ ја истакнува улогата на Халкбанк како лидер во промовирањето корпоративна општествена одговорност преку поддршка на заедницата, иницијативи за одржлив развој и позитивно влијание врз општеството.
Халкбанк АД Скопје продолжува со својата мисија да биде доверлив партнер на клиентите и општеството, градејќи силни темели за одржлив раст и развој.
Банки
Комерцијална банка 15 години е партнер на Црвениот крст за помош на децата и младите со попреченост
Комерцијална банка со гордост го одбележува 15-годишното партнерство со Црвениот крст на Република Македонија – соработка која претставува симбол на заедничка посветеност за поддршка на најранливите категории во општеството.
Како Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на деца и млади со попреченост и психо-социјална поддршка на деца во згрижувачки семејства”, Комерцијална банка обезбедува финансиска поддршка за поквалитетен животот на над 300 деца и млади во земјава.
„Нашата поддршка е дел од нашата посветеност за создавање инклузивно општество, каде секое дете има можност за подобра иднина. Преку овој проект придонесуваме за: поттикнување на социјалната интеграција на децата и младите со попреченост, поддршка за обезбедување стабилна средина за развој на децата со попреченост, и подобрување на психо-социјалната благосостојба на децата и на нивните семејства.
Со ваквите иницијативи промовираме вредности во општеството, како емпатија, грижа и солидарност. Нашата соработка со Црвениот крст ги рефлектира нашата стратегија за општествена одговорност, која ја негуваме веќе 70 години, и нашата желба да бидеме активен партнер во градењето подобра иднина за сите”, велат од Комерцијална банка.
- Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи
- Business Womanпред 3 недели
Празничен оптимизам во пресрет на новите предизвици преку здрав раст, етичко и одговорно работење
- Банкипред 3 недели
Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања
- Банкипред 1 недела
Даниела Ѓоршевска нов член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Банкипред 4 недели
Дигитална зона 24/7 и нов современ изглед доби Филијалата на Комерцијална банка во Струмица
- Банкипред 4 недели
Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот
- Фондовипред 1 месец
КБ Прво пензиско друштво наградено со престижното признание за „Најдобро пасивно управување со инвестиции“
- Банкипред 1 месец
Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за подигнување на потенцијалот за раст на економијата