Connect with us

Банки

Чекор напред во борбата за спречување нелегални финансиски текови: Склучен е Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ

Објавено

на

Соработката меѓу Народната банка и Германското друштво за меѓународна соработка, којашто поблиску се воспоставува со склучениот меморандум, ќе придонесе кон натамошно јакнење на активностите за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Договорено е обезбедување финансиска поддршка за постојан пристап на овластените супервизори на Народната банка до меѓународната база на податоци, што придонесува за исполнување на законските надлежности на централната банка за лиценцирање и вршење надзор. На средбата на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Викторија Глигорова, генералната директорка на супервизија со Давид Оберхубер, директорот на Канцеларијата на ГИЗ за Северна Македонија и Илија Бундалески, советник во Глобалната програма за спречување нелегални текови на пари за Северна Македонија, стана збор и за следните чекори за натамошно унапредување на активностите за спречување нелегални финансиски текови.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека супервизорските овластувања на Народната банка, како една од институциите којашто придонесува во сферата на спречување перење пари,  налагаат примена на одредени мерки и дејствијата врз банки, штедилници, менувачници и даватели на услуги за брз трансфер на пари, како и на други финансиски институции коишто даваат платежни услуги за спречување перење пари и финансирање тероризам. Преку заемната соработка со ГИЗ, како и поддршката за поврзување на Народната банка со платформата, базата на податоци, супервизорите на Народната банка ќе имаат пристап до меѓународни извори на податоци за спречување перење пари и финансирање тероризам, првенствено до списоци со меѓународни санкции и до други релевантни податоци. Притоа, додаде дека со Меморандумот се овозможува зголемување на ефикасноста во примената на препораките и меѓународните стандарди коишто имаат за цел да ги спречат овие незаконски активности и штетата што тие му ја предизвикуваат на општеството, донесени од глобалното набљудувачко тело за перење пари и финансирање тероризам ‒ Работната група за финансиски активности (ФАТФ).

Германското федерално министерство за економска соработка и развој заедно со Норвешкото министерство за надворешни работи му овозможи мандат на ГИЗ преку Глобалната програма за справување со недозволени финансиски текови да ги спроведе своите активности со кои се обезбедува поддршка за зајакнување и развивање на глобалните, регионалните и националните системи за борба против незаконските финансиски текови. ГИЗ е активно ангажирано во Република Северна Македонија од 1992 година воспоставувајќи соработка со локалните партнери посветени на поддршка на реформските напори на земјата во ЕУ преку различни иновативни развојни пристапи.

Банки

НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година

Објавено

на

Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.

Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.

Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.

Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.

Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон

Објавено

на

Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.

Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange