Connect with us

Банки

Активно електронско и мобилно банкарство на Силк Роуд Банка без надомест за активирање

Објавено

на

Силк Роуд Банка воведе промотивен период за електронско и/или мобилно банкарство без надомест за активирање.

Имено, сите нови корисници, физички и правни лица резиденти, ќе можат да ја активираат услугата електронско и/или мобилно банкарство со привилегија за плаќање, без надомест, промотивно до 30.06.2024 година.

Електронското и мобилно банкарство на Силк Роуд Банка на клиентите им овозможува 24/7 преглед во состојба на трансакциската или штедната сметка, преглед на кредити и картички, можност за вршење плаќања во земјата и странство и менувачница.

Посетете ја најблиската експозитура на Банката, пополнете барање и бидете во тек со најновите трендови во банкарското работење.

💻 Дознајте повеќе за електронско банкарство: https://bit.ly/3rukWm3

📲 Дознајте повеќе за мобилно банкарство: https://bit.ly/3ZakR5y

Банки

ХАЛКБАНК УШТЕ ЕДНАШ НА ДЕЛО ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ГОЛЕМИНА – донираше 50.000 евра како поддршка за погодените од трагедијата во Кочани

Објавено

на

Со длабоко сочувство и емпатија, Халкбанк АД Скопје стои во поддршка на сите погодени од трагедијата во Кочани. Во знак на солидарност, Банката донираше 50.000 евра на наменскиот фонд на Црвениот крст на Македонија, со цел да им помогне на семејствата на загинатите и повредените.

„Со голема тага ја примивме веста за оваа трагедија и изразуваме најискрено сочувство до семејствата настраданите. Нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување и сила за надминување на овие тешки моменти“, велат од Халкбанк.

Халкбанк АД Скопје и понатаму ќе остане посветена на поддршката на заедницата, особено во моменти кога е најпотребна.

Продолжи со читање

Банки

НАРОДНА БАНКА ГО ИЗДАДЕ РЕШЕНИЕТО – Хедвика Усеник го замени Блаж Бродњак како претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

„Ве известуваме дека на ден 17.03.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност г-ѓа Хедвика Усеник да биде именувана за член на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат  до 30.08.2025 година“, се вели во соопштението на НЛБ Банка, објавено на Македонска берза. 

Банкарство и претходно објави дека Хедвика Усеник ќе го менува Блаж Бродњак на претседателската функција во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје. Блаж Бродњак поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година.

Со издавање на Решението од Народната банка, престанува мандатот на г-дин Блаж Бродњак, досегашен Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Хедвика Усеник е магистер по бизнис и администрација која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана. Таа е добро позната во нашиот банкарски сектор, бидејќи и во минатото беше член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во периодот од 2018 до 2020 година.

Мандатот на г-ѓа Хедвика Усеник како член на Надзорниот одбор ќе трае до 30.08.2025 година.

Продолжи со читање

Банки

Информација за одложување на 54. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка ја информира јавноста дека се одложува 54. сесија на Клубот на истражувачите којашто требаше да се одржи на 27 март 2025 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка.

За дополнителни информации и за новиот термин на одржувањето на сесијата на Клубот, јавноста ќе биде дополнително известена.

Продолжи со читање

Популарно