Connect with us
no baners

Банки

УНИБанка АД Скопје ја исплати првата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници од втората емисија

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје денес на 01.03.2023 година ја исплати првата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200029 и шифра UNIPO2.

Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 5% на годишно ниво.

Право на исплата на камата имаат сите лица регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 28.02.2023 година.

Како потсетување, во август 2022 година УНИБанка ја издаде втората емисија на перпетуални обврзници во Република Северна Македонија, што претставува прв финансиски инструмент од овој вид на македонскиот пазар на капитал.

Вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 2,5 милиони евра. Обврзницата е без рок на доспевање, со фиксна каматната стапка од 5% на годишно ниво за првите пет години, по завршување на овој период каматната стапка се зголемува на 7%. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра.

Перпетуалната обврзница е котирана и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.

Банки

Подарок без промашување: Комерцијална банка нуди gift-картички за Skopje City Mall

Објавено

на

Комерцијална банка во соработка со Skopje City Mall нуди подарок-картички што претставуваат практично решение за сите што сакаат да изберат подарок за своите најблиски без ризик да погрешат во изборот.

Подарок-картичките се достапни во износи од 1.000, 3.000 и 5.000 денари и можат да се користат во голем број продажни места во Skopje City Mall. Тие се наменети за различни пригоди, како родендени, свадби, новогодишни празници и други свечени моменти.

Од Банката посочуваат дека картичките се со модерен дизајн, доаѓаат во посебно пакување и овозможуваат додавање уникатна посвета, со што подарокот добива дополнителна лична вредност.

Постапката за добивање е едноставна – заинтересираните треба да посетат експозитура на Комерцијална банка и да го изберат посакуваниот износ. Картичките се издаваат веднаш и без потреба од пополнување формулари.

Подарок-картичката не е персонализирана и може да ја користи секое лице што ја поседува. Средствата на картичката може да се трошат повеќекратно во продажните места во Skopje City Mall што се дел од програмата, во рок од шест месеци од денот на купувањето.

Корисниците можат во секое време да ја проверат состојбата на картичката преку интернет-страницата на Банката или на шалтерите на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Словенечка НЛБ банка сака да ја преземе Адико банка, во игра и Рајфајзен банка

Објавено

на

НЛБ, најголемата банка од Словенија, објави меморандум за доброволна јавна понуда за преземање на австриската Адико Банк АГ, со што официјално започна процесот на една од позначајните банкарски аквизиции во регионот.

Според објавените информации, НЛБ банка нуди 29 евра во готовина по акција, а понудата се однесува на сите акции на Адико банка. Словенечката банка има цел да обезбеди најмалку 75 отсто од гласачките права, што би ѝ овозможило целосна контрола врз банката.

Доколку НЛБ успее да ги преземе сите 19,5 милиони акции на Адико банка по понудената цена, вредноста на трансакцијата би достигнала околу 565 милиони евра.

Периодот за прифаќање на понудата трае до 22 јули 2026 година, со можност за продолжување до крајот на октомври доколку бидат исполнети одредени услови.

НЛБ банка и претходно го најавуваше интересот за преземање на Адико банка, оценувајќи ја како стратешки важна аквизиција поради нејзиниот фокус на работење со население, како и со мали и средни претпријатија.

Потенцијалното преземање дополнително би ја зајакнало позицијата на НЛБ групацијата во Југоисточна Европа, каде што веќе има значително присуство преку мрежа на банки и финансиски институции.

Адико банка е создадена од поранешниот систем на Хипо Алпе-Адриа банка, а во последните години е насочена кон дигитално банкарство и кредитирање на граѓани и компании.

Објавувањето на меморандумот претставува формален чекор во процесот на преземање, кој сè уште треба да помине низ регулаторни процедури и да добие одобренија од надлежните институции.

Во меѓувреме, и Рајфајзен банка интернационал, најави намера да поднесе доброволна јавна понуда за преземање на сите издадени акции на Адико банка кои не се во сопственост на самата банка.

Продолжи со читање

Банки

Управниот одбор на Алта банка Битола со нов член

Објавено

на

Со именувањето на Стефан Николиќ за нов член на Управниот одбор, комплетиран е менаџерскиот тим на Алта банка, соопшти Банката преку објава на Македонска берза.

Николиќ е назначен со мандат од една година, врз основа на одлука донесена од Надзорниот одбор на 2 март 2026 година, а именувањето е потврдено и со согласност од Народната банка на Република Северна Македонија добиена на 8 мај годинава.

Од Банката посочуваат дека со новото назначување Управниот одбор е целосно екипиран, што треба да овозможи континуирано и ефикасно управување со работењето, согласно стратешките цели и регулаторните обврски.

Во актуелниот состав на Управниот одбор на Алта банка Битола се претседателката Александра Радевска, Зарије Коралија и Стефан Николиќ.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange