Connect with us

Банки

Колкав износ на дивиденда ќе добијат акционерите на Комерцијална банка!?

Објавено

на

Комерцијална банка денеска ги објави предлог Одлуките за претстојното Собрание на акционери на Банката, кое ќе се одржи на ден 29.03.2023 година.

Износот на дивиденда, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2022 година, донесена од Надзорниот одбор на Банката на 22.02.2023 година, изнесува:

– за 1 обична акција бруто-износ од 500,00 денари, односно 50,0% во однос на номиналната вредност од 1.000,00 денари.

Вкупниот бруто износ на дивиденда што ќе го исплати Комерцијална банка изнесува 18,5 милиони евра.

Ова значи дека акционерите на Комерцијална банка ќе добијат по 450 денари нето износ на дивиденда (откако банката за нив ќе ги одбие и исплати на државата 10 проценти персонален данок).

Правото на дивиденда ќе го остварат над 5.600 акционери, според актуелната состојба на Централниот регистар на РСМ. Тие ќе поделат меѓусебе 7,74 милиони евра нето дивиденда.

За предложениот износ на дивидендата за 2022 година, акционерите ќе се известат преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката.

Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 29.03.2023 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2022 година е 18.04.2023 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2022 година е 12.04.2023 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2022 година е 13.04.2023 година.

Исплатата на дивиденда за 2022 година ќе започне на 04.05.2023 година.

Дивидендата за 2022 година ќе се исплатува во готово.

Банки

Јубилејни награди за 18 вработени за долгогодишна посветеност и успех во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка традиционално го одбележа Денот на штедењето и со доделување признанија и парични награди на 18 вработени, кои со години придонесуваат за развојот и успехот на Банката.

Наградените вработени оваа година одбележуваат 15 и 30 години работа во Комерцијална банка и се вистинска инспирација за новите генерации што ја градат својата кариера во Банката.

Тие заедно со целиот тим на Комерцијална банка секојдневно се посветени на потребите на клиентите, го движат напред развојот на Банката и го создаваат нејзиниот успех.

На сите наградени, Комерцијална банка им упатува благодарност за долгогодишната посветеност, професионализам и лојалност, со желба за уште многу заеднички достигнувања и нови успеси.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади

Објавено

на

Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка и оваа година организираше серија интерактивни активности насочени кон финансиска едукација на децата и младите.

Кампањата опфати различни категории на образовни институции, градинки, основни и средни училишта, како и факултети низ целата држава.

Активностите беа насочени кон подигнување на свеста за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, запознавање со основните концепти на финансиска одговорност и развивање општествено одговорна свест. Преку практични примери, учениците и студентите активно учествуваа, поставуваа прашања и учеа за планирање на трошоците, рационално трошење и поставување финансиски цели.

Во рамки на активностите, овој октомври беше промовиран и пакетот за млади UniQ со цел да се поттикне финансиска самостојност и да им се овозможи на младитеполесен пристап до банкарски услуги.

Како дел од иницијативата, децата и младите добија тематски подароци, кои не само што служат за учење, туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина и општествената улога на секој поединец.

Со овие активности, УНИБанка продолжува да вложува во иднината на младите, промовирајќи вредности на финансиска писменост, одговорност и одржлив развој.

Банката останува посветена на својата мисија, да создава финансиски свесно и одговорно општество, во кое секоја генерација знае како да управува со своите финансии.

Заедно создаваме основа за подобра финансиска иднина!

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка започна со исплата на пензиите за месец октомври

Објавено

на

Комерцијална банка ја информира јавноста дека исплатата на пензиите за октомври започна од денес – (петок, 31 октомври 2025 година).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со своите средства веднаш истиот ден, без потреба од посета на филијала. Банката ги охрабрува клиентите да ја користат картичката за безготовински плаќања во продавници, онлајн купувања, или за подигнување готовина од банкоматите на Комерцијална банка, кои се достапни низ целата земја.

За оние кои претпочитаат исплата на шалтер, подигнувањето на пензијата ќе биде можно од 31 октомври (петок), како и во секој нареден работен ден.

Мапата со локациите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange