Connect with us

Банки

Вицегувернерката Митреска: Народната банка со сеопфатни пакет-мерки за стабилизирање на инфлацијата

Објавено

на

„Народната банка спроведува сеопфатен и комплементарен сет на мерки насочени кон одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс“, истакна вицегувернерката Ана Митреска на гостувањето во поткастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк“.

Таа нагласи дека монетарната политика и натаму се води претпазливо, при што главните инструменти ќе придонесат за постепено стабилизирање на инфлацијата.

„Монетарната политика и натаму е во зоната на претпазливост. Каматната стапка е на непроменето ниво, а истовремено се применуваат и дополнителни мерки – заострување на задолжителната резерва, повлекување ликвидност од банкарскиот систем, зголемени капитални барања за банките и построги кредитни стандарди. Овој пристап овозможува координирано делување врз инфлациските притисоци и кредитната активност“, посочи Митреска.

Во однос на инфлацијата, таа истакна дека централната банка внимателно ги следи движењата на цените и очекувањата на пазарите.

„Согласно тековните пазарни очекувања, по растот на цените на енергентите и храната во првата половина од годината, се очекува нивно постепено стабилизирање во втората половина, што би придонесло за намалувањето на притисоците врз цените“, нагласи Митреска.

Таа додаде дека Народната банка е подготвена за дополнителни интервенции доколку се зголемат ризиците.

„Доколку се појават знаци на подолготрајни инфлациски притисоци, Народната банка е подготвена да реагира со дополнително затегнување на монетарната политика, користејќи ги каматните стапки и другите расположливи инструменти“, истакна Митреска.

Банки

Стопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје информира дека исплатата на пензиите за јули ќе започне утре, 31 јули 2026 година.

Корисниците ќе можат да располагаат со средствата преку своите сметки во банката.

Продолжи со читање

Банки

Апликацијата за дигиталното евро ќе има напредни функции за пристапност

Објавено

на

Европската централна банка ги претстави планираните функции за пристапност на апликацијата за дигиталното евро, преку која корисниците ќе можат да ги користат основните услуги поврзани со новата дигитална валута.

Според ЕЦБ, апликацијата ќе биде дизајнирана според највисоките стандарди за пристапност и ќе ги надминува барањата утврдени со Европскиот акт за пристапност.

Предвидени се подобрен визуелен приказ, целосна навигација преку тастатура, поддршка за читачи на екран, предупредувања пред истекување на времето, поедноставен јазик, спречување грешки и можност за намалување на анимациите и движењата на екранот.

Целта е дигиталното евро да биде достапно за сите граѓани, без оглед на нивните потреби, способности или нивото на дигитални вештини.

Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, изјави дека дигиталното евро, слично како готовината, треба да претставува јавно добро достапно за секој Европеец под еднакви услови.

Предлогот е изработен во соработка со потрошувачки организации, експерти за пристапност и националните централни банки.

Апликацијата моментално се развива, а тестирањето на нејзината употребливост и пристапност треба да започне во рамките на пилот-проектот за дигиталното евро во 2027 година.

Корисниците, покрај преку апликацијата на Евросистемот, ќе можат да пристапуваат до услугите за дигиталното евро и преку каналите на своите банки и други даватели на платежни услуги.

Продолжи со читање

Банки

Пензиите за јули се достапни преку Халкбанк

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека пензиите за јули од денеска, 30 јули 2026 година, се достапни на сметките на корисниците.

Пензионерите можат да располагаат со средствата во сите филијали на банката, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Корисниците кои претходно дале согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија, соопштија од Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange