Connect with us

Банки

Плаќај со Visa од Комерцијална банка и добиј шанса за патување во Disneyland® Париз

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa започна нова наградна игра во која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland Paris за четири лица.

Во периодот до 31 мај 2026 година, секое плаќање со Visa Debit, Visa Classic Revolving или Visa Classic Standard картичка од Банката носи една шанса (еден код) за учество во извлекувањето. Корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките добиваат двојна шанса, бидејќи секоја нивна трансакција се брои двојно (два кода).

Во наградната игра учествуваат сите трансакции направени со Visa картичка – без разлика дали плаќањето е извршено со физичка картичка, преку мобилен телефон или смарт часовник. Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за возбудливо патување во Disneyland® Париз.

Главната награда е патување во Disneyland® Париз за четири лица, а извлекувањето на добитникот ќе се одржи на 3 јуни 2026 година.

Повеќе информации и Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк.

Банки

Халкбанк го одбележа доаѓањето на својот 900-ти вработен

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го одбележа доаѓањето на својот 900-ти вработен, што од банката го оценуваат како уште еден значаен момент во нејзиниот раст и развој.

„900 луѓе зад една банка што секогаш ги става луѓето на прво место“, порачаа од Халкбанк по повод новата бројка на вработени.

Од банката истакнуваат дека зад бројката од 900 вработени стојат исто толку различни приказни, знаења и идеи, обединети со заедничка посветеност.

„Продолжуваме да растеме заедно, затоа што важни се луѓето“, порачаа од Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола на 95,23 отсто

Објавено

на

АЛТА Банка АД Белград дополнително го зголеми сопственичкиот удел во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 198 обични акции.

Според известувањето објавено на Македонската берза, по новата трансакција АЛТА Банка АД Белград поседува вкупно 372.332 обични акции во АЛТА банка АД Битола.

Со тоа, нејзиниот удел достигна 95,2312 отсто од вкупниот број обични акции издадени од банката.

Известувањето е објавено согласно Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, кои предвидуваат објавување на промени кај акционери со значителни удели.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со порака до учениците за почетокот на новата учебна година

Објавено

на

По повод почетокот на новата учебна година, НЛБ Банка Скопје упати честитка до сите ученици, посакувајќи им успешна година исполнета со нови знаења, предизвици и успеси.

„Нови предизвици, нови знаења и уште една година полна со успеси“, порачаа од Банката.

Оттаму на учениците им посакаа успешен почеток и многу причини за гордост во текот на целата учебна година.

„Среќно!“, се наведува во честитката на НЛБ Банка Скопје.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange