Connect with us

Банки

Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на јануарските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти-пензионери дека почнувајќи од денес (30-ти јануари 2023 година), започна со исплата на пензијата за месец јануари на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Oд 30.01.2023 г. (понеделник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.

За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

  • до 11.000 денари на 30.01.2023 г. (понеделник)
  • од 11.001 до 14.000 денари на 31.01.2023 г. (вторник)
  • од 14.001 до 18.000 денари на 01.02.2023 г. (среда)
  • над 18.000 денари на 02.02.2023 г. (четврток)

Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank,  со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.

Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на  филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

Банки

Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи

Објавено

на

„Mладите не смеат да се потпираат на непроверени извори за финансиски совети, финансиската едукација преку формалните канали не смее да биде заменета со совети од влијателни лица (т.н. инфлуенсери) на социјалните мрежи“, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на средбата со членовите на Сојузот за средношколци, којашто се одржа во рамките на Глобалната недела на парите, којашто оваа година се одржува под мотото „Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“. „Динамичните промени во финансискиот систем мора да бидат придружени со соодветни промени во образовниот систем, за да имаме младина којашто е подготвена активно да се вклучи во сите текови на општественото делување“, посочи Ангеловска-Бежоска и ги повика младите да бидат љубопитни, да прашуваат, да истражуваат и постојано да ги надградуваат своите знаења, бидејќи тоа е најдобриот начин да ја обликуваат својата иднина преку одлуки засновани на информации и мудро управување со ресурсите.

Истражувањата покажуваат дека околу една третина (31%) од младите на возраст од 18 до 21 година во Обединетото Кралство се потпираат на извори на интернет, вклучително на влијателни лица (т.н. инфлуенсери) на социјалните мрежи за насоки и информации во областа на финансиите, од кои 25% се потпираат главно на „Тик-ток“.

„Во светот којшто се менува со невидена брзина, во предвечерието на петата индустриска револуција, финансиското знаење не е повеќе луксуз, туку е суштинска потреба. Според начинот на кој управуваме со нашите финансии, ги донесуваме одлуките и ги разбираме економските текови, се обликува не само нашиот личен напредок, туку и стабилноста и напредокот на целото општество“, истакна гувернерката, поддржувајќи ја иницијативата на Сојузот на средношколци, коишто преку презентација ја претставија важноста на финансиската едукација за младите.

Податоците од последните мерења од страна на ИНФЕ-ОЕЦД за финансиската писменост во нашата земја укажуваат дека младите на возраст од 18 до 29 години имаат 54% од вкупните бодови за финансиски знаења, што е малку под просекот од регионот којшто изнесува 56%, но сѐ уште постои јаз во однос на земјите од Европската Унија. Во еврозоната, во 2021 година, 95% од младите на возраст од 15 до 24 години имале сметка, наспроти 74% од младите кај нас, исто така 90% од младите поседуваат дебитна или кредитна картичка, а кај нас 52%. Исто така, 82% од младите во еврозоната имаат некаква заштеда, а во нашата земја само 50% од младите. Дури 93% од младите во еврозоната направиле дигитално плаќање, наспроти 64% од младите кај нас. Сепак, позитивни придвижувања се забележуваат кај штедењето, при што јазот е намален од 40 на 32 п.п. и кај дигиталните плаќања од 40 на 29 п.п. во споредба со 2014 година.

„Овие бројки не треба да нè обесхрабрат, туку напротив – треба да нè мотивираат да поттикнеме промени. Тоа значи дека постои простор за подобрување преку едуцирање на најмладите уште од ученичките клупи, со заеднички напори како од страна на финансиските регулатори, приватниот финансиски сектор, така и од страна на образовните институции“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка во Македонијаза 2025“ од магазинот Global Finance

Објавено

на

Во годината кога одбележуваме значаен јубилеј, 70 години постоење, Комерцијална банка гордо објавува дека е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2025 година“ од угледниот магазин Global Finance. Оваа престижна награда Банката ја добива по 14-ти пат, што е уште една потврда за нејзиниот континуиран развој, стабилност, иновации, грижа за клиентите и придонес за економијата.

Со оваа награда Банката се истакнува со својата посветеност на потребите на клиентите во услови на динамичност на пазарите и со своите силни резултати кои претставуваат темел и за иден успех.

„Признанието од Global Finance, особено во оваа јубилејна година, претставува силна потврда за нашето одржливо и успешно работење. Горди сме што сме препознаени како банка која создава вредност, покажува одговорност и има јасна визија за иднината. Оваа награда е резултат на посветената работа на целиот наш тим и на тоа што постојано се стремиме да ги подобриме производите и услугите и да се прилагодиме на современите потреби на граѓаните и на компаниите“, изјави по повод наградата Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Со оваа награда Комерцијална банка повторно е во друштво на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 32-то издание на годишните награди на Global Finance.

„Глобалното банкарство продолжува да се прилагодува и да се развива, одговарајќи на предизвиците и капитализирајќи ги можностите со издржливост и иновации. Вештачката интелигенција брзо презеде клучна улога во трансформацијата на банкарството и нејзиниот развој ветува дека ќе го преобликува финансискиот сектор со невидено темпо. Наградата на Global Finance за најдобра банка им оддава чест на финансиските институции кои се истакнуваат со диверзитет во понудата, долгорочна стабилност и технолошки иновации“, изјави Џозеф Д. Џарапуто, основач и уреднички директор на Global Finance.

При изборот на најдобрите банки, Global Finance ги разгледа квантитативните фактори, како што се раст на активата, профитабилност, стратешки односи, развој на нови бизниси и иновации во производи, како и мислењата на финансиски аналитичари, финансиски директори, банкари и банкарски консултанти од целиот свет. Наградите од Магазинот Global Finance се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.

Континуираните признанија што Комерцијална банка ги добива од водечки светски магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance, нѐ мотивираат и во иднина да го движиме банкарството напред – преку нови идеи, современи решенија и стабилен развој, со што ги носиме придобивките до секој клиент и до целото општество.

Продолжи со читање

Банки

Норвешката централна банка е подготвена за поголема нестабилност на пазарот

Објавено

на

Норвешката централна банка (Норгес Банка) е будна и подготвена за потенцијално продолжена нестабилност на глобалните финансиски пазари, изјави гувернерката Ајда Волден Баче во интервју за агенцијата „Ројтерс“. Таа нагласи дека институцијата внимателно го следи развојот на настаните и останува подготвена да реагира доколку ситуацијата тоа го наложи.

Изјавата доаѓа по бурниот почеток на неделата на глобалните берзи. Акциите забележаа силни осцилации во понеделникот, откако инвеститорите реагираа на новите трговски мерки на американскиот претседател Доналд Трамп. Станува збор за значајно зголемување на тарифите, кои доведоа до најголемиот неделен пад на американските берзи од почетокот на пандемијата COVID-19 пред пет години.

„Неизвесноста околу економските изгледи е поголема од вообичаеното и сметам дека треба да бидеме подготвени за понатамошни флуктуации на финансиските пазари“, изјави Баче. Таа додаде дека е клучно централната банка да има претпазлив пристап и да ги анализира сите релевантни индикатори со висока прецизност.

Гувернерката истакна дека иако тековната пазарна ситуација е предизвикувачка, таа во многу аспекти се разликува од условите што преовладуваа за време на здравствената и економска криза предизвикана од COVID-19. Според неа, оваа епизода на нестабилност не е проследена со истата структура на ризици, ниту бара итни мерки од страна на монетарната власт.

„Во моментов не даваме нови сигнали за монетарната политика“, нагласи гувернерката Волден Баче, притоа додавајќи дека банката сѐ уште не изготвила нови економски прогнози за Норвешка.

На прашањето дали норвешката централна банка (Норгес Банка) стапила во контакт со други централни банки за евентуална координирана интервенција или размена на информации, таа кусо одговори: „Не“.

Потенцијални импликации за норвешката економија и инвеститорите

Иако норвешката централна банка (Норгес Банка) во моментов не сигнализира промени во монетарната политика, засилената глобална финансиска нестабилност може да има неколку важни последици за норвешката економија и домашните инвеститори.

Прво, продолжена нестабилност на меѓународните пазари може да изврши притисок врз норвешката круна, особено доколку инвеститорите почнат да бараат „сигурни пристаништа“ како американскиот долар или златото. Ослабувањето на домашната валута би можело да предизвика инфлаторски притисоци, што би ја ставило централната банка во тешка позиција – помеѓу потребата за стабилизација на цените и потребата да не се задуши економскиот раст.

Второ, иако Норвешка има силен фискален буџет и значајни резерви преку суверениот фонд, можно е негативни пазарни движења да влијаат врз приносите на инвестициските портфолија, особено оние поврзани со глобалните акции. Ова може да влијае и на расположливите средства за државни програми, особено доколку се активираат дополнителни механизми за стабилизација.

На крај, неизвесноста може да ја намали склоноста кон инвестиции и потрошувачка кај домаќинствата и компаниите. За инвеститорите, ова е период кој бара внимателна проценка на ризиците, поголема диверзификација и можеби побезбедни позиции, барем краткорочно.

Иако ситуацијата е различна од пандемијата COVID-19, како што нагласи гувернерката Волден Баче, потребата за внимателно следење на економските индикатори и флексибилност во стратегиите останува клучна – како за институциите, така и за индивидуалните инвеститори.

Продолжи со читање

Популарно