Осигурување
Речиси 300.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле над 25 милиони евра
Продолжува континуираниот раст на масовноста при вложувања во ризико осигурувањето на живот (кое нема штедна компонента) и најчесто е обезбедување за банкарски кредити на осигуреници – физички лица. За првите девет месеци лани во осигурување со штедна компонента граѓани вложиле 13,4 милиони евра,а во ризико осигурување 6,7 милиони евра. Заклучно со третиот квартал вкупната актива на петте друштва за осигурување живот, кои се солидно капитализирани, изнесува 180 милиони евра.
Вкупно 297.559 граѓани го осигурале животот заклучно со крајот на септември 2022 година. Во осигурување живот за овој период се вложени 1,56 милијарди денари (25,4 мил.евра), покажуваат податоците кои петте компании за осигурување живот ги доставија до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Бројот на осигуреници кои имаат животно осигурување заклучно со третиот квартал во 2022 година пораснал за речиси 55.000 односно 22,5 отсто за период од една година.
Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има осигурителниот продукт популарно познат како ризико осигурување. Со него во случај на смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.
Ризико осигурување на крај на септември 2022 година имале над 237.000 лица што е за 52 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година. Причина за раст на продажбата за ризико осигурување е тоа што овој продукт се поврзува со банкарски кредити кои ги имаат осигурениците.
Од сите договори за осигурување живот над 48.300 се со штедна компонента . Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Продажбата на овој осигурителен продукт бележи благ пад од 4 отсто во споредба со претходната година. Вкупно за овој период во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 828,1 милиони денари (13,3 мил.евра)
Најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар е популарно нареченото „јунит линкд“ осигурување. Кај овој осигурителен производ ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот, а значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. За првите девет месеци лани во овој продукт 11.800 граѓани вложиле 318,8 милиони денари (5,2 мил.евра).
Во овој период во продажбата на животно осигурување учествуваат пет осигурителни компании. „Кроација осигурување“ учествува со 31 отсто, „Граве“ со 22 отсто, „Винер лајф“ со 18 отсто, „Триглав осигурување – живот“ со 17 отсто и „Уника лајф„ со 12 отсто.
Компаниите за осигурување живот во првите девет месеци во 2022 годинава исплатиле вкупно 484,8 милиони денари (7,9 мил.евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или ако осигуреник починал.
Петте друштва за осигурување на живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие компании на крај на трет квартал лани изнесува 11 милијарди денари (179,6 мил.евра) што претставува 36 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании.
АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување се усогласени со овие законски барања, во континуитет.
Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби, и со солидни приноси.
Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал, овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по континуитетот во работењето.
Осигурување
Хрватската осигурителна компанија Кроација Осигурување меѓу европските компании со најголем раст на акциите во 2026 година
Акциите на Кроација Осигурување годинава бележат раст од 62 проценти, со што најголемата хрватска осигурителна компанија се најде меѓу европските фирми со најдобри берзански перформанси во 2026 година, покажува анализа на Euronews.
Компанијата, чија пазарна капитализација се проценува на околу една милијарда евра, е издвоена како лидер во финансискиот сектор, а интересот на инвеститорите се поврзува со влезот на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната.
Најголем раст на европските берзи годинава има шведската компанија „Сиверс Семикондакторс“, чии акции скокнале за дури 947 проценти. Компанијата произведува фотонски и полупроводнички компоненти што се користат во дата-центри за вештачка интелигенција и 5Г мрежи.
Веднаш зад неа е францускиот „Сојтек“, со раст од 639 проценти, благодарение на производството на иновативни материјали за полупроводници.
Во енергетскиот сектор, меѓу најуспешните се британските компании („Церес Пауер“) и („ИТМ Пауер“), кои работат на технологии за водород и горивни ќелии. Акциите на Церес Пауер пораснале за 237 проценти, додека ИТМ Пауер бележи раст од 173 проценти.
Во здравствениот сектор се издвојува францускиот („Нанобиотикс“), чии акции пораснале за 89 проценти по напредокот во тестирањето нова терапија за лекување рак.
Раст од 64 проценти има и „Јутелсат“, поттикнат од зголемениот интерес на Европа за алтернативи на сателитскиот интернет Старлинк на Илон Маск.
Според анализата, корист од кризата на Блискиот Исток имал и луксембуршкиот бродски оператор „Д’Амико Интернешнл Шипинг“, чии акции пораснале за 84 проценти поради нарушувањата во глобалниот транспорт.
Кроација Осигурување работи и на повеќе пазари во регионот, меѓу кои Словенија, Србија и Северна Македонија.
Осигурување
BLACK FRIDAY во Кроација Осигурување: 70% попуст на годишно патничко осигурување
Кроација Осигурување започна BLACK FRIDAY акција за патничко осигурување, која ќе трае до 31 мај 2026 година.
Во рамки на акцијата, корисниците можат да добијат 70 отсто попуст на годишно патничко осигурување со откупени 120 дена.
Од компанијата информираат дека осигурувањето овозможува сигурност при патување, брза и едноставна онлајн регистрација, како и целосна заштита за различни патни ситуации и непредвидени настани.
„Не дозволувај непредвидени ситуации да ги нарушат твоите авантури. Искористи ја оваа специјална BLACK FRIDAY акција и патувај релаксирано“, порачуваат од компанијата.
Акцијата е достапна преку онлајн регистрација на официјалната веб-страница на компанијата.
Осигурување
Кроација Осигурување со „Safe City“ акција за каско осигурување
Компанијата Кроација Осигурување започна промотивна „Safe City“ акција насочена кон каско осигурувањето, со фокус на поттикнување одговорно возење и зголемена безбедност на патиштата.
Од компанијата порачуваат дека одговорното однесување зад волан значи помал стрес, поголема сигурност и дополнителни придобивки за возачите. Во рамки на понудата, преку пакетот „Blue Kasko“, клиентите добиваат заштита за своето возило, а оние што возат одговорно може да остварат и дополнителни поволности.
Акцијата има за цел да ги информира возачите за достапните можности и да им помогне да изберат решение што најдобро одговара на нивниот стил на возење.
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Останатопред 2 месециСобраниската Комисија го одобри предлогот за зголемување на пензиите за 1.000 денари


