Банки
Ангеловска-Бежоска на Форумот на „Еуромани“: Приоритет на централните банки е обезбедување среднорочна ценовна стабилност
Централните банки мора да останат доследни на својата задача и да обезбедат среднорочна ценовна стабилност, а со тоа и макроекономска стабилност. Проекциите на меѓународните финансиски институции се дека во глобални рамки по високиот раст на инфлацијата минатата година, оваа година ќе дојде до постепено забавување, односно глобалната инфлација од околу 10%, ќе забави сведувајќи се на околу 7%. Во регионот на ЦЈЕ исто така се предвидува забавување на инфлацијата со што би се свела на околу 8%, коешто е слично и со проекциите за инфлацијата кај нас. Сепак, ризиците околу проекции се нагорни и зависат од три клучни претпоставки: цените на примарните производи да се стабилизираат, застоите во синџирите на снабдување и натаму да се намалуваат и инфлациските очекувања да се стабилизираат. Најновата Анкета на ЕЦБ за инфлациските очекувања покажува дека кај краткорочните инфлациски очекувања сѐ уште има одредени нагорни поместувања речиси кај сите економии, но позитивно е што долгорочните инфлациски очекувања се главно стабилни. Одржувањето стабилни инфлациски очекувања е клучно за натамошната патека на инфлацијата, а предуслов за тоа е спроведување на прудентни макроекономски политики. Неопходно е инфлацијата да се врати на одржлив пат и со тоа да се зачува куповната моќ на населението и да се поддржат инвестициите преку намалување на неизвесноста, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска се обрати на панел-дискусијата под наслов „Монетарна политика: фискални стимули, монетарни кочници ‒ справување со кризата“. Во панел-дискусијата учествуваа и гувернерот на централната банка на Грузија, Коба Гвенетаџе, гувернерот на централната банка на Албанија, Гент Сејко и заменик-гувернерот на централната банка на Унгарија, Михали Патаи. Панел-дискусијата беше насочена кон тековните предизвици за централните банки предизвикани од сѐ повисоката инфлација на глобално ниво, координацијата на фискалната и монетарната политика и нивните правци во време на тековната криза.
Во рамките на Форумот, гувернерката оствари и повеќе средби со високи претставници на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, како и средби со повеќе меѓународни институционални инвеститори.
Форумот на ЦИЕ, на кој зеде учество гувернерката, во изминатите 28 години се етаблира како настан на кој учесниците на финансиските пазари заинтересирани за регионот можат да разменат идеи и очекувања за насоките за економијата на ЦИЕ. На овој форум традиционално учествуваат носителите на политиките, односно гувернерите на централните банки, министрите за финансии, раководителите на финансиските институции, но и инвеститорите.
Годинава, собирот се случува во услови на глобални инфлациски притисоци, геополитички турбуленции во Европа и енергетска криза, коишто имаат влијание врз регионот на ЦИЕ. Оттаму, учесниците дебатираат на теми поврзани со енергетската безбедност, случувањата во Украина, регионалниот банкарски сектор во тековниот контекст и монетарната политика.
Банки
Народната банка објави повик за трудови за 57. сесија на Клубот на истражувачите
Народната банка ги повикува истражувачите да се пријават за учество на 57. сесија на Клубот на истражувачите, која ќе се одржи на 27 март 2025 година (петок) со почеток во 13 часот, во просториите на Народна банка на Република Северна Македонија.
Од институцијата ги охрабруваат сите заинтересирани автори да достават свој работен материјал за презентација на сесијата најдоцна до 18 март 2025 година (среда), на електронската адреса [email protected].
Трудовите треба да бидат подготвени во согласност со современите научноистражувачки стандарди, што подразбираат примена на емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На Клубот може да се презентираат и истражувања во работна верзија, со цел поттикнување стручна дебата и размена на мислења.
Клубот на истражувачите функционира како отворена платформа за презентација и дискусија на научни трудови, со посебен фокус на монетарната политика и макроекономијата. Членството е од отворен карактер, а повеќе информации за условите и начинот на приклучување се достапни на веб-страницата на Народната банка.
Банки
Централна кооперативна банка: Исплатени пензиите за февруари
Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.
Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година).
Банки
Нето-добивката на Erste Групација лани достигна 249 милиони евра
Нето-добивката на „Erste&Steiermärkische Bank“ (ESB) на ниво на групација, по одбивање на малцинските интереси, во 2025 година изнесува 249 милиони евра, што претставува раст од 0,8 проценти во однос на претходната година.
Нето-приходот од камати на ESB групата достигнал 442 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во споредба со 2024 година. Истовремено, нето-приходот од провизии и надоместоци изнесувал 144 милиони евра, што претставува значителен раст од 7,5 проценти на годишно ниво.
Вкупната актива на групата на крајот на декември 2025 година достигнала 17,6 милијарди евра, што е за 6,8 проценти повеќе во однос на крајот на 2024 година, кога изнесувала 16,5 милијарди евра. Кредитите кон клиентите на крајот на минатата година изнесувале 10,5 милијарди евра, бележејќи раст од 8,5 проценти. Истовремено, депозитите на клиентите достигнале 13,6 милијарди евра, што претставува зголемување од 8,3 проценти во однос на претходната година.
„Во текот на 2025 година ги задржавме стабилните и позитивни оперативни трендови, што резултираше со солидни финансиски резултати на банката и локалната групација. Забележавме раст на кредитирањето и во сегментот на населението и во сегментот на корпоративните клиенти, додека депозитите продолжија со стабилен пораст. Истовремено, користењето на нашите дигитални канали бележи силен и континуиран раст“, изјави претседателот на Управата на „Erste&Steiermärkische Bank“, Кристоф Шефбек.
Според неревидираниот неконсолидиран финансиски извештај, кој ги опфаќа резултатите на банката без зависните друштва, нето-добивката на Erste банката во 2025 година изнесува 230 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во однос на претходната година.
Во истиот период, нето-приходот од камати е зголемен за 5,9 проценти и достигнал 397 милиони евра, додека нето-приходот од провизии и надоместоци пораснал за 15,3 проценти, на 113 милиони евра. Најголем дел од овој раст се должи на интеграцијата на сегментот за издавање кредитни картички од Erste Card Club во рамки на Erste банката, се наведува во соопштението.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 4 неделиУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 2 месециНародна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година

