Connect with us
no baners

Совети

Зошто е добро да вложувате финансиски средства во инвестициски фонд?

Објавено

на

Кога инвестирате, вие не се задолжувате, туку рационално и ефективно ги дистрибуирате вашите финансиски ресурси, за да добиете што поголема финансиска добивка. На тој начин, не само што заштедувате, туку и дополнително ја зголемувате вредноста на вашите средства. Инвестирањето преку акциски инвестициски фондови значи вложување во стабилни компании низ светот кои создаваат вредност преку раст на добивките и исплата на дивиденти. Кога купувате акција, вие станувате сопственик на хартија од вредност и со тоа добивате одредени финансиски права и одговорности, како и право на дел од профитот, дивидендa, a со купување на удели во инвестициски фонд, Вие индиректно вложувате во голем број акции односно учествувате во имотот на компаниите што се дел од портфолиото на фондот.

Доколку сте во процес на размислување, главната одлука која треба да ја донесете е во кој инвестициски фонд би сакале да ги вложите вашите средства и како да создадете оптимален баланс за максимален ефект. Од таа одлука, директно ќе зависат профитабилноста и ризикот на инвестицијата.

https://www.instagram.com/p/DXRQZKPEaNK/?img_index=1

Финансиската култура и навиките во Македонија покажуваат дека дополнителните приходи луѓето најчесто ги остваруваат преку кирија, т.е од наследен имот кој потоа носи дополнителни 300-400 евра месечно. Со оглед на тоа што во некои делови од Скопје, становите достигнуваат и продажна цена од 3000 еур м2, се поставува прашањето дали недвижностите се сè уште рентабилни и добра инвестиција? Колку реално еден млад човек во Македонија, со приход од просечна плата може да купи имот без да се задолжи во наредните 30-40 години ? Но, и колку рационално ги троши средствата од киријата кои пристигнуваат на неговата сметка секој месец?

“Вложувањето во инвестициски фонд подразбира здружување на средствата на инвеститорот со капиталот на многу други учесници во заедничко портфолио. Со овие средства управуваат професионални портфолио менаџери, кои ги пласираат во акции согласно јасно дефинирана инвестициска стратегија на акциски инвестициски фонд. Инвеститорот добива удели во фондот чија вредност се менува во зависност од перформансите на портфолиото. Ваквиот пристап овозможува диверзификација, односно намалување на ризикот преку распределба на вложувањата”, велат од ВФП Фонд Менаџмент.

„На овој начин, се нуди професионално управување, транспарентност и можност за долгорочен раст дури и со помали поединечни вложувања. Портфолио менаџерите на ВФП Фонд Менаџмент креираат стратегија која го штити вашиот капитал и истовремено отвора нови можности, го намалува ризикот и го зголемува потенцијалот за раст.”, додаваат од ВФП Фонд Менаџмент.

Во професионалниот однос меѓу агентот и клиентот, довербата се гради преку транспарентност, експертиза и конзистентност. Транспарентноста обезбедува сигурност, бидејќи клиентот јасно знае каде се инвестира неговиот капитал, кои се трошоците, ризиците и можните пазарни сценарија. Експертизата, заснована на економски анализи и модели, ја потврдува професионалноста и кредибилитетот на инвестицискиот фонд. Кога инвестирате редовно и останувате доследни на својот план, чекор по чекор го градите патот кон долгорочен раст, финансиска независност и сигурност што трае. Мудро донесените чекори денес се темелот на стабилната финансиска иднина што ја посакувате.

Бизнис

Совети за инвестирање во фондови за почетници: Како да ја зголемите вредноста на вашите средства?

Објавено

на

Идејата да се инвестира дел од личната заштеда навидум може да делува застрашувачки, но тоа е важен чекор кон создавањето на сопствен капитал и стабилна финансиска независност. Притоа, воопшто не е тешко да се започне, доколку имате конкретен план, соодветна поддршка и инвестициски експерт на ваша страна.

Пред да направите било што важно е да одлучите колку пари би сакале да инвестирате и да се осигурате дека тие нема да ви требаат во следниот период додека трае процесот на инвестирање. Во зависност од тоа дали одбраната сума е повисока или пониска, ќе одберете инвестиција која вам ви одговара и која е соодветна на вашиот буџет.

Откако ќе знаете колку сакате да инвестирате, следното прашање е: Каде? Можете да се обидете самите да се едуцирате за моменталниот пазар, за потенцијалните индустрии и компании во кои можете да инвестирате – но доколку не се чувствувате подготвени и не сакате да ја ставите заштедата под голем ризик, тогаш можеби е подобро да побарате помош. Доколку ви е потребен професионален совет за вашата инвестиција, кој е базиран на знаење и на доверба, тогаш добро е да се консултирате со ВФП Фонд Менаџмент кои имаат тим на врвни аналитичари и овластени инвестициски советници подготвени да ви помогнат во секое време. Со нивното десетгодишно искуство на македонскиот пазар и деталното познавање на финансиските производи и фактори, инвестициските експерти од ВФП Фонд Менаџмент можат да ви дадат совет или пак да ве упатат кон правилната одлука за вашата иднина.

До пред неколку години можеби луѓето не беа доволно информирани за опциите кои ги отвораат инвестициските фондови, па често се поставуваше прашањето каде завршуваат парите на оној кој инвестира? ВФП Фонд Менаџмент работат доверливо и транспарентно, за што се доказ и илјадниците задоволни клиенти низ изминатава деценија.

Откако ќе се собере одредена сума на пари, фондовите со тие пари почнуваат да купуваат најразлични хартии од вредност зависно од преференциите на клиентот. За инвеститори со долгорочен фокус – ВФП Премиум акции е фонд со потенцијал за раст. Доколку на сигурноста и давате предност тука е Фондот ВФП Бонд кој е првенствено наменет за инвеститори што не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик и кои на среден рок сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства.

Задачата на инвестицискиот агент е да ви ги понуди и објасни сите расположливи опции. За најголема успешност, но и за контрола над ризикот на инвестицијата, секогаш е препорачливо да го диверзифицирате вашето портфолио. Бидете мудри со своите пари, бидејќи тоа ќе ви даде силна шанса да ја удвоите или умножите вашата инвестиција.

Последно, но не и помалку важно, е да ја визуелизирате целта која сакате да ја постигнете. Сите успешни инвеститори си поставуваат цели за кои ќе инвестираат и прават прецизен план за секоја цел колку ќе инвестираат месечно, а потоа инвестираат во соодветниот инвестициски фонд според тој план без големи отстапки.

Продолжи со читање

Совети

УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата

Објавено

на

Управата за јавни приходи подготви видео упатство за пристап до е-даночните услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата, со цел граѓаните полесно и побрзо да ги користат електронските услуги.

Во видеото, чекор по чекор е објаснето како корисниците да пристапат до системот за е-даночни услуги, како да ја проверат својата годишна даночна пријава, како да направат корекција доколку е потребно, како и како навремено да ја потврдат ДЛД-ГДП пријавата.

Од УЈП потсетуваат дека рокот за потврда или корекција на пријавата е до 31 мај 2026 година.

Надлежните апелираат граѓаните навремено да ја проверат состојбата на своите пријави и доколку има потреба да извршат корекција пред истекот на рокот.

Продолжи со читање

Продукти

КБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина

Објавено

на

Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, познато како Трет пензиски столб, овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства, со цел обезбедување повисоки приходи по пензионирањето.

Овој модел на осигурување функционира независно од државниот пензиски систем и е наменет за вработени лица, долгорочно невработени, лица ангажирани на проекти или во странски мисии, како и за лица кои немаат приходи по ниедна основа. Во системот можат да се вклучат и трети лица, како брачни другари и членови на семејството.

Според условите, право на членство имаат сите лица на возраст од 15 до 70 години кои немаат остварено право на пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување и не користат средства од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

Доброволното пензиско осигурување овозможува и колективно осигурување преку професионални пензиски шеми, во кои работодавците уплатуваат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или дел од своите вработени.

Системот се темели на акумулација и капитализација на средствата на индивидуалните или професионалните сметки, при што средствата се инвестираат преку доброволните пензиски фондови. Висината на идните пензиски надоместоци зависи од износот и периодот на уплата, приносот од инвестициите и наплатените надоместоци.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange