Останато
Министерството за финансии организираше работилница за ex post контроли и финансиско управување
Секторот Академија за јавни финансии при Министерството за финансии реализираше дводневна работилница на тема „Ex post контрола“, посветена на контролите како дел од системот за финансиско управување и контрола (FMC/PIFC), со акцент на практичната примена на контролните механизми.
Работилницата се одржа на 13 мај во Скопје, во организација на Министерството за финансии и ИПА проектот „Поддршка за имплементација на Програмата за реформа на јавните финансии 2024–2027“.
На настанот учествуваа претставници од институции од централно и локално ниво, кои преку дискусии и размена на искуства имаа можност дополнително да ги унапредат своите знаења во областа на финансиското управување и контролата.
Свои презентации и практични искуства споделија експертите Rodney Betorina и Davor Kozina, долгогодишни професионалци во оваа област.
Во рамки на работилницата беа обработени теми поврзани со видовите контроли, организацијата и спроведувањето на ex post контролите, улогата на финансиските и другите организациски единици во процесот на контрола, како и примери и искуства од Хрватска и Холандија.
Од Министерството за финансии посочуваат дека работилницата придонела за зајакнување на институционалните капацитети и поефикасно спроведување на контролните механизми во системот на јавни финансии.
Останато
Претставник од УЈП учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 во Скопје
Претставник од Управата за јавни приходи учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026, кој од 22 до 24 јуни се одржа во Скопје, во организација на Центарот за извонредност на финансиите и Министерството за финансии на Република Словенија.

На форумот се дискутираше за јакнење на институционалната отпорност, дигиталната трансформација, развојот на човечките ресурси и лидерството во јавниот сектор.
Посебен акцент беше ставен на градењето институции подготвени за промени, развојот на современи лидерски и дигитални компетенции, унапредувањето на управувањето со човечките ресурси, како и поттикнувањето култура на учење, соработка и иновации.

Од Управата за јавни приходи посочуваат дека преку учество на вакви меѓународни настани продолжуваат активно да ги следат современите практики и да придонесуваат кон унапредување на институционалните капацитети и јавната администрација.
Останато
Државата на 7 јули ќе понуди државни записи од 29,2 милиони евра
Министерството за финансии на Северна Македонија на 7 јули ќе понуди едногодишни државни записи во вкупна вредност од 1,8 милијарди денари, односно околу 29,2 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.
Државните записи ќе доспеат на 7 јули 2027 година, а каматната стапка изнесува 4,1 отсто, се наведува во известувањето за аукцијата.
Народната банка ќе ги продава државните хартии од вредност во име на Министерството за финансии, преку тендер со износи, при што цената и купонот се однапред утврдени, а примарните дилери конкурираат само со износи.
Според наведениот курс, едно евро изнесува 61,64 денари.
Останато
За вториот пензиски столб во Буџетот се предвидени 19,6 милијарди денари
За вториот пензиски столб во Буџетот за 2026 година се предвидени 19,6 милијарди денари, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека официјална одлука за пензиски реформи засега нема.
Таа посочи дека Владата не разговарала официјално за конкретни измени, но дека состојбите во пензискиот систем се анализираат. ММФ и Светска банка, како што рече, ќе изработат анализа за пензискиот фонд и ќе достават препораки, но тоа не значи дека тие автоматски ќе бидат прифатени од Владата.
„За 2026 година целиот износ што треба да се трансферира во вториот столб, од 19,6 милијарди денари, е планиран и предвиден во Буџетот“, изјави Димитриеска-Кочоска.
Министерката рече дека една од можните препораки би можела да биде зголемување на старосната граница за пензионирање, но нагласи дека Владата допрва ќе одлучува по добивањето на анализите. Според неа, еден од најголемите предизвици за пензискиот систем на долг рок ќе биде демографијата.
Димитриеска-Кочоска лично смета дека старосната граница за пензионирање не треба задолжително да се зголемува, туку треба да се остави можност за избор.
„Треба да останат годините и да се даде можност кој сака да продолжи. Секој треба сам да одлучи што ќе прави понатаму“, истакна министерката.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Банкипред 1 месецНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
