Осигурување
Волшебен ден со ВИНКО и Винер Лајф во Градски парк
Во сабота, на 11 октомври, од 11:00 до 13:00 часот, Градски парк – Школка ќе биде исполнет со детска смеа, игра и позитивна енергија. Таму ќе се одржи семејниот настан „Волшебен ден со ВИНКО и Винер Лајф“, наменет за најмладите и нивните семејства.
Преку интерактивни активности, игри и анимации, децата ќе имаат можност да се забавуваат, да создадат нови пријателства и да уживаат во магично утро на отворено. Настанот е бесплатен и отворен за сите посетители кои сакаат да поминат квалитетно време во семејна атмосфера.
Со овој настан, Винер Лајф Осигурување ја потврдува својата посветеност кон семејните вредности и зајакнување на врската со заедницата преку позитивни и едукативни иницијативи за најмладите.
Осигурување
КЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди постоење на картелско однесување меѓу десет осигурителни компании на пазарот на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (АО).
Според КЗК, во усогласеното однесување учествувале: Евроинс Осигурување, Триглав Осигурување, Македонија – Виена Иншуренс Груп, Сава Осигурување, Еуролинк, Граве, Уника, Осигурителна Полиса, Халк Осигурување и Кроација Осигурување.
Во постапката било утврдено дека компаниите во периодот од 1 март до 7 мај 2024 година разменувале чувствителни информации, координирале активности и речиси истовремено донеле идентични одлуки за зголемување на режискиот додаток, односно делот од премијата што се однесува на вршење на дејност.
КЗК оценува дека ваквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата „по своја цел“, што е најтешка форма на повреда согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Со размената на информации и паралелното носење ценовни одлуки, независната деловна политика била заменета со колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането.
Врз основа на утврдените факти, КЗК изрече прекршочни санкции во вкупен износ од околу 280.000 евра. Ова значи дека секоја од десетте осигурителни компании би платила просечно по околу 28.000 евра казна.
Од Комисијата нагласуваат дека остануваат посветени на заштита на фер пазарни услови, спречување на картели и обезбедување конкурентна средина во интерес на потрошувачите и стопанството.
Осигурување
Флекс брокер: Една година сигурност, доверба и најбрз раст на осигурителниот пазар
Осигурителното брокерско друштво Флекс брокер, дел од групацијата Флекс, одбележува една година од своето формирање – година исполнета со забрзан раст, силно присуство на терен и надминување на сите почетни проекции.

Иако компанијата беше основана во една од најтурбулентните години за осигурителниот сектор, период во кој довербата во брокерските друштва беше значително нарушена, Флекс брокер успеа да стане препознатлив избор за над 15.000 клиенти, со реализирани над 80 милиони денари премија, што ја позиционира компанијата како најбрзорастечко брокерско друштво во државата.

Во изминатите 12 месеци компанијата го зголемуваше своето присуство на пазарот формирајќи мрежа од над 110 продажни локации низ Македонија, ја зајакна соработката со сите водечки осигурителни компании, креираше пакет-понуди за автомобилско, домаќинско, патничко и приватно здравствено осигурување и го прошири тимот кој денес брои 27 вработени.
Тимот на Флекс брокер е поддржан од партнерската структура на групацијата Флекс, која покрај финансиското друштво Флекс кредит, ги вклучува и брендот Земи пари и Националната агенција за наплата – НАН.
Бизнис
Flex Broker: Стратешкиот мост меѓу клиентите и современите осигурителни решенија
По повод Денот на осигурувањето и 16 години од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), осигурителната индустрија во земјава ја потврди својата зрелост, стабилност и важна улога во креирање сигурна економска иднина. Меѓу учесниците кои го одбележаа овој значаен настан, своето прво официјално присуство го имаше и новото брокерско друштво Flex Broker, претставувано од Александар Атески.
„Горд сум што учествував на прославата на 16 години постоење на АСО и Денот на осигурувањето, настан кој го одбележува растот, сигурноста и зрелоста на осигурителниот пазар во Македонија“, изјави Атески. „Ова беше прво мое учество како претставник на Flex Broker и вистинска чест е што како ново лиценцирано брокерско друштво имаме можност да бидеме дел од индустријата што создава стабилност, доверба и сигурност за граѓаните и бизнисите.“, додаде тој.
Flex Broker е дел од Flex Group и со своето портфолио на осигурителни услуги поставува високи стандарди на пазарот. Од компанијата велат дека нивната мисија е едноставна, но значајна:
- Да го направат осигурувањето подостапно;
- Да донесат ново ниво на услуга и професионализам;
- Да градат доверба со секој клиент со транспарентност, грижа и квалитетна поддршка.
„Со најголема дистрибутивна мрежа во земјата и тим кој верува во оваа мисија, сигурноста почнува со нас!“, потенцира Атески.
Flex Broker нуди широк спектар на осигурителни решенија, прилагодени на индивидуалните потреби на клиентите, од домаќинско осигурување, КАСКО и автоодговорност, преку патничко осигурување и зелен картон, до приватно здравствено осигурување. Компанијата работи како брокерско друштво кое со партнерства со водечки осигурителни компании ги обезбедува најсоодветните покритија на пазарот, со фокус на професионална поддршка, транспарентност и грижа кон клиентот.
Flex Broker ја гледа својата улога како мост меѓу клиентите и осигурителниот систем, партнер кој не само што продава полиси, туку создава долгорочни релации засновани на разбирање, етика и поддршка во клучни моменти. Со ваков пристап, компанијата се позиционира како свеж и иновативен играч на пазарот кој носи нова енергија и пристапност во сферата на осигурувањето, токму кога на пазарот му се потребни токму вакви решенија.
-
Осигурувањепред 2 месециДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит
-
Банкипред 2 месециСрпската банка што ја купува Стопанска банка а.д. Битола најави изградба на облакодер од 35 ката за свое ново седиште!?
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Кој е кој во финансискиот сектор во Македонија
-
Банкипред 2 месециКОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПРЕДУПРЕДУВА: Забележана е измамничка кампања со испраќање лажни СМС пораки за ажурирање сметка
-
Продуктипред 1 месецШтедливи и еколошки домови преку Зелениот финансиски инструмент, помош со поврат на 30 отсто од средства за заем за физички лица
-
Банкипред 2 месециХалкбанк започна со вршење SEPA трансфери во 40 земји членки како нов чекор кон европските стандарди и дигиталното банкарство







