Connect with us

Домашни банки

УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата од 9% на имателите на Перпетуални обврзници

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO.

Исплатата на камата ќе се изврши на 23.01.2023 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2023 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 18 и 20 Јануари 2023 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 181 и 183 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 23 и 24 Јануари ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 23 и 24 Јануари 2023 година, соодветно  и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.

Домашни банки

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

Објавено

на

Комерцијална банка е прогласена за Најпосакуван работодавач во 2023 година во категоријата Банкарство и финансии од страна на платформата Vrabotuvanje.com.

Банката е особено горда на оваа награда затоа што е признание за задоволството и успехот на вработените, кои се еден од нејзините најсилни и највредни ресурси.

Изборот е направен врз основа на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции во Банката, како и врз база на анкетите спроведени на веб-страницата на Vrabotuvanje.com за испитување на јавното мислење.

Д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, во име на целиот менаџмент на Банката изрази голема благодарност за доделената награда.

„Огромна благодарност и до сите вработени за нивниот придонес, посветеност и професионализам, со кои секојдневно излегуваат во пресрет на потребите на клиентите. Комерцијална банка е горда на КБ тимот и продолжуваме заедно понатаму кон нови успеси затоа што дефинитивно така е полесно“, истакна д-р Стевкова Штериева.

Признанијата за најдобрите работодавачи во земјава во 8 категории беа доделени вчера вечер на свечениот настан „Работодавач на годината”, организиран од страна на Vrabotuvanje.com.

Продолжи со читање

Домашни банки

Општина Центар започна со изградба нов плоштад во соработка со Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје 80 години создава трајни вредности за нашата заедница. Преку општествено одговорните активности Банката неуморно донира, спонзорира, но и активно делува за подобра животна средина, поголема инклузивност и мобилност.

Денес, во соработка со Општина Центар  го најавува почетокот на изведба на ново урбано катче, нов плоштад, за чии потреби веќе е ограден просторот на аголот од ул. „Михаил Цоков“ и ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало.

Модерната конструкција наречена „Урбан атрактор“ опфаќа површина од 56m2 за релаксација и одмор на граѓаните и ќе го збогати јавниот простор со платформа со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди.

Продолжи со читање

Домашни банки

КБ пакети – сѐ во едно за пониска цена и уште поголеми поволности

Објавено

на

Плати помалку, а добиј повеќе со КБ Стандард, КБ Плус или КБ Бонус и уживај во современото банкарство на Комерцијална банка.

Избери КБ пакет каков што најмногу ти одговара и добиј ефикасни, брзи и поевтини банкарски производи и услуги.

КБ пакетот го користиш секој ден, а го плаќаш еднаш месечно и тоа во симболичен износ.

КБ пакетите се вистинскиот избор за секој што има платежна сметка во денари и во девизи, користи мБанка и Интернет банка, поседува дебитни и кредитни картички, сака да плаќа со Google Pay и Garmin Pay или на рати без камата со дебитните картички, има потреба од дозволено пречекорување и, најважно од сѐ, сака да има целосна контрола на личните финансии.

Секој КБ пакет може да го активираш со едноставно пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка.

Доколку немаш сметка во Комерцијална банка, можеш да ја отвориш онлајн на лесен и брз начин со електронска идентификација преку OneID, а пакетот може да го активираш при подигање на дебитната картичка во избраната експозитура.

Дознај повеќе и избери го твојот омилен КБ пакет на следниот ЛИНК.

Продолжи со читање

Популарно