Connect with us
no baners

Банки

Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка

Објавено

на

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти, како чекор да обезбеди економска и финансиска стабилност во земјата, јави државната агенција АТА.

Надзорниот одбор на Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка на три од 2,75 проценти колку што изнесуваше. Ја зголеми и основната каматна стапка на еднодневните депозити на два од 1,75 проценти и еднодневен кредит во Централна банка на 4 од 3,75 проценти, изјави гувернерот Гент Сејко.

Ова движење, рече Сејко, доаѓа како мерка во “согласност со нашите досегашни комуникации и во согласност со последните движења на главните централни банки”.

„Идниот став на монетарната политика ќе се предводи од новите податоци, а особено од билансот на инфлаторните притисоци, одржливоста на економскиот раст и другите показатели за економско-финансиското здравје на земјата”, најавил гувернерот.

Посочил дека инфлацијата се намалила во првите два месеца од годинава, при што во јануари и февруари бележи соодветни вредности од 7,2 односнои 7,1 процент.

„Надолниот тренд на инфлацијата, почнат од ноември минатата година, беше во согласност со нашите очекувања. Сепак, нивото на инфлација во првите два месеца од годината беше над очекуваното”, нагласил гувернерот.

Од перспектива на потрошувачката кошничка, оценува тој, падот на инфлацијата бил диктиран од побавниот годишен раст на цените на нафтата и храната, во согласност со движењата забележани на меѓународниот пазар.

no baners

Банки

Златници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство

Објавено

на

Подарокот златник носи многу повеќе од материјална вредност – тој претставува симбол на грижа, стабилност и долгорочна инвестиција. Токму со оваа идеја, Комерцијална банка во својата понуда ги вклучи јубилејните златници, наменети како внимателно избран подарок за најблиските, но и како сигурно вложување во иднината.

Во услови на зголемена неизвесност на финансиските пазари, златото традиционално останува еден од најстабилните облици на заштита на вредноста. Јубилејните златници нудат можност за промислено вложување, комбинирајќи финансиска сигурност, емоционална вредност и долгорочна стабилност.

Без разлика дали станува збор за инвестициска одлука, подарок за значаен животен настан или создавање наследство за идните генерации, златниците претставуваат избор што носи трајна вредност и јасна порака за одговорно планирање.

Јубилејните златници може да се купат во експозитурата во Централата на Комерцијална банка, додека целосната понуда и дополнителните информации се достапни на официјалната веб-страница на Банката.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка исплаќа годишна камата на имателите на корпоративни обврзници од втората емисија

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје најави редовна исплата на главницата и годишната камата на имателите на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2.

Исплатата ќе се реализира на 16 февруари 2026 година, при што каматата се пресметува по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво.

Право на исплата ќе имаат сите иматели на обврзницата кои се регистрирани во книгата на иматели во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13 февруари 2026 година.

Со навремената исплата на обврските, ТТК Банка ја потврдува својата финансиска стабилност и посветеност кон инвеститорите, обезбедувајќи сигурен и предвидлив принос за имателите на нејзините хартии од вредност.

Продолжи со читање

Банки

Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани современ медицински апарат за ментална рехабилитација

Објавено

на

Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, вчера реализираше значајна донација на современ медицински апарат за длабока транскранијална магнетна стимулација (Deep TMS) на ЈЗУ Општа болница Кочани. Овој апарат ќе биде ставен во функција на рехабилитација и унапредување на менталното здравје и благосостојбата на сите лица кои беа директно и индиректно афектирани од трагичниот пожар во Кочани.

Длабоката транскранијална магнетна стимулација претставува клинички докажан, неинвазивен третман, кој преку современи методи на невростимулација придонесува за подобрување на менталното здравје, психолошката стабилност и општата благосостојба на пациентите. Апаратот ќе биде наменет не само за повредените во несреќата, туку и за сите лица кои секојдневно се соочуваат со последиците од траумата – членови на семејствата, блиски лица и пошироката заедница. Со него ќе управува стручен и обучен медицински кадар согласно медицинските индикации и стручните протоколи на здравствената установа.

Оваа донација е дел од пошироката мисија на Фондацијата „Заедно за едно“ – да обезбеди одржлива, навремена и суштинска поддршка за поединците и заедниците погодени од оваа трагедија. Фондацијата верува дека заздравувањето не завршува со физичката рехабилитација, туку подразбира и долгорочна грижа за менталното здравје, достоинството и квалитетот на живот.

Со јасна визија за континуирана поддршка, Фондацијата „Заедно за едно“ ќе продолжи и во наредниот период со нови активности и иницијативи, чија единствена цел е целосно заздравување на повредените и поддршка на сите оние кои и понатаму живеат со последиците од овој немил настан.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange