Берза
Криптопазарот и европските берзи во раст по сигналите за намалување на тензиите на Блискиот Исток
Пазарот на криптовалути денес бележи значителен раст, откако инвеститорите позитивно реагираа на сигналите за можно намалување на тензиите на Блискиот Исток, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за пауза во нападите врз Иран.
Најголемата криптовалута, Биткоин достигна цена од 71.477 долари, што претставува раст од 3,75 проценти. Силен раст бележи и Етериум, кој се искачи на 2.182 долари, со раст од 4,77 проценти.
Позитивниот тренд го следат и останатите водечки криптовалути. „XRP“ порасна за 4,13%, „BNB“ забележа раст од 2,53%, додека „Solana“ е меѓу најуспешните со раст од 4,96%. Стабилните монети како „Tether“ и „USD Coin“ остануваат речиси непроменети околу нивото од 1 долар.
Позитивно реагираа и европските берзи. Водечките индекси се во пораст, поттикнати од стабилизацијата на енергетските цени и подобреното расположение кај инвеститорите.
Британскиот индекс „FTSE 100“ порасна за 0,86% на 10.003,59 поени, додека францускиот „CAC 40“ се искачи за 2,12% на 7.828,24 поени. Германскиот „DAX“ бележи раст од 2,60% и достигна 22.978,67 поени, а паневропскиот индекс „Euro Stoxx 50“ се зголеми за 2,75% на 5.652,55 поени.
Раст бележат и останатите европски пазари, при што холандскиот „AEX“ е повисок за 1,97%, шпанскиот берзански индекс „IBEX 35“ за 2,32%, додека швајцарскиот „SMI“ бележи умерен раст од 1,12%.
Пазарите во моментов внимателно ги следат геополитичките случувања, бидејќи секое намалување на тензиите на Блискиот Исток може дополнително да го поттикне оптимизмот кај инвеститорите на глобалните финансиски пазари.
Банки
„Фич“: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот
„Кредибилните и конзистентни макроекономски политики се поддршка за стабилноста на девизниот курс на денарот и се фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја“. Ова се посочува во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“.
Во извештајот се посочува дека измените што ги направи Народната банка во декември минатата година, во однос на промената на монетарната рамка, ќе придонесат за поефикасно пренесување на монетарните сигнали.
Во извештајот на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ се наведува дека девизните резерви, во јануари 2026 година, се зголемиле за речиси 14% на месечно ниво и се доволни за да покријат околу 5,1 месец од обврските за плаќања кон странство. „Фич“ оценува дека нивото на девизните резерви е соодветно за одржување на стабилноста на домашната валута.
Агенцијата посочува дека инфлацијата покажа тренд на намалување на почетокот на 2026 година. За наредниот период се очекува дека таа ќе се задржи на умерено ниво, со привремено благо зголемување под влијание на светските фактори, а потоа повторно ќе се стабилизира во 2027 година, како резултат на кредибилните и конзистентни макроекономски политики.
Анализи
Еврото и доларот под притисок: отпорот го кочи закрепнувањето на еврото
Парот евро-долар (EUR/USD) бележи ограничени добивки во текот на последните интрадневни тргувања, но и понатаму се соочува со силен надолен притисок, покажува најновата анализа на Economies.com.
И покрај обидите за раст, движењето на курсот се судри со силен отпор на нивото на експоненцијалниот подвижен просек (EMA50), што ја ограничи можноста за позначајно закрепнување. Индикаторите за релативна сила укажуваат дека пазарот претходно бил препродаден, но негативниот моментум и натаму доминира и ја насочува цената надолу.
Дополнително, ситуацијата е усложнета од фактот што краткорочниот растечки тренд сè уште е присутен, при што курсот се движи долж поддржувачка тренд линија. Тоа значи дека евентуалното нагорно движење ќе зависи од јасно и одлучно пробивање на тековните нивоа на отпор.
Во вакви услови, аналитичарите предупредуваат дека без силен пробив, EUR/USD може да остане под притисок и да продолжи со ограничено и нестабилно движење.
Берза
На Македонската берза пуштени во тргување државни обврзници во вредност од 19 милиони евра
Македонска берза соопшти дека во тргување се примени две емисии на 15-годишни државни обврзници, со вкупна вредност од 1,19 милијарди денари, односно околу 19,3 милиони евра.
Едната емисија се однесува на обврзници без девизна клаузула, во износ од 949,15 милиони денари, со фиксна каматна стапка од 5,10 проценти.
Втората емисија опфаќа хартии од вредност во вредност од 245,31 милиони денари, со девизна клаузула и фиксна каматна стапка од 4,85 проценти.
Тргувањето со овие државни обврзници на Македонската берза започнува од 31 март.
-
Банкипред 2 месециЗлатници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство
-
Анализипред 2 месециПросечната плата во Македонија близу 47.000 денари – раст од 7,6% на годишно ниво
-
Интервјуапред 1 месецПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 1 месецКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Бизниспред 2 месециМакедонија добива уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Митровски: Експлозија на побарувачка за станови од 35 до 60 м² во Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје


