Connect with us
no baners

Продукти

Групацијата Иуте го лансираше Iute Affinity – за целосно дигитални осигурителни решенија

Објавено

на

Естонската групација Иуте, дигитална банкарска група која оперира во Југоисточна Европа, официјално го објави основањето на Iute Affinity, нова групациска подружница посветена на целосно дигиталниосигурителни решенија и оперативна поддршка. Со овој чекор, Иуте дополнително ја зајакнува својата стратегија за интегрирање на осигурувањето како клучен дел од дигиталното банкарско искуство.

За Извршен директор на Iute Affinity е назначена Алма Рибановиќ, искусен професионалец со повеќе од 20 години работа во банкарство, осигурување и развој на стратешки партнерства, со посебен фокус на вграденитеосигурителни решенија.

Според Алар Нинепу – Групациски комерцијален директор и ко-основач на групацијата, создавањето на Iute Affinity овозможува осигурувањето да стане составен дел од услугите и постоечкиот екосистем на Иуте.

Со Iute Affinity, осигурувањето повеќе нема да биде одвоен производ, туку природен дел од дигиталното искуство во MyIute супер-апликацијата. Преку директни партнерства со водечки глобални осигурители како Allianz Partners, SIGAL и MediGuide, ќе обезбедиме целосно дигитални и персонализирани решенија не само занашите клиенти, туку и за клиентите на нашите партнери,“ изјави Нинепу.

Iute Affinity нема да дејствува како осигурител, туку како платформа која го вградува осигурувањето директно во екосистемот на Iute. Ова значи дека корисниците ќе можат да добијат здравствено, имотно и друго осигурување без потреба од комуникација со надворешни провајдери, додека процесите за пријава на штети и поддршка ќе се одвиваат во рамките екосистемот и платформите на Иуте, што ќе резултира во подобро и побрзо решавање на штети, поплаки и прашања од клиентите, појасна комуникација, конзистентност и поголема доверба во брендот. 

Луѓето не го доживуваат осигурувањето како самостоен производ, туку во  контекст на секојдневните моменти – плаќање, патување или купување, и едноставно очекуваат целиот процес да функционира непречено, во реално време и без стрес. Визијата на Iute Affinity еосигурувањето да стане природен дел од тие моменти, вградено во дигиталното корисничко патување” посочи Рибановиќ.

Во првата фаза, Iute Affinity ќе ги поддржува постоечките пазари на групацијата и ќе соработува со меѓународни осигурителни компании за унапредување на дигиталното преземање ризик, автоматизацијата на штети, превенцијата од измами и аналитиката на податоци.

Долгорочната визија на Iute Affinity е да стане водечка платформа за осигурителни решенија која ќе ги поддржува не само групациските активности и корисници, туку и платформи, даватели на услуги, производители, онлајн трговци и други играчи кои сакаат да вградат осигурување во сопствените кориснички патувања. 

Iute Affinity како прв и водечки производ во својата стратегија, ќе лансира патничко осигурување со дополнителни здравствени услуги преку претплата, како и ново осигурување за заштита на плаќањата за клиентите на Iute во Молдавија и Бугарија.

Продукти

Нулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година

Објавено

на

Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во земјава за период 2026–2030 година, со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во користењето на националните и европските јавни средства.

Стратегијата е подготвена во рамки на обврските од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), во Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое ги опфаќа јавната внатрешна финансиска контрола, надворешната ревизија, заштитата на финансиските интереси на ЕУ и заштитата на еврото од фалсификување.

Документот е изработен од АФКОС-одделението при Министерството за финансии, во соработка со институциите од АФКОС-мрежата, органите задолжени за управување со средствата од Европската Унија и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Стратегијата предвидува мерки за поефикасна превенција, навремено откривање, истрага и санкционирање на неправилности и измами, како и подобрување на механизмите за поврат на неправилно искористени средства. Дополнително, се очекува зајакнување на институционалните капацитети и воведување поефективни алатки за спречување финансиски злоупотреби.

Документот го промовира принципот на „нулта толеранција за измама“ при користењето на европските фондови и претставува продолжување на реформските активности започнати со првата Национална стратегија за борба против измами, усвоена во 2019 година.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивна каматна стапка од 4,9 отсто за сите купувања направени со Mastercard Platinum кредитната картичка до крајот на годината.

Картичката е наменета за корисници кои, покрај можноста за плаќање на кредит, бараат и дополнителни поволности при патување.

Меѓу придобивките се бесплатен пристап до повеќе од 1.800 аеродромски деловни салони преку програмата LoungeKey, како и можност за користење дополнителни поволности преку Mastercard Travel Rewards.

Барање за картичката може да се поднесе онлајн преку интернет-страницата на банката, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Продукти

Иднината на банкарството е во доброто корисничко искуство

Објавено

на

Дигиталната трансформација на банкарството им овозможи на клиентите да користат банкарски производи и услуги преку mBanking апликација, инстант плаќања, онлајн отворање сметка или аплицирање за кредит, без одење во филијала. За да се постигне брзо и едноставно корисничко искуство, приспособено на современиот корисник, зад секој навидум едноставен „клик“ стојат сложени процесни системи, креирани врз основа на напредни технологии и целосно усогласени со регулативата.

Пример за тоа е и соработката меѓу AikBank, која е дел од регионалната банкарска групација AikGroup, и ASEE, еден од водечките технолошки партнери на финансискиот сектор во регионот. Со заедничка работа на развојот на дигитални банкарски услуги, овие две компании покажуваат како успешната трансформација на корисничкото искуство изгледа во практика, а како дел од заедничката соработка неодамна беше лансирано дигитално отворање сметка, со што на клиентите им е овозможено кој било од пакетите сметки да го отворат целосно онлајн.

Во време кога корисниците на дигитални услуги очекуваат едноставност, брзина и практичност, напредните дигитални услуги стануваат значаен фактор за конкурентноста на банките.

Корисниците денес очекуваат дигиталното банкарско искуство да биде подеднакво едноставно како користењето на која било платформа, од стриминг сервиси до апликации за купување или превоз. Финансискиот сектор мора да најде начин да одговори на тие пазарни очекувања во поглед на практичноста“, истакнува Маја Микиќ, членка на Извршниот одбор за операции и технологии во AikBank.

Кога се креираат решенија, најважната задача е да се најде начин тие во целост да бидат приспособени на очекувањата на корисниците, а истовремено да ги исполнуваат регулаторните барања. На клиентите им е потребно едноставно корисничко искуство, при кое сите процеси во позадина, од идентификација на корисникот и сите безбедносни проверки, функционираат незабележливо и во рок од неколку секунди. Како што сè повеќе банкарски услуги се дигитализираат, технолошките решенија мора да бидат сè понапредни за целиот процес да функционира непречено.

Затоа во последните години се менува и улогата на технолошките партнери во финансиската индустрија. На банките денес не им се потребни само добавувачи на софтверски решенија, туку партнери кои го разбираат функционирањето на финансискиот сектор, регулаторната рамка и промените низ кои поминува банкарската индустрија. Фокусот се помести од поединечни, изолирани проекти кон долгорочни партнерства што ја поддржуваат трансформацијата на работењето, интегрираат различни системи и овозможуваат развојот на нови производи да ја следи динамиката на пазарот.

Преку разбирање на банкарските процеси, регулативата и технологијата, ASEE развива решенија што им овозможуваат на банките дигитално отворање сметки, поднесување барања и договарање банкарски производи и услуги. Таквиот пристап подразбира максимално поедноставување на процесите на дигиталните канали за крајните корисници, без разлика дали станува збор за физички или правни лица. Тоа се постигнува преку автоматизација на собирањето, обработката и проверката на податоците, како и преку поддршка во одлучувањето со напредни дигитални платформи што се интегрираат со постојните системи и поширокиот екосистем на финансиската институција. На тој начин банките можат побрзо да развиваат и воведуваат нови производи и услуги, со пократко време потребно за нивно излегување на пазарот и во согласност со деловните планови, регулаторните барања и очекувањата на корисниците.

На овој начин ASEE учествува во трансформацијата на финансиските институции низ целиот регион, не само преку примена на технологија, туку и преку поддршка на развојот на корисничко искуство што одговара на новите очекувања на пазарот. Технолошката модернизација така не се гледа како збир на поединечни проекти, туку како континуиран процес на унапредување на корисничкото искуство и долгорочен развој на банкарските услуги.

Додека од агол на корисникот процесот на отворање сметка изгледа едноставно и брзо – сè се завршува преку мобилен телефон, за околу 15 минути и без ниту една посета на филијала – зад него во реално време се одвива цела низа технолошки и регулаторни процедури. На тој начин на корисниците им е овозможено да отворат сметка тогаш кога им одговара и каде и да се наоѓаат, без компромис кога станува збор за безбедноста.

Отворањето сметка онлајн сè уште е елемент на диференцијација на пазарот, но во блиска иднина тоа ќе стане нешто што се очекува од банките“, истакнува Маја Микиќ. „Клиентите се во толкава мера опкружени со технологии што очекуваат исто ниво на удобност, практичност и брзина и од банката, и од стриминг сервисот, и од онлајн трговецот. Затоа наш приоритет при креирањето на процесот за онлајн отворање сметка беше да им обезбедиме на клиентите едноставно искуство, со минимален број потребни чекори, без пречки и со дополнителни поволности што ќе ги охрабрат да ги испробаат предностите на современите дигитални технологии.

Трендовите на пазарот покажуваат дека интересот за ваков пристап кон банкарските услуги продолжува да расте меѓу различни генерации корисници, со што дополнително се потврдува дека дигиталното банкарство одамна не е привилегија на помладите или технолошки понапредните клиенти, туку стандард што го прифаќа сè поширок круг корисници.

Во наредните години врската меѓу банкарството и технологијата дополнително ќе се продлабочува. Развојот на вештачката интелигенција, напредната аналитика и персонализираните финансиски услуги дополнително ќе ги зголемува очекувањата на корисниците, додека регулаторните барања и безбедносните стандарди ќе стануваат сè посложени. Во такво опкружување, конкурентска предност ќе имаат банките што ќе успеат да развијат едноставно и интуитивно корисничко искуство, засновано на сигурни дигитални процеси, безбедна обработка на податоци и доверба како највредна валута на банкарството.

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange