Connect with us

Банки

НЛБ Банка го претставува „NLB Next“ – Пакет за млади што ги следи нивната амбиција и независност

Објавено

на

Секој „следен“ чекор во животот носи возбуда – прва голема одлука, прва плата, втор дејт – прва девојка, нова работа. И секој „следен“ чекор значи нешто повеќе – возбуда, чувство на раст, на слобода, на сопствен пат. За младата генерација, овие моменти се доказ за напредок. И токму тука започнува приказната за „NLB Next“.

Во време кога Генерацијата Z активно чекори кон независност, нивните очекувања од финансиските институции го надминуваат концептот на банка – тие очекуваат сопатник кој ја следи нивната слобода, флексибилност, нивниот свет на можности.

Препознавајќи го ова, НЛБ Банка го воведува „NLB Next“ – пакет наменет за млади, кој ја редефинира улогата на банкарството во нивниот живот – од функционална услуга, до партнер што ги поддржува амбициите, моментите и личниот напредок на новите генерации.

Стефан Тодоров (19 год), македонски пливач

„NLB Next“ е многу повеќе од пакет за млади – тој е платформа што ги препознава и поддржува нивните „следни“ чекори, овозможувајќи им дигитално банкарско искуство преку мобилен телефон.

„NLB Next“ е „mobile first“ искуство, бесплатен пакет наменет за сите млади на возраст од 18 до 25 години. Во себе вклучува: онлајн отворање и бесплатно одржување на денарска платежна сметка, мКлик мобилна апликација со право на плаќање, MasterCard дебитна – дигитална картичка веднаш и мобилен паричник преку NLB Pay апликацијата.

„Генерацијата Z живее во постојан „следен“ режим – следен испит, следна работа, следно патување, следно лично надградување. Името „NLB Next“ симболизира амбиција, движење и континуиран развој – глобално разбирливо и вклопено во нивниот јазик и динамика. Концептот зад „NLB Next“ комбинира емоционални животни моменти со јасни и конкретни придобивки од дигиталните услуги. Со тоа, дигиталната трансформација ја правиме културно релевантна и блиска до младите“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

Меѓу другото, предностите на пакетот се и: студентски поволности од типот на бесплатни е-налози кон факултети, специјални попусти и привилегии кај трговци преку NLB Next Клуб за млади, а она што дефинитивно го прави овој пакет поразличен е секоја „следна“ придобивка – секој месец нешто повеќе, пристап до поволности и услуги прилагодени на нивните потреби, со што пакетот е секогаш свеж и возбудлив за младите.

„NLB Next ја следи индивидуалноста и животната слобода на младите. На оние кои го сакаат светот на музиката, на оние кои ја наоѓаат возбудата во спортот, гејмерите, скејтерите, оние кои истражуваат нови начини на учење… NLB Next е твој момент, твој ритам.“ – заклучуваат од НЛБ Банка.

Отворање на пакетот за млади „NLB Next“ се врши лично во експозитурите на НЛБ Банка, со документ за идентификација – лична карта или пасош.

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange