Останато
Стапката на инфлација во Аргентина се искачи на повеќе од 100 проценти
Стапката на инфлација во Аргентина изнесува повеќе од 100 проценти, што се случи за првпат по хиперинфлацијата во оваа земја во текот на 90-тите. Аргентина банкротираше во 2001 година.
Како што соопшти статистичката агенција на оваа земја, стапката на инфлација е 102,5 проценти, што значи дека цените на стоките и услугите се двојно повисоки во однос на претходната година. Аргентина со години има економски проблеми, поради што поголемиот дел од населението живее во сиромаштија. Надлежните се обидуваат да го запрат растот на цените со нивно ограничување.
Сепак, драстично се зголемуваат цените на храната и пијалаците – во февруари поскапеле за 9,8 проценти во однос на претходниот месец. Аргентинските медиуми објавија дека цената на месото пораснала за речиси 20% за еден месец. Весникот Амбито објави дека неповолните временски услови, продолжениот топлотен бран и сушата сериозно се одразиле врз сточарството и земјоделството.
Во оваа земја одамна се чувствува висока инфлација. Во септември минатата година имаше протести со барање да се ограничи растот на цените. Централната банка соопшти дека ќе биде издадена банкнота во нови апоени – 2.000 пезоси (околу 105 долари), што е одговор на поскапувањата.
Владата долго време се обидува да ја ублажи инфлацијата, но политичките поделби ја загрозуваат економијата. Минатото лето за еден месец беа сменети тројца министри за економија.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и додели на оваа земја уште шест милијарди долари за спас на економијата. Тоа беше последната исплата во 30-месечната програма за помош која на крајот треба да изнесува 44 милијарди долари, јавува “BBC”.
Останато
УЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега
Управата за јавни приходи (УЈП) започна процес на системска проверка на сите приливи од странство што ги оствариле физичките лица во периодот од 2020 година до денес.
Информацијата ја потврдуваат и даночни советници, кои велат дека по објавите во медиумите и директната комуникација со граѓани, УЈП веќе испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство.
Според објавеното, контролата има за цел да утврди дали граѓаните кои во изминатите години оствариле приход од странство навистина го пријавиле тој приход и поднеле пресметка до УЈП, како и дали соодветно го платиле овој данок.
Од УЈП веќе се испраќаат решенија за наплата на данок за непријавени приливи од 2020 година. Дел од граѓаните веќе добиле известувања дека им е утврден долг по основ на непријавен приход, а во следните денови се очекува засилена активност на институцијата.
Даночните советници најавуваат дополнителни објаснувања и упатства за тоа како точно треба да се пријават приходите од странство кои подлежат на оданочување со данок на личен доход, со цел граѓаните навремено да постапат и да избегнат казни и камати.
Останато
МФ: Граѓански обврзници може да се запишат во сите деловни банки во земјата
Граѓански обврзници од третата емисија, за која Министерството за финансии веќе го објави проспектот, може да се запишат во сите деловни банки во земјава.
Граѓаните што сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа можат да го направат во филијалите на банките ширум земјата.
Рокот за запишување обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.
Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, колку што е износот на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанските обврзници се со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка изнесува 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.
Останато
Започна исплатата на повратот од „Мој ДДВ“, средствата до крајот на ноември
Граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во наредните денови ќе ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки, информира Управата за јавни приходи (УЈП), по реакциите во јавноста дека исплатата за последниот квартал доцни.
Од УЈП информираат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени и одобрени, а исплатите ќе се реализираат етапно за да се избегнат технички оптоварувања, при што целиот процес ќе биде завршен најдоцна до крајот на ноември.
„Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за поврат на ДДВ и навремено ги имаат скенирано фискалните сметки ќе ги добијат средствата на своите сметки, без потреба од дополнителни постапки или пријави“, информираат од УЈП, апелирајќи граѓаните редовно да ги проверуваат податоците во апликацијата и точноста на внесените трансакциски сметки.
Исплатата доаѓа во пресрет на новогодишните празници и се очекува да придонесе за зголемена ликвидност кај домаќинствата и поинтензивна потрошувачка во последниот месец од годината.
Програмата „Мој ДДВ“ останува еден од клучните механизми за намалување на сивата економија и поттикнување на фискалната дисциплина, при што државата на граѓаните им враќа дел од платениот данок за пријавените фискални сметки, со што се стимулира користењето на безготовински плаќања и транспарентноста во прометот.
-
Осигурувањепред 2 месециДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Кој е кој во финансискиот сектор во Македонија
-
Продуктипред 1 месецШтедливи и еколошки домови преку Зелениот финансиски инструмент, помош со поврат на 30 отсто од средства за заем за физички лица
-
Банкипред 2 месециАлта Банка успешно го заврши преземањето на Стопанска Банка а.д. Битола
-
Банкипред 2 месециДенес е клучниот ден за Стопанска банка Битола – ќе успее ли Алта банка да влезе на македонскиот банкарски пазар?
-
Фондовипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Моќта на долгорочната инвестиција







