Connect with us

Банки

Средба на гувернерот Славески со директорот на ЕБОР, Желињски: Продлабочување на соработката за поддршка на одржливиот економски развој и финансиската вклученост

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја.

Во текот на разговорите беше истакната досегашната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР преку поддршката на одржливиот економски развој на земјата, при што посебно внимание им беше посветено на активностите насочени кон унапредување на финансиската вклученост и подобрување на пристапот до финансии за различни категории корисници, вклучително и жените претприемачи.

„Народната банка активно работи на унапредување на финансиската едукација и вклученост, како и на поддршка на женското претприемаштво преку Кодексот за финансирање жени претприемачи. Во наредниот период, активностите ќе бидат насочени кон проширување на коалицијата и подобрување на податоците“, истакна Славески.

Исто така, на средбата, беше разговарано и за подготвителните активности на Народната банка за ефикасно спроведување на Законот за решавање банки, којшто ќе почне да се применува во втората половина од оваа година. Во таа смисла, беше истакната подготвеноста на ЕБОР за обезбедување поддршка за Народната банка и за банкарскиот систем за ефикасна операционализација на овој закон, особено во однос на новите барања на банките за исполнување на т. н. минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски.

Гувернерот Славески ја истакна и поддршката што ЕБОР ја обезбедува за финансирањето обновливи извори на енергија во земјава, како придонес за јакнењето на енергетската сигурност во земјава.

На средбата беше потврдена заедничката подготвеност за понатамошно продлабочување на институционалната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР, особено во областите на дигиталната трансформација на финансискиот сектор, одржливото финансирање и зајакнувањето на отпорноста и стабилноста на финансискиот систем.

Банки

Халкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги повикува граѓаните да ја префрлат својата плата во банката и да ги искористат поволностите наменети за примателите на плата.

Од банката посочуваат дека понудата обезбедува поголема финансиска флексибилност, подобри услови и поедноставно извршување на секојдневните банкарски обврски.

Повеќе информации за условите и достапните поволности клиентите можат да добијат во најблиската филијала на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

ALTA Bank2GO овозможува брзо и сигурно мобилно банкарство

Објавено

на

АЛТА банка ја промовира мобилната апликација ALTA Bank2GO, наменета за полесно и побрзо извршување на секојдневните банкарски обврски.

Преку апликацијата, корисниците можат едноставно и сигурно да ги користат банкарските услуги директно од својот мобилен телефон, со што се заштедува време и се намалува потребата од посета на филијала.

Од банката информираат дека деталите за регистрација и активација на услугата се достапни преку нивните официјални комуникациски канали.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ги повика граѓаните да се пријават за трката на пет километри на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги повика граѓаните да се пријават за трката на пет километри, која ќе се одржи во рамки на Скопскиот маратон на 4 октомври.

Како златен спонзор на трката „Комерцијална банка 5 км“, од банката порачаа дека секогаш е вистинско време за нов личен предизвик и ги охрабрија учесниците навреме да ги започнат подготовките.

„Те каниме да се пријавиш бидејќи секогаш е полесно заедно до целта. Се гледаме на стартот“, објавија од Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange