Кариера
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
НЛБ Банка АД Скопје го проширува својот тим и ја отвора следната работна позиција за амбициозни и мотивирани професионалци:
Советник за корпоративни клиенти / Финансиски аналитичар
Корпоративни клиенти – Служба за мали и средни претпријатија
Улога во тимот:
- Промовирање, понуда и продажба на продукти и услуги на правни лица на постојни клиенти и аквизиција на нови клиенти;
- Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
- Воспоставување, посредување, уредување и проактивно негување и развој на контакти и деловни аранжмани со клиентите
- KYC активности (познавање на бизнис моделот, финансиските извештаи и показатели на клиентот);
- Управување со портфолио на клиентите;
- Следење и грижа за работењето на клиентите;
- Aнализа на финансиската состојба и оценка на кредитната способност на коминтентите;
- Подготовка, следење и изготвување на предлози за кредитни и некредитни продукти
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование;
- Претходно искуство во работа со клиенти (работа со правни лица, анализа на финансиски показатели)
- Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
- Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик, како и стручно/напредно користење на MS Office.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди, вклучително и ден за роденден;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд)
- Политика за наградување на високи перформанси и позитивен придонес кон тимот и организацијата
- Настани и активности за подобрување на благосостојбата на вработените
- Одбележување на значајни денови и фамилијарни настани
- Платено отсуство за татковство
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на: [email protected], најдоцна до 05.12.2025 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Банки
Шпаркасе Банка вработува специјалист за развој на процеси за население во Скопје
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Специјалист за развој на процеси за население, Служба за развој на процеси за население во Скопје.
Што ќе биде твојата улога?
- Дизајнирање на нови процеси и активно учество во развој, унапредувањe и оптимизација на процесите за работа со население – физички лица;
- Редовно следење на процесите и учество во изработка и ажурирање на интерни процедури и
инструкции за продажната мрежа; - Подготовка и спроведување на обуки поврзани со процесите за вработените во експозитурите;
- Учество во проекти, тестирање и имплементација на нови софтверски и дигитални решенија кои ќе го унапредат работењето на банката;
- Следење на законски и регулаторни измени, препораки од интерна ревизија и нивна имплементација во процесите;
Кои квалификации се потребни?
- Минимум ВСС;
- Познавање на процеси во финансиски институции и високо ниво на бизнис свесност;
- Одлични аналитички способности и способности за работа со алатки за моделирање (BPMN, flowcharts, task-tracking софтвери);
- Одлични организациски вештини, способност за одредување приоритети, тимска работа;
- Проактивност и иницијатива;
- Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
- Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
Кои ќе бидат твоите придобивки?
- Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse;
- Приватно здравствено осигурување;
- Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
- Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух;
- Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing).
Шпаркасе банка ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмона: [email protected] заклучно со 12.03.2026 година со назнака „Апликација
за Специјалист за развој на процеси за население“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината
Банки
Силк Роуд Банка вработува Full Stack Developer за работа на банкарски системи
Силк Роуд Банка објави оглас за вработување на Full Stack Developer со искуство во банкарски или финансиски системи, кој ќе работи на развој и унапредување на апликативни решенија и интеграции со core banking системи.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати кои сакаат да работат на реални продукциски системи, вклучувајќи интеграции, автоматизации, backend логика, API комуникации и оптимизација на бази на податоци.
Работната позиција опфаќа развој и одржување на веб и backend апликации, развој на интеграции со интерни и надворешни системи, како и оптимизација на SQL перформанси. Во описот на работните задачи се вклучени и анализа и решавање на продукциски инциденти.
Во текот на работата, избраниот кандидат ќе користи повеќе технологии, меѓу кои PHP за backend развој, SQL за комплексни барања и оптимизација, REST и SOAP веб-сервиси, како и HTML, CSS и JavaScript. Работата ќе вклучува и API интеграции и развој на апликации базирани на бази на податоци.
Повеќе информации за огласот и условите за аплицирање се достапни на веб-страницата на банката: https://www.srb.mk/Vrabotuvanje?id=43.
Кариера
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Соработник за односи со население, Сектор за Население/ Оддел мрежа на експозитури во Скопје/ Експозитура Сарај.
Што ќе биде твојата улога?
- Подготовка на понуда со целосна палета на продукти и услуги на Банката согласно потребите и можностите на клиентите;
- Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот, со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби;
- Преземање на мерки со цел искористување на потенцијалот на постојното портфолио, зголемување на бројот на производите кои ги користи клиентот (cross sell/ up-sell)
- Одговорност за реализација на зададените комерцијални цели согласно насоките на деловната политика на ниво на експозитура;
- Одговорност за одржување професионални и стабилни релации со клиентите вклучувајќи и советодавна улога и исклучителен квалитет на услуга.
Кои квалификации се потребни?
- Минимум ССС;
- Познавање на Албански Јазик ќе се смета за предност;
- Работно искуство во продажба и промоција на производи и услуги, остварување на таргети и работа со клиенти во банкарскиот или друг сектор/индустрија ќе се смета за предност;
- Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
- Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
- Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети, активна продажба, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и способност за работа под притисок.
Кои ќе бидат твоите придобивки?
- Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse;
- Приватно здравствено осигурување;
- Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
- Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, ангажманот, но и тимскот дух;
- Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing).
Шпаркасе банка ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмо на: [email protected] заклучно со 09.03.2026 година со назнака „Апликација за Соработник за односи со население – Скопје“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 1 месец„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски




